Економија
Берзата со промет од 11 милиони денари
Македонската берза на тргувањето во четврток оствари промет од 10.910.046,00 денари со 89 трансакции.
Македонската берза на тргувањето во четврток оствари промет од 10.910.046,00 денари со 89 трансакции. Индексот на 10 најликвидни акции МБИ10 порасна за 0.50 проценти или за 12,04 индексни поени и при тоа оствари вредност од 2.415,01 индексни поени, Индексот на јавно поседувани друштва МБИД забележа пад на својата вредност за 31,19 поени или 1,15 проценти и вредноста на овој индекс беше 2.669,49 поени, додека индексот на обврзници ОМБ порасна за 0,25 проценти или 0,27 индексни поени, и при тоа оствари вредност од 109,75 поени. На Официјалниот пазар повторно како најтргувана хартија од вредност беше обврзницата од денационализација на Р. Македонија од деветата емисија која се тргуваше по просечна цена од 78,35 проценти од номиналната вредност или оваа цена споредувано со тргувањето од средата беше поголема за 0,67 проценти. Истргувани беа 61.262 обврзници, кои остварија промет од 2.952.221,50 денари од 23 трансакции.Втора по својата вредност на Официјалниот пазар беше акцијата на Алкалоид АД Скопје која се тргуваше по цена од 4.000,05 денари од акција што претставуваше скок на вредноста од 1,36 проценти. Се истргуваа 370 обични акции за 1.480.020,00 денари.Трета по својата ликвидност на Официјалниот пазар за хартии од вредност беше акцијата на Гранит АД Скопје. Се истргуваа 1.940 акции по просечна цена од 684,54 денари од акција што претставуваше пораст на цената во однос од средата за 1,11 проценти. Со акциите на Гранит се оствари класичен промет од тргување во вредност од 1.328.000,00 денари.На Редовниот пазар поголем дел од вредноста со тргувањето беше остварена со акцијата на Македонски Телеком АД Скопје. Со неа се оствари промет од 1.466.458,00 денари при цена од 496,77 денари од акција, а беа истргувани 2.952 обични акции. Втора по својата вредност на тргување на овој пазар беше акцијата на РЖ Арцелормитал ХРМ АД Скопје со кои се реализираа 145.068,00 денари промет. Овие акции се тргуваа по просечна цена од 152,38 денари од акција, што претставуваше пад од 4,76 проценти.Пет најтргувани хартии од вредност1. Р. Македонија денационализација девета емисија2. Алкалоид АД Скопје3. Македонски телеком АД Скопје4. Гранит АД Скопје5. Макпетрол АД СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. Топлификација АД Скопје 1,83%2. Стопанска банка АД Битола 1,54%3. Алкалоид АД Скопје 1,36%4. Гранит АД Скопје 1,11%5. Р. Македонија девизни влогови 0,78%Хартии од вредност со најголем пад1. Пелагонија АД Скопје 23,08%2. Лотарија на Р. Македонија АД Скопје 6,51%3. Стопанска банка АД Скопје-приоритетни 5,00%4. РЖ Арцелормитал ХРМ АД Скопје 4,76 %5. Кјуби АД Скопје 4,22%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Рекордни приходи од концесиски надоместоци во 2025 година
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека наплатата на концесискиот надоместок за експлоатација на минерални суровини во 2025 година достигна историски највисоко ниво.
„Наплатата за 2025 година, со вкупни 1.223.455.203,00 денари, претставува историски напредок и силна основа за понатамошно подобрување на системот на концесии во Република Северна Македонија“, соопшти Министерството.
„Овие резултати се директна последица на посветените активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите, вклучувајќи: засилени инспекциски контроли и теренски проверки, испраќање писмени опомени и прекршочни постапки за доцнење со обврските, едностран раскин на 46 договори со концесионери кои не ги исполнувале законските обврски (неплаќање, еколошки прекршоци, неовластено проширување на полиња, пренос на концесија спротивно на законот), стапување во сила на новиот Тарифник од 1 јануари 2025, кој го зголеми износот на концесиски надоместок до 100% и подобра координација меѓу Министерството и општините“, се наведува во соопштението.
Во него се додава деја зголемената наплата директно придонесува за зголемување на буџетите на општините каде работат концесионерите, како и на државниот буџет.
