Економија
Почна средбата на Г-20
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/219d0d81-e1d5-47fc-a71c-0af35b1ed360.jpeg)
Лидерите на групата Г-20 најразвиени земји ја почнаа средбата во канадскиот град Торонто, каде на дводневниот Самит ќе се разговара за клучната тема – светската економија.
Лидерите на групата Г-20 најразвиени земји ја почнаа средбата во канадскиот град Торонто, каде на дводневниот Самит ќе се разговара за клучната тема – светската економија.
Главен акцент на средбата ќе биде ставен на реформите во монетарната политика, улогата на меѓународните финансиски институции, новите даночни стапки за банките, како и за либерализација на трговијата и инвестициите, пренесува бугарската агенција Бгнес.
„Заздравување и нов почеток“ е мотото на оваа средба, на која што уште пред почетокот постоеја несогласувања меѓу учесниците околу начинот на стабилизирање на економијата.
САД инсистира државите да не се откажуваат од примената на мерките за стимулирање на економиите, додека државите ги намалуваат трошоците и ги зголемуваат даноците за да го намалат ефектот на кризата.
Членките на Г-20 се разидоа и околу мерките за стимулирање на економија и намалување на буџетските дефицити, како и во реформите на системот за контрола на финансискиот сектор.
Експертите се скептични во однос на постигнување договор меѓу лидерите на Г-20 околу спорните прашања./крај/бгнес/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Економија
Владата ќе ги ограничи маржите на повеќе производи, меѓу кои и детергентите и бебешката храна
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/market-guzva-korona-5.jpg)
Владата го задолжи Министерството за економија да донесе одлука за 10 проценти ограничување на маржата во трговија на мало и 10 проценти во трговија на големо на основните прехранбени производи на истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници. Но, истата да се дополни со средства за хигиена како што се детергентите и плус да се дополни со бебешка храна, и други непрехранбени производи кај која е забележана многу висока маржа, а истите се дел од основните потреби на граѓаните.
„Очекуваме да бидат вклучени над 100 групи на производи. Оваа мерка е предвидено да трае од денот на донесување, што се очекува да биде за многу брзо од денес и да трае заклучно до 30.04.2025 година“, велат од Владата.
Влада им препорача на сите маркети да почнат процедура за транспарентно објавување на цените на сите производи и нивно редовно ажурирање на дневна основа.
„Целта на оваа препорака е да придонесеме поголема транспарентност од каде граѓаните сами ќе можат да одлучат во кои од маркетите ќе пазарат, да ја видат разликата во цените, а цениме и дека ваквиот пристап кој има карактер на препорака, а не на ограничување ќе придонесе кон некое усогласување на самите цени на производите“, велат од Владата.
Дополнително Владата го задолжи и Министерството за економија и труд да организира итен работен состанок со сите надлежни институции како што се Државниот пазарен инспекторат, министерствата за финансии и земјоделие, КЗК и други кај што ќе може да се разгледуваат и други предлози и мерки коишто ќе имаат долгорочно решавање на оваа состојба.
Економија
НОВИОТ OPEL GRANDLAND ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА!
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/naslovna.jpg)
- Новиот Opel Grandland во Македонија, Hybrid, 136КС, Edition ниво на опременост за 32.990 €
- Јубилејна година за генералниот увозник „Еуроимпекс“ . 35 години стабилен раст и развој, со јасна визија за иднината.
Новиот Opel Grandland беше промовиран на македонскиот пазар, во просториите на својата матична куќа – продажниот салон на Opel Македонија на 11.2.2025 година
Овој грандиозен модел претставен во својата промотивна Copper боја, ги пречека присутните со сите свои новитети, гордо истакнувајќи ја новата генерација Vizor маска поставена во 3D, со илуминирано лого пресликана од прототипот “Opel Experimental“. Новитет кој за прв пат е претставен кај Opel и воопшто кај некој модел од целата Стелантис групација, како и илуминирано име на брендот од задната страна давајќи му еден уникатен светлосен потпис во Edge Light технологија.
Пристапувањето кон возилото со Welcome home или оддалечувањето со bye-bye анимација креира wow ефект кој го издвојува од околината.
“Grand” ефектот се постигнува со зголемените пропорции на возилото со +17 cm поголема должина и +11 cm поголемо меѓуосовинско растојание од предходникот кои обезбедуваат поголем простор на задната клупа и 550 литри багажен простор.
