Економија
Транспарентност Македонија: Што крие буџетот на Р.Македонија?
Политиката на Владата на РМ во кредитирањето на растечкиот буџетски дефицит постојано да ја избегнува поволната понуда од ММФ отвора основани сомнежи дека во Буџетот на РМ постојат трошковни ставки што треба да бидат подалеку од очите на јавноста
Политиката на Владата на РМ во кредитирањето на растечкиот буџетски дефицит постојано да ја избегнува поволната понуда од ММФ отвора основани сомнежи дека во Буџетот на РМ постојат трошковни ставки што треба да бидат подалеку од очите на јавноста и на експертите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), тврди Транспарентност Македонија(Т.М). Тие велат дека Владата одлучила да емитува еврообврзница со петпати повисока каматна стапка од кредитите кои ги нуди ММФ, а кои се со каматна стапка од максимум 2 отсто. „Транспарентност Македонија смета дека официјалното објаснување на премиерот Никола Груевски, дека аранжманот со ММФ ќе го наруши рејтингот на државата е неиздржано и несериозно, бидејќи рејтингот на државата е драстично намален, што директно се рефлектира врз каматната стапка на еврообврзницата која што се очекува да биде висока, веројатно двоцифрена,“ рече Ана Јаневска Делева и додаде дека оваа невладина организација отворено ја прашува Владата на РМ и Министерството за финансии дали во Буџетот на РМ има ненаменско и незаконско трошење на буџетски средства. Оваа организација смета дека Владата на РМ, преку министерот за образование прави упади во високото образование и ја нарушува автономијата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со последната Одлука да ги намали цените за кофинансирање на студирањето и да ги изедначи за сите факултети, без оглед на потребите по наставата на одделни струки. „Дали Владата свесно планира да го урне УКИМ преку кратење на неговите финансии на секој можен начин, со одземање на јавните овластувања и можностите за вршење апликативни дејности на техничките факултети и со намалување на средствата за кофинансирање на општествените науки?“ праша Јаневска Делева. Т.Македонија ја повикаа Владата на одговорност и објаснување и за случаите „Краљевски“ и „Рудник Саса“, за кои беа изнесени бројни критики во јавноста. Од Владата сега за сега не ги коментираат овие обвинувања./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