„Зголемената наплата овозможува: значително зголемени буџети на општините во кои работат концесионерите, инвестиции во комунална инфраструктура, поддршка на енергетската транзиција и проекти за обновливи извори и поголеми средства за заштита на животната средина“, појаснува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Економија
„Лукоил“ го продава имотот во странство на американска компанија
Рускиот енергетски гигант „Лукоил“ ќе го продаде поголемиот дел од својот странски имот на американската инвестициска фирма „Карлајл“, објави денес одделот за односи со јавноста на „Лукоил“. Одлуката следува по воведувањето санкции од страна на САД врз руската нафтена компанија во октомври.
САД воведоа санкции врз „Лукоил“ и „Роснефт“, во октомври лани, замрзнувајќи ги американските средства на „Лукоил“ и заканувајќи се со секундарни казни за странските субјекти што работат со нив. Санкциите, првите такви мерки наметнати од втората администрација на Трамп, се дизајнирани да извршат притисок врз Москва да се согласи на мировни преговори во Украина, со оглед на тоа што приходите од фосилни горива играат клучна улога во одржувањето на воените напори на Русија.
Договорот со „Карлајл“ не ги вклучува средствата на „Лукоил“ во Казахстан и сè уште чека одобрение од Министерството за финансии на САД, соопшти руската компанија, додавајќи дека разговорите со други потенцијални купувачи се во тек.
Вредноста на договорот не беше откриена, иако меѓународниот имот на „Лукоил“ се проценува на вредност до 22 милијарди долари.
„Лукоил“ е втор по големина производител на нафта во Русија и една од најголемите компании во земјата, со учество од 2 проценти од глобалното производство на нафта. Покрај удели во нафтени полиња во Казахстан, Узбекистан, Блискиот Исток, Африка и на други места, „Лукоил“ управува и со три рафинерии за нафта во Европа и стотици бензински пумпи низ целиот свет, вклучително и во САД.
Администрацијата на Трамп претходно одобри ослободување од санкции за бензинските пумпи на „Лукоил“ во странство додека продажбата беше во тек. Швајцарската трговска куќа „Гунвор“ првично беше заинтересирана за купување на средствата на компанијата во странство, но ја повлече својата понуда во ноември откако Министерството за финансии на САД ја опиша како „кукла на Кремљ“.
Економија
Божиновска на серија средби со амбасадори: меѓународна соработка за енергетска сигурност
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска оствари серија билатерални средби со претставниците на дипломатскиот кор во земјава. Меѓународната соработка и партнерствата со пријателските земји се клучни за обезбедување на безбедна и одржлива енергетска иднина за нашата земја, истакна Божиновска.
Продлабочувањето на енергетската соработка беше фокус на средбата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со амбасадорката на Литванија, Вилма Дамбраускиене. Акцентот беше ставен на размената на искуства во енергетската транзиција и напредокот на нашата земја на тој план, како и реализација на проекти од енергетскиот сектор во насока на еколошка, економска и социјална одржливост.
Божиновска, на средбата ја истакна посветеноста на Министерството да обезбеди услови за земјата да се насочи кон енергетски одржлив амбиент.
Во рамки на средбите, министерката Божиновска разговараше со амбасадорот на Австрија во Република Северна Македонија Н.Е. Мартин Памер, при што беа разменети мислења за енергетските политики, енергетската транзиција и можностите за австриски инвестиции и експертска поддршка во развојот на одржливи енергетски проекти.
На средбата со амбасадорката на Народна Република Кина во земјава, Џианг Сиаојан се разговараше за размена на искуствата меѓу двете земји, при што беше истакната подготвеноста од кинеска страна за примена на нивните практики во справување со загадување на воздухот и примена на обновливи извори на енергија.
На средбата со амбасадорката на Украина во земјава, Лариса Дир, министерката Божиновска ги презентираше конкретните чекори коишто се преземаат со цел исполнување на европските енергетски стандарди и интеграција во заедничкиот пазар на ЕУ. При тоа, министерката Божиновска ја нагласи подготвеноста на нашата земја да помогне во напорите за заздравување на украинскиот енергетски сектор.
Билатералните средби коишто Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги реализира се потврда за посветеноста на Министерството во насока на остварување на визијата за чиста, праведна и одржлива енергетска иднина

