Економија
Власта и опозицијата се “натегаат“ за ребалансот на буџетот
Пратениците веќе втор ден расправаат за ребалансот на буџетот за оваа година а истиот се очекува да биде усвоен утре.
Пратениците веќе втор ден расправаат за ребалансот на буџетот за оваа година а истиот се очекува да биде усвоен утре.
Според новиот предлог, ребалансот треба да ги ревидира приходите за 4,8 милијарди денари а расходите да се намалат за 4,7 милијарди денари.
Министерот за финансии Зоран Ставрески вчера рече дека главната цел на ребалансот е одржување на БДП на ниво од 2,5 проценти посочувајќи дека Македонија ќе има најнизок буџетски дефицит во Европа, по Естонија, доколку го задржи ова ниво.
„Во ова насока се и десетината други мерки за штедење што Владата ги донесе заедно со ребалансот на буџетот“, изјави Ставрески.
Во текот на вчерашниот ден, кога Собранието расправаше за буџетот, пратеникот на опозициската СДСМ ја праша власта дали Македонија е во рецесија или пак не е.
„Се уште не одговарате дали ние сме во рецесија или не сме, постојано ги менувате изјавите кога ќе се појави пад на индустриското производство велите дека повторно сме во рецесија, одлучете се дали сме или не“, изјави Макрадули.
Најмногу пари или 85 милиони евра се кратат кај капиталните проекти, а за 23 отсто се намалуваат средствата на Агенцијата за државни патишта и за 30 проценти помалку добиваат министерствата за финансии и култура.
Владата на 10 јуни во предложениот ребаланс го намали буџетот за 4 милијарди и 700 милиони денари (76,4 милиони евра) и ги намали платите на премиерот и министрите за 10 отсто.
Со ребалансот на буџетот не е предвидено зголемување на даноците и намалување на платите во јавниот сектор и се обезбедува 3,5 милијарди денари за здравство, пензискиот фонд и социјалната помош. /крај/мт/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