Чистиот дизајн пак преовладува по цела должина на возилото, без кровни шини за постигнување на одличен коефициент на аеродинамика од Cx28, ослободен од хром во форма на украсни лајсни или капачиња, со втиснато име на вратата од багажникот.
Присутните одблиску се запознаа со новиот SUV во гамата на опел и воедно ја добија и ексклузивната информација за промотивната цена на Новиот Opel Grandland.
Ние сме навистина горди на овој грандиозен C-SUV модел. Кога велиме грандиозен, не мислиме само на неговите надворешни димензии, грандиозноста се огледува во секој еден детаљ на оваа креација, грандиозен дизајн, чувство на грандиозност при управување, грандиозен стил, а истовремено чист и елегантен. Тоа е новиот Opel Grandland – Изјави Ана Јовановска, Менаџер за медиуми и односи со јавност во Еуроимпекс.Продукт Менаџерот за Опел, во Еуроимпекс – Драган Јовев изјави: „за што се залагаме во Опел во моментот…ние сме прогресивен и возбудлив Германски бренд. Новиот Opel Grandland скока нанапред вон своето време. Сега созреан, просторен и премиум… достоен на своето име. Карактеристиките на моделот се изведени од столбовите на кои е поставен брендот:
– Смел и чист дизајн
– Чисто кокпит искуство
– Германско тежнеење кон извонредност
– Гриновација
И додаде: „Со новиот Grandland целиме во срцето на горниот C-SUV сегмент нудејќи БЕЗБЕДНОСТ на традиционалните купувачи, ПРОСТОР и ФУНКЦИОНАЛНОСТ на семејствата и ТЕХНОЛОГИЈА и СТИЛ на прогресивните купувачи.
На нашиот пазар овој модел ќе го понудиме во хибридна изведба од 1
36КС со Edition ниво на опременост, по одлична цена од 32.990€!“
Ги повикуваме сите заинтересирани да закажат тест возење или да ги посетат продажните места на Opel во Македонија. Нашиот тим стои на располагање, а за повеќе информации посетете ја веб страната www.opel.mk
Повеќе информации за Новиот Opel Grandland>
СМЕЛ И ЧИСТ ДИЗАЈН
Кај Intellilux-LED Pixel технологијата e зголемeн бројот од 86 на 50k светлосни интелигентни пиксели за достигнување на уште повисока дефиниција и модуларната дистрибуција на светлина при патувања во услови на намалена видливост. [Истите се стандард за ниво на опременост GS]
Нема потреба да ја намалувате светлината, светлата не ги заслепуваат другите учесници во сообраќајот и добивате повеќе време да реагирате при опасни ситуации. Не е изненадување дека pixel matrix HD светлата се најдобри во сегментот.
ЧИСТО КОКПИТ ИСКУСТВО
Во внатрешноста повторно доминира Detox филозофијата подредувајќи му се на принципот “Раце на управувачот, погледот на пат”. Доминира широк 16” екран на допир базиран на Snapdragon платформата за врвно визуелно искуство надополнет со 10” екран за возач.
Содржината на обата дисплеја може да се редуцира во “Pure Mode” режимот на основните податоци потребни за безбедно патување без непотребна дистракција на возачот. Секако при рака се физичките команди за брзо пристапување кон основните функции како климатизација. Перфекниот фокус на патот го заокружува интегрираниот Head-up дисплеј во предното ветробранско стакло со 3-D чувство.
AGR ергономските седишта стануваат стандард со последната иновација специјално профилиран канал на седечката површина која го намалува притисокот на телото при долготрајните патувања. Врвот во удобноста и намален стрес при возењето го обезбедуваат AGR адаптивни седишта со електро-пневматски потпори, 5 режими на масажа и вентилација на седишта.
ГЕРМАНСКО ТЕЖНЕЕЊЕ КОН ИЗВОНРЕДНОСТ
Новиот Grandland е првиот модел базиран на STLA-M платформата, првично развиена за BEV возила, во електрична верзија на моделот доаѓа со стандард тракциона батерија од 74 kWh и 82 kWh со досег до 580 km или long range батеријата од 98 kWh за досег до 680 km кој ни доаѓа во третиот квартал на годината. Кај електричните верзии рекуперацијата на батеријата може да се избира во три режими преку палките на управувачот. Врв на германското инженерство е Opel Grandland во GSe опременост со спортско потпирање и калибрирано управување и AWD погон на сите тркала.
