Економија
Владата го намали буџетот за 76 милиoни евра
Владата го намали буџетот за 4 милијарди и 700 милиони денари (76,4 милиони евра) и ги намали платите на премиерот и министрите за 10 отсто, соопшти денеска во Скопје вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски.
Владата го намали буџетот за 4 милијарди и 700 милиони денари (76,4 милиони евра) и ги намали платите на премиерот и министрите за 10 отсто, соопшти денеска во Скопје вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски.
Со ребалансот на буџетот не е предвидено зголемување на даноците и намалување на платите во јавниот сектор и се обезбедува 3,5 милијарди денари за здравство, пензискиот фонд и социјалната помош.
„Вкупниот износ на средства што се заштедени со ребалансот на буџетот на бруто основа изнесува околу 8 милијарди а на нето основа 4 милијарди и 700 милиони денари, најголемите заштеди се направени кај стоки и услуги од 1 милијарда и капитални инвестиции каде што кратењето изнесува 5 милијарди и 220 милиони денари”, изјави министерот за финансии Зоран Ставревски.
Владата донесе и нови мерки за штедење, се укинуваат дневниците за патување во земјата, за 30% се намалуваат дневниците за патувања во странство до 2011 година, министрите целосно се откажаа од дневниците за патување во странство .
„Со ребалансот ќе се намалат платите на премиерот, министрите и избраните државни функционери за 10% во 2010 и 2011 година, а во јавните претпријатија нема да се доделуваат К-15 и награди до крајот на 2011”, рече Ставревски.
Исто така се намалува лимитот до 30% на мобилните и фиксните телефони за 2010 и 2011 година, а јавните претпријатија добивката ќе ја уплаќаат во буџетот.
Со пакетот на мерки за штедење предвидено е намалување на апанажата и замрзнување на платите во јавниот сектор до септември 2012 година.
Владата нема да стопира ниту еден од започнатите проекти, но значително ќе ја забави динамиката на реализација на некои од нив. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

