Економија
Македонски кашкавал на "Бимилк” ја освојува Канада
Препознатливиот и исклучително квалитетен овчи кашкавал на Бимилк е еден од носечките производи на кој се базира амбициозната извозна стратегија на “ИМБ Млекара” Битола за продор на пазарот во Канада.
Препознатливиот и исклучително квалитетен овчи кашкавал на Бимилк е еден од носечките производи на кој се базира амбициозната извозна стратегија на “ИМБ Млекара” Битола за продор на пазарот во Канада.Станува збор за препознатлив македонски производ кој со својот квалитет рамноправно може да се носи и со најпознатите светски сирења. Кашкавалот е произведен од квалитетно овчо млеко откупено од фарми кои обезбедуваат исклучително висок и стандардизиран квалитет.Целта ни е од кашкавалот да направиме вистински бренд препознатлив по својот квалитет и географско потекло, производ произведен на традиционален начин од македонско млеко, објаснува Роко Водопија, директор на Битолската млекарница. Тој потенцира дека “ИМБ” Млекара Битола и досега доста успешно го извезуваше овој производ во земјите од регионот.Според Водопија, ваквата амбициозна извозна стратегија во многу е олеснета со тоа што “ИБМ” функционира како составен дел на системот на “Данубе Фудс”. “Нашите производи се со највисок квалитет, а тоа, пред се, се должи на откупот на најквалитетно млеко. Настојуваме да продолжиме со унапредување на квалитетот на нашите производи, да ја продлабочиме соработката со нашите кооперанти и да ја подигнеме на повисоко ниво, како и да го прошириме асортиманот на производите, кој е респектабилен, со оглед дека во моментов нудиме на пазарот 54 различни млечни производи, објаснува Водопија. /крај/ пд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

