Економија
Слаб промет на Македонската берза
Во текот на денешниот берзански ден, на Македонската берза за хартии од вредност за одбележување беше слабиот промет кој се оствари во вредност од 6,543,638,79 денари .
Во текот на денешниот берзански ден, на Македонската берза за хартии од вредност за одбележување беше слабиот промет кој се оствари во вредност од 6,543,638,79 денари . Од овој промет поголемиот дел се оствари со тргувањето со акции во вредност од 4,232,961,00 денари додека прометот од 2,310,677,79 денари се оствари во обврзници. На Официјалниот пазар се остварија 4,149,753,79 денари, додека на Редовниот пазар се оствари остатокот, во вредност од 2,393,885,00 денари.Главниот берзански индекс МБИ10 во средата повторно забележа пад на својата вредност од 1,53 проценти или 37,22 индексни поени и оствари вредност од 2,388,16 поени, индексот на Јавно поседувани друштва МБИД забележа пораст од 1,65 проценти или 44,24 поени или вредност од 2,728,33 поени и индексот на обврзниците ОМБ и тој забележа пад на својата вредност од 0,11 проценти или 0,12 во поени и оствари вредност од 107,03 поени.
На Официјалниот пазар за хартии од вредност најтргувана хартија од вредност по својот промет беше обврзницата од денационализација на Р. Македонија од деветата емисија со кои се оствари промет од 1,527,698,50 денари кој се реализира 14 трансакции и при тоа со нив се истргуваа 32,023 обврзници по цена од 77,57 проценти.
Втора по својот промет беше акцијата на Комерцијална банка АД Скопје со остварени 450,900,00 денари на класичен промет од 1 реализирана трансакција и при тоа со нив се истргуваа 150 акции по цена од 3,006,00 денари.
Трета по својот промет на Официјалниот пазар беше и акцијата на Гранит АД Скопје со која се истргуваа 504 количина по просечна цена од 664,87 денари што претставуваше пад на својата вредност од 3,14 проценти споредено од тргувањето од вторникот, додека со нив се оствари класичен промет од тргување од 335,094,00 денари.На Редовниот пазар најтргувана хартија од вредност а воедно и на целиот пазар беше акцијата на Македонски Телеком Скопје со класичен промет од 1,826,350,00 денари кој се реализира од 22 трансакции, и со нив се истргуваа 3,520 количина по цена од 518,85 денари од акција. Втора по својата вредност на тргување на овој пазар беше и акцијата на Тутунска банка АД Скопје со кои се истргуваа 70 количина по просечна цена од 3,850,29 денари и реализираа 269,520,00 денари на промет од 5 реализирани трансакции. Пет најтргувани хартии од вредност1. Македонски Телеком Скопје2. Р. Македонија обврзници од денационализација 093. Комерцијална банка Скопје4. Гранит Скопје5. Р. Македонија обврзници од денационализација 08Хартии од вредност со најголем раст1. Раде Кончар Скопје 20,00%2. Реплек Скопје 3,42%3. ОКТА 1,32%4. Р. Македонија обврзници од денационализација 08 0,87%5. Р. Македонија девизни влогови 0,81%Хартии од вредност со најголем пад1. Караорман Скопје 35,48%2. Макстил Скопје 5,42%3. РЖ Услуги Скопје 4,54%4. Гранит Скопје 3,14%5. Ф-ка за цевки 11 Октомври Куманово 2,97%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

