Економија
Берзата со промет од девет милиони денари
Македонската берза за хартии од вредност денеска имаше промет во вредност од 9,010,682,63 денари кој се реализира од 81 трансакции.
Македонската берза за хартии од вредност денеска имаше промет во вредност од 9,010,682,63 денари кој се реализира од 81 трансакции.Повторно најмногу се тргуваше со обврзници, чиј промет изнесуваше 5,516,603,63 денари Вредноста на индексите и во четвртокот забележаа пад на својата вредност од кој најмногу изгуби индексот на Јавно поседувани друштва МБИД кој падна за 2,76 проценти или 73,19 поени и оствари вредност од 2,577,82 поени.Индексот на 10 најликвидни компании падна за 0,70 проценти или 16,66 поени и остварија вредност од 2,350,98 поени, единствено немаше промена кај индексот на обврзниците ОМБ кој остана на својата бројка од 106,38 поени.
На Официјалниот пазар за хартии од вредност повторно најмногу се тргуваше со обврзниците од деветата емисија од денационализација кои остварија вредност од 5,136,222,68 денари по просечна цена од 77,50 проценти од номиналната вредност.
Втора хартија по својот промет на Официјалниот пазар беше и акцијата на Макпетрол АД Скопје со класичен промет од 478,610,00 денари кој се реализира од 5 трансакции, по просечна цена од 26,589,44 денари.
Трета хартија од вредност по својата ликвидност беше и акцијата на Гранит АД Скопје со остварени 435,055,00 денари кои се тргуваа по просечна цена од 635,12 денари.
На Редовниот пазар за хартии од вредност најтргувана хартија од вредност беше акцијата на Индустриски Ладилник Тетово со промет во вредност од 491,705,00 денари кој се оствари од 2 трансакции по цена од 215,00 денари.Втора по својот промет на овој пазар беше и акцијата на Арцелормитал ЦРМ Скопје со остварени 133,610,00 денари промет кој се оствари од 3 реализирани трансакции и при тоа се тргуваа по просечна цена од 133,61 денари.Пет најтргувани хартии од вредност1. Р. Македонија обврзници од денационализација 092. Индустриски Ладилник Тетово3. Макпетрол Скопје4. Гранит Скопје5. Р. Македонија обврзници од денационализација 08Хартии од вредност со најголем раст1. РЖ Услуги Скопје 3,90%2. Ф-ка за цевки 11 Октомври Куманово 3,20%3. Алкалоид Скопје 0,30%4. Р. Македонија обврзници од денационализација 09 0,23%5. Стопанска банка Битола 0,02%Хартии од вредност со најголем пад1. Раде Кончар Скопје 10,51%2. Македонски Телеком Скопје 9,30%3. РЖ Арцелормитал ЦРМ Скопје 4,28%4. ОКТА Скопје 3,95%5. Адинг Скопје 3,00%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

