Економија
Макрадули: Одговорете дали сме во рецесија или не
На денешната собраниската седницата, на дневен ред е предложениот ребаланс на Буџетот за 2010 година.Јани Макрадули пратеник од СДСМ рече дека овој ребаланс со катастрофална политика ќе биде товар на граѓаните.
На денешната собраниската седницата, на дневен ред е предложениот ребаланс на Буџетот за 2010 година.
Јани Макрадули пратеник од СДСМ рече дека овој ребаланс со катастрофална политика ќе биде товар на граѓаните.
„Се уште не одговарате дали ние сме во рецесија или не сме, постојано ги менувате изјавите кога ќе се појави пад на индустриското производство велите дека повторно сме во рецесија, одлучете се дали сме или не“, изјави Макрадули.
Макрадули ја критикува власта дека ја уништила економијата, и ги нарече дека се партијата плачковци, а СДСМ партија на палавковци која ќе застане во одбрана на државата, во одбрана на градежното земјиште, државното неизградено земјиште.
„Пратеничката група на насилници кои напаѓаат луѓе мислат дека на тој начин ќе скенираат негативен извештај и предвремени избори. Без навреди да продолжиме да го водиме ребалансот на буџетот“, изјави Силвана Бонева пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.
На почетокот на седницата вицепремиерот Зоран Ставрески изјави дека целта на ребалансот е да ја сочува фискалната стабилност, во корист на стопанството и граѓаните, и да се одржи социјалната стабилност во време на криза.
Најмногу пари или 85 милиони евра се кратат кај капиталните проекти, а за 23 отсто се намалуваат средствата на Агенцијата за државни патишта и за 30 проценти помалку добиваат министерствата за финансии и култура.
Владата на 10 јуни во предложениот ребаланс го намали буџетот за 4 милијарди и 700 милиони денари (76,4 милиони евра) и ги намали платите на премиерот и министрите за 10 отсто. Со ребалансот на буџетот не е предвидено зголемување на даноците и намалување на платите во јавниот сектор и се обезбедува 3,5 милијарди денари за здравство, пензискиот фонд и социјалната помош.
Приходите се проектирани на 138.537.306 илјади денари, расходите на 149.093.306 илјади денари, а дефицитот е 10.556.000 илјади денари. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

