Контакт

Економија

Отпуштања во романскиот владин сектор

Објавено пред

Владата на романскиот премиер Емил Бока најави дека ќе го намали бројот на државните секретари и нивните заменици и така ќе заштеди 4,5 до пет милиони евра.

dobivaj vesti na viber

Владата на романскиот премиер Емил Бока најави дека ќе го намали бројот на државните секретари и нивните заменици и така ќе заштеди 4,5 до пет милиони евра. Бројот на државните секретари, како што пишува Бета, ќе се намали од 57 на 34, а на замениците од 85 на 43, а реформите во министерствата продолжуваат со отпуштање на вработените.  Најголем број на вработени треба да отпуштат министерствата за труд, здравство и земјоделство.Од локалната администрација работата треба да ја напуштат повеќе од 50.000 вработени затоа што во јавниот сектор за последните неколку години па дури и минатата година драстично се зголемил бројот на ангажирани работници, а системот останал неефикасен. Владата на Бока се соочува со голем буџетски дефицит што не е во состојба да го намали, затоа што нема доволен прилив на пари во буџетот, па е мора да презема мерки на драстично штедење и задолжување. Единственото можно итно решение беше зголемувањето на ДДВ од 19 на 24 отсто, иако ова никој не го поддржа, па дури ни Владата не беше задоволна, но немаше друго прифатливо решение за ММФ. Пред неколку дена претседателот на Романија Трајан Басеску, бараше ДДВ-то да се врати на 19 отсто и да се воведе данок на сите пензии, што ниту премиерот Бока не го прифати, затоа што ова оданочување не ги покрива приходите од зголемувањето на ДДВ./крај/бета/см



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Седница на советот на Народната банка: Централната банка дава значаен придонес во евроинтегративните процеси на земјата

Објавено пред

Советот на Народната банка на својата редовна седница го разгледа Извештајот за учеството, препораките и активностите на Народната банка во процесите на интеграција во ЕУ, во периодот ноември 2023 – октомври 2024 година. Во Извештајот се дава осврт кон препораките од Програмата за економски реформи 2024 – 2026 година, наодите од поткомитетите во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација во кои учествува Народната банка, проектите на Народната банка финансирани преку ИПА, како и на останати активности поврзани со ЕУ.

dobivaj vesti na viber

Во Извештајот се заклучува дека значаен исчекор во приближувањето кон ЕУ е поднесувањето на барањето од Народната банка за вклучување на нашата земја во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Пристапот во СЕПА ќе им овозможи на граѓаните и на компаниите да добијат поевтини и побрзи прекугранични плаќања во евра. Според Европската комисија, со помош на претпазливата монетарна политика инфлацијата се стави под контрола, сепак потребно е натамошно внимателно оценување, анализа и следење на ценовните движења. Во однос на монетарната политика, оценето е дека има високо ниво на усогласеност со правото на ЕУ во однос на забраната за монетарно финансирање на јавниот сектор и забраната за привилегиран пристап на јавниот сектор до финансиските институции, но и дека е потребно понатамошно усогласување заради задржување на независноста на Народната банка. Банкарскиот сектор е отпорен, додека сетот макропрудентни инструменти е зајакнат. Во однос на платните системи, транспарентноста на условите за користење на платежните услуги е подобрена, откако Народната банка ја воведе алатката за споредба на надоместоците за најчесто користените платежни услуги коишто ги обезбедуваат локалните банки. Треба да се спроведува Законот за платежни услуги и платни системи со цел да се воведат повеќе разновидни висококвалитетни и сигурни платежни услуги, за што ќе придонесе и воспоставувањето унифициран регистар на банкарски сметки.

Советот на Народната банка на седницата донесе и одлуки со кои се усогласува правната рамка за спроведување на монетарните операции со измените и дополнувањата на Законот на Народната банка. Притоа, за унапредување на оперативната рамка на Народната банка и заради примена на најдобрата меѓународна практика, се дефинираа и се воедначија критериумите за пристап на банките и штедилниците до монетарните инструменти за повлекување и обезбедување ликвидност.

