Економија
Минимален промет на Македонската берза
И на последниот трговски ден за ова недела на Македонската берза, продолжи малиот промет со тргувањето со хартиите од вредност, а тој изнесуваше 5,834,291,99 денари.
И на последниот трговски ден за ова недела на Македонската берза, продолжи малиот промет со тргувањето со хартиите од вредност, а тој изнесуваше 5,834,291,99 денари. Од овој промет 2,281,899,99 денари се оствари со тргувањето со обврзниците, додека 3,552,392 денари се реализира со акции. Прометот по пазари беше следен, на Официјалниот пазар се оствари 3,914,708,99 денари кој се реализира од 37 трансакции, додека 1,919,583,00 денари од 30 трансакции се реализира на Редовниот пазар хартии од вредност.Главниот индекс на 10 најликвидни компании забележа пораст од 0,09 проценти или за 2,18 поени и оствари вредност од 2,427,65 поени, останатите два индекси МБИД загубија од својата вредност за 10,21 поени или 0,37 во проценти и индексот на обврзници и тој забележа пад за 0,07 проценти и исто толку во поени.На Официјалниот пазар за хартии од вредност најмногу се тргуваше со обврзниците од девизните влогови кој се тргуваа по цена од 95,00 проценти и при тоа со нив се истргуваа 25,877 количина и остварија промет во вредност од 1,512,478,00 денари. Веднаш после овој промет беше и обврзницата од денационализација од деветата емисија со промет од 655,589,36 денари кои се тргуваа по просечна цена од 77,40 проценти или со нив се истргуваа 13,767 количина.Трета хартија од вредност по својот промет на Официјалниот пазар беше и акцијата на Топлификација АД Скопје со остварени 378,150,00 денари кој се реализира од 4 трансакции по просечна цена од 3,781,50 денари што претставуваше пораст на цената за 1,01 процент споредено во однос од четвртокот. Со оваа акција се истргуваа 100 обични акции.На Редовниот пазар за хартии од вредност, а воопшто и на целата берза беше акцијата на Македонски Телеком со реализирани 1,627,410,00 денари промет со кои се истргуваа 3,191 акција по цена од 510,00 денари од акција. Втора по својот промет на овој пазар беше и акцијата на Раде Кончар Скопје со остварени симболични 125,160,00 денари од 1 трансакција реализирана со нив и при тоа се истргуваа 70 акции по цена од 1,788,00 денари од акција.Пет најтргувани хартии од вредност1. Македонски Телеком Скопје2. Р. Македонија обврзници девизни влогови3. Р. Македонија обврзници од денационализација 094. Топлификација Скопје5. Макпетрол СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. Топлификација Скопје 1,01%2. Макпетрол Скопје 0,22%Хартии од вредност со најголем пад1. РЖ Фаморд Скопје 14,29%2. Фершпед Скопје 3,98%3. Раде Кончар Скопје 2,98%4. Ветеринарно Сточарски центар Куманово 2,67%5. Р. Македонија обврзници девизни влогови 0,52%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Рекордни приходи од концесиски надоместоци во 2025 година
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека наплатата на концесискиот надоместок за експлоатација на минерални суровини во 2025 година достигна историски највисоко ниво.
„Наплатата за 2025 година, со вкупни 1.223.455.203,00 денари, претставува историски напредок и силна основа за понатамошно подобрување на системот на концесии во Република Северна Македонија“, соопшти Министерството.
„Овие резултати се директна последица на посветените активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите, вклучувајќи: засилени инспекциски контроли и теренски проверки, испраќање писмени опомени и прекршочни постапки за доцнење со обврските, едностран раскин на 46 договори со концесионери кои не ги исполнувале законските обврски (неплаќање, еколошки прекршоци, неовластено проширување на полиња, пренос на концесија спротивно на законот), стапување во сила на новиот Тарифник од 1 јануари 2025, кој го зголеми износот на концесиски надоместок до 100% и подобра координација меѓу Министерството и општините“, се наведува во соопштението.
Во него се додава деја зголемената наплата директно придонесува за зголемување на буџетите на општините каде работат концесионерите, како и на државниот буџет.
