Економија
„Благ“ пораст на берзанските индекси
На Македонската берза со хартии од вредност, денеска беше остварен промет од 10.389.753,00 што се реализира од 80 трансакции. Поголемиот дел од овој промет во вредност од 9.803.753,00 денари се реализира на Официјалниот пазар додека 586.000,00 денари на Редовниот пазар.
На Македонската берза со хартии од вредност, денеска беше остварен промет од 10.389.753,00 што се реализира од 80 трансакции. Поголемиот дел од овој промет во вредност од 9.803.753,00 денари се реализира на Официјалниот пазар додека 586.000,00 денари на Редовниот пазар.
Исто така се оствари раст на вредноста на МБИ10 за 1,34 проценти и изнесуваше 2.358,54 и на МБИД за 0,08 отсто, додека ОМБ падна за 0,25 проценти.
Најтргувана беше обврзницата за денационализација од деветта емисија по просечна цена од 77,50 денари и со неа се оствари промет од 7.172.067,93.
Од акциите прва по прометот на тргување на Официјалниот пазар беше акцијата на Макпетрол АД Скопје со кои се истргуваа 23 обични акции по цена од 27.000,00 денари и се реализира промет од 621.000,00 денари од 8 трансакции.
Втора по својата вредност од тргување беше акцијата на Комерцијална банка АД Скопје со кои се истргуваа 137 акции по просечна цена од 3000,00 денари и со нив се оствари промет во вредност од 411.010,00.Трета најтргувана акција на Официјалниот пазар беше и акцијата на Стопанска банка АД Битола со кои остварија промет од 373.460,00 денари од шест трансакции и при тоа се тргуваа на просечна цена од 2.686,76 денари.
На Редовниот пазар за хартии од вредност најликвидна акција споредено по прометот беше акцијата на Македонски Телеком АД Скопје со кои се истргуваа 678 акции по просечна цена од 500,00 денари од акција и остварија вредност од тргување во износ од 339.000,00 денари.Пет најтргувани хартии од вредност1. Комерцијална банка АД Скопје2. Алкалоид АД Скопје3. Гранит АД Скопје 4. Стопанска банка АД Битола 5. Макпетрол АД Скопје Хартии од вредност со најголем раст1. Макстил АД Скопје 7,73%2. ОХИС АД Скопје 6,90%3. Охридска банка АД Скопје 3,53%4. Караорман АД Скопје 2,99%5. Земјоделски Комбинат АД Битола 2,13%Хартии од вредност со најголем пад1. Тетекс АД Тетово 8,62%2. Ф-ка за цевки 11 Октомври АД Куманово 8,53%3. Фершпед АД Скопје 4,08%4. Макпетрол АД Скопје 3,13%5. ОКТА АД Скопје 2,50%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