Мулти-енергетската STLA- M платформа е искористена и за втората генерација на 1.6 plug-in верзија со 195ks со домет до 86 km во чист електричен режим – и за нашиот пазар најинтересна 48V хибридна верзија од 136ks, двете впарени со автоматска трансмисија со двојна спојка.
Стабилноста при возење на автопат, навалување на каросеријата и подобрена филтрација на нерамни патишта при мали брзини ја обезбедува FSD амортизацијата, кои се стандард кај BEV и Plug-in верзиите.
ГРИНОВАЦИЈА
Понудата на опременост ја сочинуваат нивото Edition (eлеганција, комфор) или GS (динамичност/спорт) а се заокружува со по два опционални пакета Комфорт и Теch. Амбицијата за премиум квалитет во внатрешноста се огледува во обложената централна табла и облоги на вратите со модерна ткаенина и амбиенталното edge light осветлување. Употребената ткаенина е 100% од рециклирани материјали, а батериите можат да се поправат, преправат и ре-употребат и рециклираат со што се намалува јаглеродниот отисок на природата.
Ивана Манчева Михајловска, заменик Извршен директор на Еуроимпекс го зачини овој настан со Гранд најава за 35 годишнината на компанијата Еуроимпекс, воедно информирајќи ги присутните за планот на промовирање со низа активности во текот целата година.„Оваа година, е јубилејна за Еуроимпекс. Станува збор за 35 години стабилен раст и развој; 35 години инвестирање; 35 години успешно опстојување на пазарот.Еуроимпекс има јасна визија. Имаме и јасни цели за иднината. Со ова сакавме да ве информираме дека ни претстои ГРАНД година, во која ќе имаме повеќе најразлични активности во знак на нашиот 35 годишен јубилеј.“Еуроимпекс. Компанијата е основана пред 35 години, точно на 26.јануари.1990 година, со само 3 вработени. Со тоа, по осамостојувањето на Македонија, Еуроимпекс е првата приватна компанија чие работење е насочено кон трговија со автомобили.
Денес, се регионална компанија со 150 вработени (во Скопје и Белград) и ги застапуваат брендовите Peugeot и Opel на пазар кој е поголем од 17,5 милиони жители во 5 земји во регионот (Македонија, Србија, Косово, Албанија и Црна Гора). А, исто така се национални застапници и за TotalEnergies, како и за висококвалитетен и професионален алат, од брендовите: Milwaukee, Bahco и Irimo…
За ЕУРОИМПЕКС
Компанијата Еуроимпекс е основана 1990 година како мала трговска фирма за увоз-извоз. Започнува скромно и по осамостојувањето на Македонија, Еуроимпекс е првата приватна компанија чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија уште од далечната 1992 година, со првиот увоз на Peugeot автомобили.
Соработката со брендот Opel ја започнува кон крајот на 2020та година со што прераснува во Генерален увозник и дистрибутер на брендот OPEL за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија; Овој успех го круниса 30 годишниот јубилеј на Еуроимпекс кој беше одбележан истата година.
(ПР)
Економија
Сите маркети на веб-страниците да ги објавуваат цените на сите производи е предлог на Мицкоски за да се зауздаат цените
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/Mickoski-kolicka-market.jpg)
Секој маркет на својата веб-страница да ги објави цените на сите производи што ги има, ќе предложи денес премиерот Христијан Мицкоски на седница на Владата, на која ќе одлучуваат за воведување мерки за намалување на цените. Оваа мерка е негов предлог, но какви мерки ќе се изгласаат, премиерот рече дека ќе извести по денешната седница на Владата, на која Државниот пазарен инспекторат треба да ја презентира анализата на цените.
„Еве една мерка што ќе ја предложам, сите синџири на овие супермаркети, хипермаркети да имаат јавна веб-страница, транспарентна, на која ќе ги објават сите цени на сите производи што ги имаат во своите маркети. Да може граѓаните јасно да видат колкави се цените и самите да одлучуваат, како што имаат некои земји во светот. Ќе можеме и да ги следиме ние тие трендови, да правиме некој хистограм на движење на тие цени“, рече премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања во Владата.
За тоа какви мерки за намалување на цените ќе бидат донесени, премиерот најави дека ќе извести по седницата оти не бил видовит, како што рече, за да знае кои предлози ќе бидат прифатени.