„Зголемената наплата овозможува: значително зголемени буџети на општините во кои работат концесионерите, инвестиции во комунална инфраструктура, поддршка на енергетската транзиција и проекти за обновливи извори и поголеми средства за заштита на животната средина“, појаснува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Економија
„Лукоил“ го продава имотот во странство на американска компанија
Рускиот енергетски гигант „Лукоил“ ќе го продаде поголемиот дел од својот странски имот на американската инвестициска фирма „Карлајл“, објави денес одделот за односи со јавноста на „Лукоил“. Одлуката следува по воведувањето санкции од страна на САД врз руската нафтена компанија во октомври.
САД воведоа санкции врз „Лукоил“ и „Роснефт“, во октомври лани, замрзнувајќи ги американските средства на „Лукоил“ и заканувајќи се со секундарни казни за странските субјекти што работат со нив. Санкциите, првите такви мерки наметнати од втората администрација на Трамп, се дизајнирани да извршат притисок врз Москва да се согласи на мировни преговори во Украина, со оглед на тоа што приходите од фосилни горива играат клучна улога во одржувањето на воените напори на Русија.
Договорот со „Карлајл“ не ги вклучува средствата на „Лукоил“ во Казахстан и сè уште чека одобрение од Министерството за финансии на САД, соопшти руската компанија, додавајќи дека разговорите со други потенцијални купувачи се во тек.
Вредноста на договорот не беше откриена, иако меѓународниот имот на „Лукоил“ се проценува на вредност до 22 милијарди долари.
„Лукоил“ е втор по големина производител на нафта во Русија и една од најголемите компании во земјата, со учество од 2 проценти од глобалното производство на нафта. Покрај удели во нафтени полиња во Казахстан, Узбекистан, Блискиот Исток, Африка и на други места, „Лукоил“ управува и со три рафинерии за нафта во Европа и стотици бензински пумпи низ целиот свет, вклучително и во САД.
Администрацијата на Трамп претходно одобри ослободување од санкции за бензинските пумпи на „Лукоил“ во странство додека продажбата беше во тек. Швајцарската трговска куќа „Гунвор“ првично беше заинтересирана за купување на средствата на компанијата во странство, но ја повлече својата понуда во ноември откако Министерството за финансии на САД ја опиша како „кукла на Кремљ“.
Економија
Божиновска на серија средби со амбасадори: меѓународна соработка за енергетска сигурност
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска оствари серија билатерални средби со претставниците на дипломатскиот кор во земјава. Меѓународната соработка и партнерствата со пријателските земји се клучни за обезбедување на безбедна и одржлива енергетска иднина за нашата земја, истакна Божиновска.
Продлабочувањето на енергетската соработка беше фокус на средбата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со амбасадорката на Литванија, Вилма Дамбраускиене. Акцентот беше ставен на размената на искуства во енергетската транзиција и напредокот на нашата земја на тој план, како и реализација на проекти од енергетскиот сектор во насока на еколошка, економска и социјална одржливост.
Божиновска, на средбата ја истакна посветеноста на Министерството да обезбеди услови за земјата да се насочи кон енергетски одржлив амбиент.
Во рамки на средбите, министерката Божиновска разговараше со амбасадорот на Австрија во Република Северна Македонија Н.Е. Мартин Памер, при што беа разменети мислења за енергетските политики, енергетската транзиција и можностите за австриски инвестиции и експертска поддршка во развојот на одржливи енергетски проекти.
На средбата со амбасадорката на Народна Република Кина во земјава, Џианг Сиаојан се разговараше за размена на искуствата меѓу двете земји, при што беше истакната подготвеноста од кинеска страна за примена на нивните практики во справување со загадување на воздухот и примена на обновливи извори на енергија.
На средбата со амбасадорката на Украина во земјава, Лариса Дир, министерката Божиновска ги презентираше конкретните чекори коишто се преземаат со цел исполнување на европските енергетски стандарди и интеграција во заедничкиот пазар на ЕУ. При тоа, министерката Божиновска ја нагласи подготвеноста на нашата земја да помогне во напорите за заздравување на украинскиот енергетски сектор.
Билатералните средби коишто Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги реализира се потврда за посветеноста на Министерството во насока на остварување на визијата за чиста, праведна и одржлива енергетска иднина

