Економија
Истекува рокот за аплицирање за субвенции за поддршка на земјоделството
Рокот за аплицирање за субвенции за поголемиот дел од мерките за поддршка на растителното и сточарското производство од Програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за 2010 година, истекува денеска.
Рокот за аплицирање за субвенции за поголемиот дел од мерките за поддршка на растителното и сточарското производство од Програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за 2010 година, истекува денеска.Досега за субвенции аплицирале околу 73 илјади земјоделци, велат од подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. До декември кога истекуваат и последните рокови за аплицирање за субвенции, се очекува да пристигнат апликации, кои ќе ја наминат ланската бројка од 83,5 илјади земјоделци кои преку подрачните единици на МЗШВ аплицирале за субвенции. Производителите, заклучно со денеска ќе може да се пријавуваат за субвенции за производство на полјоделски култури, за дополнителна финансиска поддршка за засеани житни култури со сертифициран семенски материјал, за градинарско производство, за производство на домати, пиперки, краставици и режано цвеќе под контролирани услови. Истекува и рокот за аплицирање за субвенции за лозарите, кои ги евидентирале постоечките насади во регистарот на лозови насади, како и оние кои подигнале нов насад, овоштарите, за одржување на постоечките и на подигнување на нови овошни насади. Поднесување на барање за субвенции за поддршките за пчеларството, за алтернативното сточарско производство, како и органските производители, преработувачите и трговците, исто така можат барањата да го достават до денеска. Министерството соопштува дека на почеток е пријавувањето на субвенции за кои може да се аплицира до 1 декември, а се однесува на компензација на производствените трошоци за заштитен производ од растително и од животинско потекло, како и за корисниците на заштитен географски назив и финансиска поддршка за контрола и сертификација.До 1 декември заинтересираните ќе може да аплицираат и за субвенции за спроведување на кампања за промоција на земјоделско-прехранбените производи со заштитен географски назив на домашниот и на странските пазари./крај/со/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Компанијата Зегин се стекна со уште едно признание за општествено одговорна компанија
Во рамки на 24-тото генерално собрание на Американската комора кое се одржа изминатава недела, се доделија признанија за најдобрите практики на општествена одговорност (CSR) на компаниите-членки.
Kомпанијата Зегин го доби признанието за компанија со една од најдобрите општествено одговорни практики, преку проектот “Партнерство за донирање” кој е поддржан од УСАИД , а имплементиран од Американската стопанска комора.
Признанието се однесува на хуманитарната трка “Зегин Спектратон- трка на херои во сите бои” како дел од кампањата за подигнување на свесноста за лицата со аутизам која е во фокусот на Зегин за оваа година.
Преку хуманитарната трка, но и со дополнителна донација од Фондацијата Д-р Верица Механџиска беа собрани средства со кои започна реконструкцијата на првиот регионален социјален клуб за адолесценти со аутизам.
Со оваа кампања компанијата Зегин заедно со Фондацијата Д-р Верица Механџиска ја отвора шансата за подигнување на свеста, за едуцирање и за потсетување на општеството дека аутизмот не е ограничување, туку различен начин на постоење. Кампањата е упатување на повик за сочувство, за вклучување и за препознавање на сјајот во она што може да изгледа како хаос.
ПР
Економија
Димитриеска-Кочоска: Со поддршка од ОЕЦД, Македонија ќе стане дел од земјите што ги имплементираат стандардите за автоматска размена на податоци
Македонија во наредниот период ќе продолжи да работи сериозно со цел да го потпише Мултилатералниот договор на надлежни органи за автоматска размена на информации, со што ќе се придружи на земјите членки на Глобалниот фонд на ОЕЦД во борбата со даночно затајување во глобални рамки, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која учествува на Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации за даночни цели што се одржува во Парагвај.
Таа рече дека во спроведувањето на процесот на имплементација на стандардите за автоматска размена имаме поддршка од ОЕЦД, која дава огромни можности на земјите кои се подготвени да ги споделат информациите што се насочени кон борбата со даночното затајување. Притоа, потенцира дека е најважна имплементацијата на законите што се носат.
„Земјата веќе добива техничка поддршка од ОЕЦД и верувам дека во наредниот период ќе изградиме даночна администрација која ќе продуцира добри, квалитетни и коректни податоци, имајќи предвид дека во моментот има осум посебни системи од кои се добиваат информациите“, рече министерката, која потенцира дека забрзано ќе се работи и на дигитализација на процесите, што е приоритет на Владата, а тоа е поткрепено и со формирањето на новото Министерство за дигитална трансформација.
Министерката истакна дека едно од прашањата во имплементацијата на овој процес е затворено, а тоа се однесува на банкарскиот сектор, кој е стабилен и силен, и дека со затворањето и на второто прашање, во однос на даночната администрација, може да се очекува во 2027 година веќе да бидеме на листата на земји кои ги имплементираат стандардите за автоматска размена на податоци.
Стандардите за автоматска размена на информации (AEOI) се клучна алатка за јурисдикциите, односно државите, во борбата против даночното затајување и заштита на интегритетот на нивните даночни системи. Глобалниот форум има значајна улога во развојот на капацитетите со цел поддршка и овозможување брза и ефективна имплементација на стандардите од страна на сите земји членки на Глобалниот форум, кои се над 170.
Економија
BLACK FRIDAY ВО АНХОЧ – Реални попусти до 70% од 28 ноември до 2 декември 2024 година
Оваа година ни даваат многу причини да ги посетиме, особено со примамливите до 70% РЕАЛНИ ПОПУСТИ! Треба само еден краток поглед за да го приметите огромниот избор на десктопи, лаптопи, аудио и видео опрема, смарт уреди и генерално сè што може да замислите од IT опрема.
Изгледа на идеален период да се почастиме со она што вистински ни треба или што едноставно ни причинува задоволство 🙂
Од 28 ноември до 02 декември – Black Friday во Анхоч!
Понуда која најверојатно нема да сакате да ја пропуштите
ПР