Контакт

Економија

Влегувањето на Романија во „Јужен поток“ не ја исклучува Бугарија

Објавено пред

Рускиот гасен гигант „Гаспром“, смета дека до крајот на годинава ќе добие одобрение од Турција за изградба на подводна делница на гасоводот „Јужен поток“, пишуваат руските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Рускиот гасен гигант „Гаспром“, смета дека до крајот на годинава ќе добие одобрение од Турција за изградба на подводна делница на гасоводот „Јужен поток“, пишуваат руските медиуми.

„Очекуваме дека до крајот на оваа година ќе добиеме дозвола за поставување на подводниот дел на гасоводот во територијалните води на оваа земја во Црното море“, изјавил Александар Медведев, генерален директор на „Гаспром Експорт“.

Медведев потврдил дека потенцијалното влегување на Романија во проектот не значи и автоматско сопирање на изградбата на гасоводот на територијата на Бугарија.

Засега со Букурешт се работи само техничко-економска пресметка, што треба да разјасни дали постои економска оправданост на влегувањето на оваа земја во проектот „Јужен поток“, пренесува агенцијата Итар Тас.

Медведев потсети дека неодамна и Македонија изрази заинтересираност за вклучување во проектот.

Челниците на „Гаспром“ најавија дека холдингот наесен ќе донесе одлука за можното вклучување на Македонија и Романија во „Јужен поток“, откако ќе се направат сите техничко-економски пресметки/крај/смедиа/см

Економија

Мицкоски: Цената со која земјоделците го продаваат земјоделскиот производ е зголемена за 30%

Објавено пред

Од

Цената со која земјоделците го продаваат земјоделскиот производ е зголемена за 30% или 10 пати повеќе отколку импутот, изјави денес премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

dobivaj vesti na viber

„Во рамките на земјоделството се случува еден параметар кој што е многу значаен за економијата, за граѓаните, но и за земјоделците бидејќи трошоците при импутот, односно оние трошоци кои што им се потребни на земјоделците за да произведат се зголемуваат за од прилика 10 пати помалку, отколку цената по која што тие ги продаваат производите“, рече Мицкоски.

Премиерот нагласи дека трошоците на земјоделците за производ на одреден земјоделски производ се зголемени за нешто над 3%, а цената на производот со која го продаваат е зголемен за нешто повеќе од 30%.

„Да бидам попрецизен, импутот, односно оние трошоци кои што ги имаат земјоделците за да произведат одреден земјоделски производ се зголемени за од прилика 3%, нешто над 3%, а цената на производот која што тие ја продаваат е зголемена за повеќе од 30%, затоа велиме импутот е од прилика нешто над 3% зголемен, а додека пак аутпутот, цената со која земјоделците го продаваат земјоделскиот производ е зголемен за 30% или 10 повеќе отколку импутот, и тоа е добро, повеќе пари кај земјоделците, тоа значи поголем развој кај земјоделството, повеќе храна, помалку увоз“, појасни премиерот Христијан Мицкоски и додаде:

„Тоа беше еден од нашите врвни приоритети и во таа насока ќе продолжиме како Влада да се движиме“, додаде премиерот.

Прикажи повеќе...

Економија

Божиновска – Колумбија: Соработката со Обединетите нации е клучна за унапредување на националните политики

Објавено пред

Од

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работен состанок со Рита Колумбија, Постојана координаторка на Обединетите нации во Македонија.

dobivaj vesti na viber

На средбата беше разговарано за можностите за продлабочување на соработката во областа на обновливи извори на енергија, енергетската ефикасност, поддршка на ранливите категории и развој на иницијативи за климатски промени и животна средина.

Една од клучните теми беше поддршката од Обединетите нации за организацијата на 14-тиот Интернационален форум за енергија за одржлив развој (14-ИФЕСД), којшто во организација на Министерството за енергетика ќе се одржи од 28-30 октомври 2025 година во Скопје, Република Северна Македонија. Рита Колумбија ја потврди подготвеноста Обединетите нации да помогнат за учество на релевантни говорници на високо ниво, што ќе ја зголеми значајноста и ефектот од форумот.

„Соработката со Обединетите нации е клучна за унапредување на националните политики и за обезбедување конкретна корист за граѓаните. Со поддршката на ОН за нашиот форум ќе можеме да обезбедиме експерти и релевантни говорници кои ќе ја кренат дискусијата на високо ниво.“ истакна министерката Сања Божиновска.

На средбата беше дискутирано и за можностите за продлабочување на соработката околу Зелениот финансиски инструмент, воведување на државни обврзници врзани со одржливост и поддршка на енергетските заедници, со цел обезбедување на поинклузивни и одржливи решенија за граѓаните.

Прикажи повеќе...