Советот на Народната банка разгледа и усвои и други акти од областа на работењето на централната банка.

Прикажи повеќе...

Економија

Компанијата „Зегин“ стекна уште едно признание за општествено одговорна компанија

Објавено пред

Во рамки на 24-тото генерално собрание на Американската комора кое се одржа изминатава недела, се доделија признанија за најдобрите практики на општествена одговорност (CSR) на компаниите-членки.

dobivaj vesti na viber

Kомпанијата Зегин го доби признанието за компанија со една од најдобрите општествено одговорни практики, преку проектот “Партнерство за донирање” кој е поддржан од УСАИД , а имплементиран од Американската стопанска комора.

Признанието се однесува на хуманитарната трка “Зегин Спектратон- трка на херои во сите бои” како дел од кампањата за подигнување на свесноста за лицата со аутизам која е во фокусот на Зегин за оваа година.

Преку хуманитарната трка, но и со дополнителна донација од Фондацијата Д-р Верица Механџиска беа собрани средства со кои започна реконструкцијата на првиот регионален социјален клуб за адолесценти со аутизам.

Со оваа кампања компанијата Зегин заедно со Фондацијата Д-р Верица Механџиска ја отвора шансата за подигнување на свеста, за едуцирање и за потсетување на општеството дека аутизмот не е ограничување, туку различен начин на постоење. Кампањата е упатување на повик за сочувство, за вклучување и за препознавање на сјајот во она што може да изгледа како хаос.

ПР

Прикажи повеќе...

Економија

Димитриеска-Кочоска: Со поддршка од ОЕЦД, Македонија ќе стане дел од земјите што ги имплементираат стандардите за автоматска размена на податоци

Објавено пред

Македонија во наредниот период ќе продолжи да работи сериозно со цел да го потпише Мултилатералниот договор на надлежни органи за автоматска размена на информации, со што ќе се придружи на земјите членки на Глобалниот фонд на ОЕЦД во борбата со даночно затајување во глобални рамки, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која учествува на Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации за даночни цели што се одржува во Парагвај.

dobivaj vesti na viber

Таа рече дека во спроведувањето на процесот на имплементација на стандардите за автоматска размена имаме поддршка од ОЕЦД, која дава огромни можности на земјите кои се подготвени да ги споделат информациите што се насочени кон борбата со даночното затајување. Притоа, потенцира дека е најважна имплементацијата на законите што се носат.

„Земјата веќе добива техничка поддршка од ОЕЦД и верувам дека во наредниот период ќе изградиме даночна администрација која ќе продуцира добри, квалитетни и коректни податоци, имајќи предвид дека во моментот има осум посебни системи од кои се добиваат информациите“, рече министерката, која потенцира дека забрзано ќе се работи и на дигитализација на процесите, што е приоритет на Владата, а тоа е поткрепено и со формирањето на новото Министерство за дигитална трансформација.

Министерката истакна дека едно од прашањата во имплементацијата на овој процес е затворено, а тоа се однесува на банкарскиот сектор, кој е стабилен и силен, и дека со затворањето и на второто прашање, во однос на даночната администрација, може да се очекува во 2027 година веќе да бидеме на листата на земји кои ги имплементираат стандардите за автоматска размена на податоци.

Стандардите за автоматска размена на информации (AEOI) се клучна алатка за јурисдикциите, односно државите, во борбата против даночното затајување и заштита на интегритетот на нивните даночни системи. Глобалниот форум има значајна улога во развојот на капацитетите со цел поддршка и овозможување брза и ефективна имплементација на стандардите од страна на сите земји членки на Глобалниот форум, кои се над 170.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

За вчерашните инциденти со македонското знаме уапсени четири лица, изјави Тошковски

Во текот на вечерта се уапсени осум лица, од кои четири за предизвикување верска и национална омраза, извести министерот за...

Македонија5 часа

„Влен“: Масовната прослава ги поттикна дестабилизаторите, најостро го осудуваме палењето знамиња

„По досега невидената прослава на 28 ноември, додека албанската песна и оро одекнуваа низ целата земја, очигледно оваа празнична атмосфера...

