Економија
Засилени контроли на границите за спречување на влез на неквалитетно брашно
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска одржа состанок со производителите на пченица, членки на земјоделските здруженија и мелничко-пекарските компании, членки на Стопанската комора на Македонија и на Сојузот на стопански комори.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска одржа состанок со производителите на пченица, членки на земјоделските здруженија и мелничко-пекарските компании, членки на Стопанската комора на Македонија и на Сојузот на стопански комори.
Засилени контроли на граничните премини, но и на внатрешниот пазар од страна на Државниот инспекторат за земјоделство за да се спречи увоз на неквалитетно брашно и пченица, како и примена на законските правила во производството и во откупот на лебното жито, најави министерот Димовски на состанокот со земјоделците и мелничарите.
„Проблеми во откупот на пченицата не би требало да има, а откупната цена треба да ја договорат производителите и мелничарите. И оваа година за потребите на државата, Бирото за стокови резерви ќе се вклучи во откупот, но, засега, не се знае колкави ќе бидат тие количини“, рече министерот Димовски.
Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Ванчо Димитриев, објасни дека наскоро ќе се донесат правилниците за откуп на пченица, за брашно, како и за регистрација на откупувачи, согласно Законот за земјоделство и рурален развој, со кој инспекторатот има ингеренции да врши контрола и во примарното производство и кај мелничко-пекарските компании.
Претставниците на мелничарите потенцираа дека најголема проблем на пазарот прави брашното кое по дампинг цени се увезува од соседните земји и побараа засилени контроли од земјоделскиот инспекторат при увозот, лабораториска контрола на квалитетот на увозното брашно, но и засилена контрола на домашниот пазар, пред се на компаниите кои вршат увоз и продажба на брачно.
Земјоделците инсистираат Бирото за стокови резерви, во годинешниот откуп на пченица, да се вклучи во сите региони од државава. Заедно со мелничарите побараа до крајот на оваа или во почетокот на идната недела да се одржи заеднички состанок со министерот за земјоделство Димовски и министерот за економија Фатмир Бесими.
Министерството за земјоделство, беше заклучено на состанокот ќе ги преземе сите потребни мерки за да создадеа услови за навремен почеток и квалитетен откупот на пченицата. /крај/мзшв/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

