Економија
Романија сака да ја укине рамната стапка на данокот на доход
Романија има намера да ја укине рамната стапка на данокот на доход од 16 проценти и од идната година да воведе повеќе стапки, поттикната од слабите даночни приходи.
Романија има намера да ја укине рамната стапка на данокот на доход од 16 проценти и од идната година да воведе повеќе стапки, поттикната од слабите даночни приходи.
Ова го најави романскиот министер за финансии Себастиан Владеску, за локалните гласила, додавајќи дека владата не може да собере доволно приходи на име на рамната стапка на данок на доход воведена во 2005 година.
Романија се уште е во рецесија, а годинава се очекува да забележи пад на БДП од најмалку еден процент, по минатогодишните 7,1 отсто.
Владата во Букурешт склучи договор за заем во вредност од 20 милијарди евра со ММФ и Светска банка, а од почетокот на овој месец ги намали платите во јавниот сектор за 25 отсто и стапката на ДДВ ја зголеми од 19 на 24 проценти./крај/хина/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Поскапува цената на парното
Парното поскапува за 5,03 проценти, информира на денешната прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.
Според него, причина за поскапувањето е зголемувањето на цената на природниот гас на светските берзи и намаленото производство на ТЕ-ТО кое наместо 60 отсто учествувало со 51,9 отсто во производството на топлинска енергија.
„Врз основа на трите барања од страна на трите компании на ЕСМ кои се занимаваат со производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија одржана е седница и донесена е одлука со која цената за потрошувачите на топлинска енергија во Скопје ќе се зголеми за 5,03 проценти.
Основна причина е поради тоа што предвидената цена за природен гас за месец јули од 37 евра за мегават час а сега признаваме дека имало зголемен трошок и признаваме зголемена цена за 16 проценти а тоа е 43 евра за мегават час. Втора причина која влијаеше за одлуката е тоа што во јули сме предвиделе дека учеството на Те-То во обезбедувањето на вкупните потреби за топлинска енергија ќе иснесува 60 проценти а од топланите во Скопје ќе обезбедиме 40 проценти“, изјави Бислимоски.
Зголемувањето на сметките ќе биде 100 денари за просечно семејство.
Цената ќе се применува од први февруари.
Се очекува наскоро и топлификација Скопје Север да поднесе барање за зголемување на цената на парното во тој дел од градот, најави Бислимоски.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците
Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,38 п.п., при што во декември таа изнесува 2,17%.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,17 п.п. и изнесува 5,30%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.
Економија
Мицкоски: Минималната плата ќе биде онаа што ќе ја договорат работниците и работодавачите
На денешната собраниска седница за пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеничката Јована Тренчевска за тоа дали се планира раст на минималната плата и дали истата ќе изнесува над 500 евра, истакна дека иако на Владата најмногу би му одговарало тоа, минималната плата треба да ја одредат работодавачите и работниците.
„Дали ќе ја зголемиме минималната плата и тоа дали таа ќе била над 500 евра. Мене ако ме прашате лично ќе ви кажам дека 5 илјади треба да биде минималната плата. Со растот на минималната плата можеби Владата најмногу ќе профитира и буџетот.
Не можеби, туку сигурно најмногу ќе профитира затоа што економијата и бизнисот ќе треба пропорционално да ги пондерираат сите плати, што ќе каже дека пропорционално ќе бидат пондерирани и придонесите во буџетот во фондовите итн. реално најмногу можеби ни одговара.
Дали е тоа правилно? Тоа е морален хазард“, истакна Мицкоски.
Тој додаде дека минималната плата ќе биде онаа која што ќе ја договорат работодавачите и работниците, а владата ќе го фасцилитира тој процес
„Минимална плата ќе биде онаа плата којашто ќе ја договорат работодавачите и работодавците.
Ние сме страна која што може да гои фасцилитира тој процес и како таков да го гледа и да го поддржи кога ќе заврши ако има решение. Секое решение кое што тие ќе го поддржат, ние ќе го прифатиме и тука нема никаква дилема. Еве сега во понеделник има една точка на дневен ред која што се однесува до минималната плата.
Се надевам дека работодавачите и работниците ќе постигнат договор, договор којшто ние ќе го поддржиме.“, потенцираше Мицкоски.