Македонија5 часа

Алијансата за Албанците: Извршителите на овие грди дела не му направиле чест ниту на знамето ниту на својот народ

„Сите знамиња на народите во светот заслужуваат почит. Остро го осудуваме сквернавењето на државното знаме и палењето на албанското знаме,...

Македонија7 часа

ДУИ: Го осудуваме индивидуалниот чин на палење на државното знаме како реакција на несоодветната интервенција на полицијата

„Демократската унија за интеграција остро ја осудува полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме,...

Македонија8 часа

За сквернавењето на македонското знаме е известен јавниот обвинител: се преземаат дејства за расчистување на настанот

Во текот на вчерашниот ден додека се славеше Денот на албанското знаме на две места е снимено сквернавење на македонското...

Македонија10 часа

„Вчерашниот чин на кинење и сквернавење на македонското знаме е крајно вандалски и ние сме згрозени“, велат од Сојузот на борците

„Секогаш и во времето на НОБ заедно сме се бореле за слободата. Вчерашниот чин на кинење и сквернавење на македонското...

Македонија10 часа

„Да газиш и да кинеш, да уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала, платила и плаќа, вложува во тебе – е злосторство и треба да одговараш“, рече Димитриевски

Денеска како човек но и градоначалник на сите граѓани во Куманово од почит кон моите сограѓани од Албанската заедница го...

Македонија10 часа

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме, нарушувањето на јавниот ред и мир, како и употребата на...

Македонија19 часа

Приватните превозници задоволни од предлогот за зголемување на цената по километар, се очекува од понеделник да се вратат во сообраќај

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и приватните превозници се договорија за повисока цена за изминат километар. Координаторот на советничката...

Свет23 часа

(Видео) Путин и’ се извини на Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли тврдењата на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел дека намерно се обидел да ја заплаши...

Македонија1 ден

Мицкоски најави инспекции на универзитетите: „Тие кои нема да ги отстранат недостатоците ќе бидат санкционирани“

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања најави инспекции за сите универзитети кои ќе добијат...

Македонија1 ден

Славески до приватните превозници: Арсовска е непредвидлива жена, ќе ве остави без леб

„Собрав храброст, како некои што ми порачуваат, да се обидеме да ги разјасниме работите за ова што се случува со...

Македонија1 ден

Мицкоски: Многу бргу ќе слушате што сè е правено со безбедносните служби и ќе се срамите

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност...

Македонија1 ден

Гаши за уставните измени до Нова година: Собранието е спремно да ја почне процедурата веднаш штом ќе има политички договор

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека измените за внесување на Бугарите во Уставот во Собранието ќе поминат многу лесно,...

Европа1 ден

(Видео) Експлозии во Киев, нападната е Одеса, огромен руски напад

Експлозии утрово одекнаа во украинските градови Одеса, Кропивницки, Харков, Ривне и Луцк, објавија украинските медиуми Зеркало Тижња и Суспилне, наведувајќи...

Македонија1 ден

Изградил хотел во Скопската чаршија, надградил ходници, скали, рецепција, и тоа без одобрение за градење: поднесено обвинение против инвеститор

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење...

Скопје1 ден

Мицкоски, ако јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз, реагира Арсовска

„Реформата на јавниот сообраќај што ја споменуваш, „патриоту“ Мицкоски, ја вети заедно со мене пред скопјани, ти ја саботираш таа...

Македонија1 ден

Филипче: Почнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации

Со изборот на новото раководство, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија влегува во ново поглавје на своето политичко делување. Во тимот на...

Европа1 ден

Поранешен шеф на МИ6: Европа е во војна со Русија

Европа во моментов не е во предвоена ситуација, туку во војна против Русија, изјави вчера за Скај њуз поранешниот директор...

Европа1 ден

Пред заминувањето Бајден планира да испрати уште еден голем пакет воена помош за Украина

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден подготвува пакет оружје за Украина во вредност од 725 милиони долари, изјавија денеска двајца...