Економија
ВИП: До 82 отсто пониски цени за меѓународни разговори

Во пресрет на туристичката сезона и летните одмори, Вип оператор им овозможува сите нови и постоечки припејд корисници да зборуваат по најповолни цени кон ТОП 15 меѓународни дестинации , без притоа да се грижат за трошоците.
Во пресрет на туристичката сезона и летните одмори, Вип оператор им овозможува сите нови и постоечки припејд корисници да зборуваат по најповолни цени кон ТОП 15 меѓународни дестинации , без притоа да се грижат за трошоците.
Со оваа понуда, корисниците имаат можност да зборуваат за 9,9 денари/минута (цената за воспоставување на повик изнесува 3,5 денари), а се што треба да се направи е да ја активираат услугата со праќање на СМС порака кон бројот 144300.
Цената за активирање на услугата изнесува 150 денари и истата е валидна во текот на 30 дена.
„Оваа понуда е само уште една во низата на поволности кои Вип им ги нуди на сите свои корисници. Сите знаеме дека годишните одмори се период од годината кога потребата да се биде во контакт со најблиските е најголема и токму затоа се погриживме да им ја оствариме таа желба на нашите корисници. Продолжуваме и понатаму со понуди кои ги потврдуваат нашите заложби за повеќе вредност за нашите корисници, изјави Марио Цвитковиќ, Главен маркетинг директор на Вип оператор.
Доколку корисникот сака да продолжи да ја користи оваа поволна понуда по истекот на овие 30 дена, потребно е истата повторно да ја активира со праќање на СМС порака. Корисниците можат да ја продолжат услугата неограничен број пати се до 31 август 2010, а да ги ползуваат бенефитите од оваа понуда заклучно со 30.09.2010
Пакетот на Топ дестинации ги вклучува: Србија, Бугарија, Словенија, Австрија, Хрватска, Италија, Гермaнија, Швајцарија, Црна Гора, Албанија, Грција, Косово, Босна и Херцеговина, Турција и Белгија./крај/со/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Дурмиши за новата потрошувачка кошничка: ќе служи за градење политики поврзани со минималната плата и ќе се усогласи со европските стандарди

На четвртата седница на Економско-социјалниот совет, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши ја истакна важноста од повторното активирање на трипартитниот дијалог меѓу Владата, синдикатите и работодавачите, кој претставува суштински механизам за социјална кохезија и економски напредок. Тој ги поздрави новите претставници на Конфедерацијата на слободни синдикати, со што, како што рече, се враќа легитимитетот на Советот.
Министерот информираше дека е успешно завршена постапката за утврдување на репрезентативноста на синдикатите – прашање што подолг период го блокираше нормалното функционирање на ЕСС. Воедно, се предложени измени на Законот за работни односи, со кои прагот за репрезентативност се намалува од 10 на 5 проценти, со цел да се поттикне поинклузивен и плуралистички социјален дијалог.
Дурмиши го претстави и процесот за изработка на нова, официјална методологија за пресметка на потрошувачката кошничка, заснована на проверливи и релевантни податоци од Анкетата за потрошувачка на домаќинства, спроведена од Државниот завод за статистика. Новата кошничка ќе служи како основа за градење политики поврзани со минималната плата и социјалните трансфери и ќе биде усогласена со европските стандарди.
Економија
Трипуновски: Откупните цени за пиперката се зголемени – прва класа ќе се откупува по 45 денари за килограм

Откупните цени за пиперката се зголемени – прва класа ќе се откупува по 45 денари за килограм, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
„На состанокот се договорија откупните цени по класи за пиперката. За прва класа откупната цена на пиперката изнесува 45 денари, за прва-втора класа е 35 денари, за втора класа откупната цена изнесува 20 денари, а за трета класа откупната цена ќе биде 15 денари”, појасни министерот.
Тој посочи дека тоа се почетните цени со кои што ќе започне откупот на пиперката за реколтата 2025 година.
„Пиперката во Македонија се одгледува во два региони – струмичкиот и прилепскиот регион. Бербата треба да биде во договорен период за да не се соочиме со зголемена количина на берба на пиперка во текот на денот и да имаме застој во откупот”, додаде министерот Трипуновски.
Министерот истакна дека оваа година откупните цени за пиперката се зголемени во однос на минатата година.
„Текот на откупот ќе го следиме преку Државниот инспекторат за земјоделство. Како Министерство стоиме на располагање, а трендот на зголемување на земјоделското производство треба да продолжи и понатаму”, посочи тој.
Економија
Владата работи на зголемување на просечната плата, најави Мицкоски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со растот на платите во државата, со оглед на најновите статистички податоци, според кои просечната нето плата бележи раст и изнесува 45.800 денари, изјави:
„Прво што сакам да кажам е дека и тоа не е доволно. Дека треба да биде уште поголема просечната плата, и во таа насока продолжуваме, како Влада, да работиме. Но и самиот факт и бруто и нето, од просечната плата растат повеќе од 11% е демант за сите оние, би рекол, некрофили во рамките на опозицијата, кои што изминатиов период континуирано конструираа и лиферуваа лаги во јавноста, дека платите не растеле, дека платите стагнирале итн. Но овие податоци коишто пристигнуваат се само доволен доказ дека тие, освен тоа што не говорат вистина, шпекулираат, конструираат и креираат невистини. Друго ништо не можат да сработат и токму затоа таква е состојбата во опозицијата, и токму затоа народот ја изгуби довербата во нив.“
Владата продолжува да работи, рече премиерот, за граѓаните да имаат уште повисоки примања.
„И нормално, ние како Влада продолжуваме и понатаму да работиме за уште повисоки примања на работниците, затоа што тоа е наша цел, да испорачаме тоа што граѓаните од нас очекуваат.“, објасни Мицкоски.