Економија
Г-20:Намалување на дефицитот и поголема капитализација на банките

Лидерите на групата Г-20 се согласија да ги одредат целите за намалување на буџетскиот дефицит и да го зголемат нивото на обврзниот капитал на банките, откако економски ќе заздрават, пишува во завршниот извештај од средбата во Торонто.
Лидерите на групата Г-20 се согласија да ги одредат целите за намалување на буџетскиот дефицит и да го зголемат нивото на обврзниот капитал на банките, откако економски ќе заздрават, пишува во завршниот извештај од средбата во Торонто.
Целта на напредните економии ќе биде да го преполоват дефицитот до 2013 година и да го стабилизираат обемот на јавниот долг кон брутодомашниот производ (БДП) до 2016 година.
Во нацртот на завршната изјава од Г-20 се наведува дека банките мораат значително да го зголемат обврзниот капитал, а на државите ќе им биде дозволено да се ускладат со новите правила со цел да ги исполнат новите стандарди до крајот на 2012 година, јавуваат канадските електронски медиуми.
Лидерите на Г-20 водечки светски економии, во својата завршна изјава во Торонто, повикаа и на „постепено, среднорочно, укинување на субвенциите за неефикасни фосилни горива, одлука што е внесена на инсистирање на САД.
Средбата на светските државници во Торонто ја следеа масовни демонстрации на антиглобалистите и синдикатот против сиромаштијата, невработеноста и другите социјални тешкотии.
За време на протестите полицијата уапси вкупно 562 лица, пред се припадници на анархистите./крај/хина/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Во јуни годишен раст од 12,9 отсто на вкупните депозити и од 13,0 отсто на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 12,9%, којшто во поголем дел произлегува од зголемувањето на депозитите на секторот „домаќинства“.
На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 13,0% како резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор, извести Народната банка.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на линкот.
Економија
Пониски цени на бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42 % во однос на одлуката од 14.7.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,559%, кај дизелот за 0,837%, кај екстра лесното масло за 0,048% и кај мазутот намалувањето е за 1,882%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,650%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,314 ден/кг и сега ќе изнесува 40,158 ден/кг.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.7.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Една година нема проблем со откуп и со висина на откупна цена на земјоделски производи

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Трајан Димковски, претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.
„СДС имаше неисплатени субвенции од 2021 година па навака. Кога дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт, ги исплати сите заостанати субвенции и продолжи со редовна исплата.
За разлика од времето на СДС, сега субвенциите се исплаќаат редовно и завршуваат кај вистинските земјоделци.
Веќе една година нема проблем ниту со откупот ниту со висината на откупната цена, напротив, имаме досега највисоки откупни цени и за тутунот и за грозјето и за пченицата и за раноградинарските култури.
Пченицата се откупува сега за 12 денари, а министерството ќе покрие и други трошоци на земјоделците.
Откупните цени на винското грозје за 2025 година, поконкретно за Вранец се 21.3 денари, а за Смедеревка 18.9 денари.
МЗШВ нема скратено средства за земјоделците. Тоа е одлика на СДС, кога не им ги исплаќаа субвенциите и ги оставаа со празни раце, па си делеа тендери и фотелји меѓу нив.
Земјоделците јасно го имаа искажано револтот кон СДС, а го искажаа и сите останати граѓани“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.