Економија
Слаб раст на индексите на Македонската берза

На Македонската берза со хартии од вредност, денеска беше остварен промет од 10.389.753,00, што се реализира од 80 трансакции. Од овој промет поголемиот дел во вредност од 9.803.753,00 денари се реализира на Официјалниот пазар додека 586.000,00 денари на Редовниот пазар.
На Македонската берза со хартии од вредност, денеска беше остварен промет од 10.389.753,00, што се реализира од 80 трансакции. Од овој промет поголемиот дел во вредност од 9.803.753,00 денари се реализира на Официјалниот пазар додека 586.000,00 денари на Редовниот пазар. Исто така се оствари раст на вредноста МБИ 10 за 1,34% и изнесуваше 2.358,54 и на МБИД за 0,08%, додека ОМБ падна за 0,25%. Најтргувана беше обврзницата за денационализација од деветта емисија по просечна цена од 77,50 беше со неа остварен промет во износ од 7.172.067,93.Од акциите прва по прометот на тргување на Официјалниот пазар беше акцијата на Макпетрол АД Скопје, со кои се истргуваа 23 обични акции по цена од 27.000,00 денари од акција и при тоа реализираа промет од 621.000,00 денари на промет од осум трансакции.Втора по својата вредност од тргување беше и акцијата на Комерцијална банка АД Скопје со кои се истргуваа 137 акции по просечна цена од 3000,00 денари и со нив се оствари вредност од 411.010,00 денари на класичен промет.Трета најтргувана акција на Официјалниот пазар беше и акцијата на Стопанска банка АД Битола со кои остварија вредност од 373.460,00 денари промет од шест трансакции и при тоа се тргуваа на просечна цена од 2.686,76 денари.На Редовниот пазар за хартии од вредност најликвидна акција споредено по својот промет беше акцијата на Македонски Телеком АД Скопје со кои се истргуваа 678 количина по просечна цена од 500,00 денари од акција и остварија вредност од тргување во износ од 339.000,00 денари.Пет најтргувани хартии од вредност1. Комерцијална банка АД Скопје2. Алкалоид АД Скопје3. Гранит АД Скопје 4. Стопанска банка АД Битола 5. Макпетрол АД Скопје Хартии од вредност со најголем раст1. Макстил АД Скопје 7,73%2. ОХИС АД Скопје 6,90%3. Охридска банка АД Скопје 3,53%4. Караорман АД Скопје 2,99%5. Земјоделски Комбинат АД Битола 2,13%Хартии од вредност со најголем пад1. Тетекс АД Тетово 8,62%2. Ф-ка за цевки 11 Октомври АД Куманово 8,53%3. Фершпед АД Скопје 4,08%4. Макпетрол АД Скопје 3,13%5. ОКТА АД Скопје 2,50%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица за предадени јаболка

Денеска се исплатија 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица од подмерка 1.9 за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети, од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, извести Министерството за земјоделство.
Од таму најавуваат дека продолжува поддршката кон производителите на јаболка.
Економија
УЈП со повик: Платете го веднаш достасаниот данок по ДЛД-ГДП и избегнете присилна наплата

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници, кои во законскиот рок не ја платиле даночната обврска по ДЛД-ГДП 2024, да го исполнат својот даночен долг.
Во согласност со евиденцијата на УЈП, 3.155 даночни обврзници ја немаат намирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во годишната даночна пријава за данокот на личен доход (ДЛД-ГДП) за 2024 година, што требаше да се исполни во законскиот рок до 30 јуни.
„Во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на достасаните неплатени долгови по овој основ, што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03 % дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата“, информира УЈП.
Дополнителни информации се објавени на страницата на УЈП, во делот плаќање даноци на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje.
Економија
Меџити: Поддршка со 227 милиони денари за 43 проекти во 33 општини

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ги потпиша договорите за реализација на 43 капитални проекти во 33 општини во државата.
За овие проекти се обезбедени над 227 милиони денари директна финансиска поддршка од Министерството, со што се овозможува имплементација на конкретни решенија во областа на канализацијата, водоснабдувањето и управувањето со водните ресурси.
„Убеден сум дека ова е најправилниот и најефикасен модел на соработка – директно партнерство меѓу Владата и општините, со цел да им донесеме на граѓаните конкретни придобивки“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Тој исто така ја потенцира важноста од навремената и квалитетна реализација повикувајќи на одговорност и посветеност од страна на сите општини.
„Немаме време за губење. Секој ден што ќе го добиеме во овој процес е еден ден повеќе во служба на граѓаните“, изјави Меџити нагласувајќи дека преку ова партнерство се поставуваат нови стандарди во справувањето со инфраструктурните и еколошките предизвици.