Економија
Инфлацијата во Кина достигна 3,1 отсто
Инфлацијата во Кина , минатиот месец порасна на 3,1 отсто на годишно ниво, во споредба со априлските 2, 8 отсто, соопшти статистичката служба на земјата а пренесе агенцијата Бета.
Инфлацијата во Кина , минатиот месец порасна на 3,1 отсто на годишно ниво, во споредба со априлските 2, 8 отсто, соопшти статистичката служба на земјата а пренесе агенцијата Бета.
Аналитичарите сметаат дека растот на инфлацијата ќе предизвика банките да ги зголемат каматите или ќе преземат некои други мерки кои би го “оладил“ економскиот раст кој на крајот од првиот квартал од годинава изнесуваше 11,9 отсто.
Потенцијалните мерки на Пекинг неповолно би делувале на САД, европските и другите земи кои од Кина очекуваат да ја предводи побарувачката на железната руда, машините и други извозни производи.
Од статистичката служба ја отфрлија можноста Кина да се соочи со стагфлација, штетна комбинација од растечки цени и забавен економски раст. Оттаму велат дека инфлаторните притисоци попуштаат и дека владата останува на примарно проектираната инфлација за цела година од 3 отсто, пренесува српската новинска агенција Бета.
„Нема проблеми со стагфлација. Трите движечки сили на кинеската економија- трговијата, инвестициите и потрошувачката, се уште растат’, изјави на конференција за печат портпаролот на статистичката служба Шенг Лаијун.
Тој рече дека растот на цената на храната од 6,1 процент најмногу придонел за растот на инфлацијата.
Цената на храната се смета за чувствително прашање во земјата во која семејствата половина од приходите ги трошат токму за прехранбени продукти./крај/бт/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23% во однос на одлуката од 22.12.2025 година.
Од 30.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 72,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 65,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,649 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,042 ден/кг и сега ќе изнесува 33,649 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,908%, кај дизелот за 1,970%, кај екстра лесното масло за 1,282% и кај мазутот зголемувањето е за 5,201%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1801%.
Економија
Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во третиот квартал од 2025 година
Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција, извести Народната банка.
На крајот на третиот квартал од 2025 година:
„На 30.9.2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4.494 милиони евра (или 27,1% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во третиот квартал од 2025 година, е намален за 106 милиони евра, или за 2,3%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67%.

Во текот на третиот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е намалена за 250 милиони евра и изнесува 8.738 милиони евра, што претставува 52,7% од проектираниот БДП за 2025 година“.
Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на следната врска.
Економија
Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители
Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари кон 663 оризопроизводители.
Исплатата се однесува за финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупувачки центри, за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година, со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта.
Министерството за земјоделство соопшти дека нивна цел останува зајакнувањето на домашното производство и поддршката на земјоделците.
Фото: pexels

