Економија
Модернизацијата на Блаце – подобра конекција со земјите од ЈИЕ
Стартуваше реконструкцијата на граничниот премин Блаце кој ќе овозможи подобрување на конекцијата со Косово и олеснување на транспортот и размената на стоки.
Стартуваше реконструкцијата на граничниот премин Блаце кој ќе овозможи подобрување на конекцијата со Косово и олеснување на транспортот и размената на стоки.
„Блаце ќе биде по европски стандарди ќе се изгради нова зграда на царината и полицијата објект за контрола на автобуси и патници, две коловозни ленти ќе се забрза протокот на возила автобуси и патници“, изјави министерот за финансии Зоран Ставрески на поставувањето камен темелник за реконструкција на граничниот премин.
Со 324 милиони долари годишно Косово е на листата на топ 10 партнери во размена на стоки, остваруваме најголем суфицит во првите пет месеци од минатата година трговското салдо со Косово изнесувало 35 милиони долари, а за истиот период оваа година изнесува 165 милиони долари.
„Со модернизација на граничниот премин стануваме уште поатрактивна земја за инвестиции со отварање на повеќе работни места Македонија докажува дека е сериозен кандидат за европскиот пазар“, изјави министерот за економија Фатмир Бесими.
Средствата во висина од 15 милиони евра се обезбедени Светската Банка за олеснување на трговијата и транспортот меѓу Македонија и земјите од Југоисточна Европа.
„Македонија како држава без излез на море треба да инвестира во стратешките транспортни врски на граничните премини со што се олеснува комуникацијата со регионот, изјави Беким Имери претставник од Светската банка во Македонија.
За царинската управа ова значи создавање на подобри услови за граничните премини и на царинските контроли сметаме дека проектот ќе биде готов за 14 месеци, изјави Ванчо Каргов директор на Царинската управа.
Димче Алеков претседател на Сојузот на Стопански Комори смета дека ќе се подобри бизнис заедницата преку зголемување на стоковната размена меѓу Македонија и Косово.
Со реконструкцијата на граничниот премин предвидено е зголемување на бројот на сообраќајните лентите од 2 на 4 на влез и од 2 на 3 на излез./крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