Економија

Почна со работа новата хала на „Амфенол“ во Кочани

Објавено пред

Од

Започна со работа новата хала на „Амфенол“ во Кочани. Премиерот, Христијан Мицкоски, кажа дека станува збор за инвестиција којашто е трудо-интензивна близу 3.200 вработени, со план за нови 500 вработувања, во две фази.

dobivaj vesti na viber

„Од тоа што разговаравме со директорот, во новите две хали, зборувам за оваа којашто сега ја гледате позади нас, којашто е во фаза на изработка и таа што догодина ќе започне, ќе имаме исклучително висока технологија, којашто одговара на најсовремените технолошки процеси. Така што, јас сум навистина задоволен што можам да кажам дека како Влада поддржуваме директни инвестиции, домашни, странски инвестиции, не само преземајќи го институционалниот ризик, туку и финансиски. Преку програмата ќе ги поддржиме овие нови инвестиции на компанијата, „Амфенол“ тука во Кочани, како што кажа и директорот во иднина планираме и во одредени други градови да се прошири инвестицијата на „Амфенол“. Така што за нас компанијата претставува стратешки партнер“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

(Видео) Специјалци од единиците „Волци“ и „Тигри“ направија пресека за да не се пренесе пожарот од Јасен

Пресеката, поточно правење бришан простор за да не се пренесе пожарот преку срт, целосно ја завршија припадниците на Специјалната антитерористичка...

Македонија2 часа

Итни и вонредни надзори во приватните болници по информациите дека се правеле непотребни операции за профит

Министерството за здравство најави итни и вонредни надзори во приватните болници по информациите што излегоа во јавноста дека се правеле...

Македонија4 часа

Мицкоски: Треба да се истражи како минатите арбитражни постапки се губеле и се одлевале огромни суми од државниот буџет

Ова е втора арбитража што оваа Влада ја добива и очекуваме барем уште две во периодот што следува, вели претседателот...

Македонија4 часа

За да нема одење на партиски митинзи со службени возила, Владата апелира сите институции што не го почитуваа рокот 18 август да поднесат пријави

Непослушните државни институции, кои до 18 август не ги пријавија службените возила, денес од Владата добија уште еден апел да...

Македонија4 часа

(Видео) Митева: Од 8 активни меѓународни арбитражи, оваа Влада успешно заврши 3 во полза на Македонија

Од осум активни меѓународни арбитражи оваа Влада успешно заврши три во полза на Македонија, соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева....

Македонија6 часа

Царинaта спречи опасен шверц на илјадници лекови, против лице од Косово поднесена кривична пријава

Царинските службеници на граничниот премин Богородица открија и спречија обид за криумчарење на 4.577 парчиња небезбедни лекови, скриени во багажниот...

Свет6 часа

Трамп: Не грижете се, нема да има трета светска војна

Планетата повеќе не се движи кон трета светска војна, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за новинарот Марк Левин....

Македонија7 часа

Судир за српскиот капитал: „Влен“ и ДУИ меѓусебно се обвинуваат

ВЛЕН и ДУИ, двете водечки политички субјекти од албанскиот блок во Македонија, се препукуваат поради наводно продирање на српски капитал...

Македонија8 часа

Од шумскиот пат кон езерото се води жестока битка за да се спречи ширењето на пожарот кај Јасен

Пожарот кај Јасен и натаму се заканува, откако во текот на ноќта започнал да се шири од шумскиот пат пред...

Македонија8 часа

Антикорупциската брои службени возила пред изборите – институциите не ги пријавиле сите во рокот

Во регистарот на возилата на државните органи, органите на локалната самоуправа, јавните претпријатија и други правни лица со државен капитал...

Свет9 часа

Лавров: Ни Крим ни Донбас никогаш не бил наша цел

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, тврди дека Русија никогаш немала намера да ги заземе украинските територии, туку, единствено,...

Свет10 часа

Што би значел пакт сличен на член 5 за Украина?

Безбедносните гаранции за Киев се клучно прашање во напорите да се прекинат борбите во текот на тековната руска инвазија врз...

Свет10 часа

Шефот на дипломатијата на Трамп ќе ја води работната група за безбедносни гаранции за Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе ја води работната група која ќе изработи предлог за безбедносни гаранции за Украина, потврди...

Свет22 часа

Каја Калас: На Путин не може да му се верува

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека Европската Унија ќе продолжи да ја таргетира воената економија на Русија и...

Македонија23 часа

Поради пожарот кај Јасен, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Свет1 ден

Швајцарија му нуди имунитет на Путин ако дојде на мировна конференција

Швајцарија ќе му понуди имунитет на рускиот претседател Владимир Путин, и покрај неговото обвинение во Меѓународниот кривичен суд, под услов...

Македонија1 ден

Скопје, Јегуновце, Тетово, Гостивар и Кичево ќе ги поврзува модерна пруга – Владата почнува со подготвки, ЕУ поддржува со 5,3 милиони евра

Владата донесе одлука за започнување на подготовки за целосна реконструкција, модернизација и електрификација на железничката линија од Скопје до Кичево...

Македонија1 ден

Одложени рочишта во Кривичниот суд поради неспроведување на притвореници – Утковски: Затворот има недостиг на возила и кадар

Во изминатите два дена, речиси сите насрочени рочишта во Основниот кривичен суд Скопје биле одложени, со навремена достава на покани...

Топ1 ден

МВР со детали за смртоносната несреќа кај Ресен: двајца загинати, едниот 20-годишен

Две лица загинаа, третото е тешко повредено. Ваков е трагичниот биланс од смртоносната сообраќајна несреќа што се случи вчера на...

Македонија1 ден

На непристапен терен со силен оган, надлежните се борат од воздух – леталата ја формираат линијата на пресек кај Јасен

Шумскиот пожар во непристапниот терен кај Јасен е повторно активиран, а слабиот дожд не беше доволен за негово сопирање. Директорот...