Економија
Боинг:На авиокомпаниите до 2029 ќе им требаат 30 илјади нови авиони
На авиокомпаниите до 2029 година ќе им требаат 30.900 нови патнички и товарни авиони, вредни 3.600 милијарди долари, за да можат да го поднесат растот на авио сообраќајот во светот, а најмногу во Азија.
На авиокомпаниите до 2029 година ќе им требаат 30.900 нови патнички и товарни авиони, вредни 3.600 милијарди долари, за да можат да го поднесат растот на авио сообраќајот во светот, а најмногу во Азија. Ова е најновата проценка на американскиот производител на авиони Боинг, пренесуваат британските гласила.
„Најголемиот пазар во 2009 година го држат патувањата во Северна Америка, а потоа следат азиско-пацифичкиот регион. Ако направиме проекција за идните 20 години на основа на сегашната стапка на раст, очигледно е дека ќе дојде до промена во авио пазарот. Азиско-пацифичкиот пазар ќе биде најголем во светот, а потоа пазарот во Северна Америка, а дури потоа Европа, истакнува директорот за маркетинг во компанијата Боинг, Ренди Тинсет.
Боинг минатата година прогнозираше дека на авиокомпаниите до 2028 ќе им требаат 29.000 нови авиони вредни 3.220 милијарди долари.
Авио индустријата се подготвува за почеток на меѓународниот саем во Фарнбороу, недалеку од Лондон, што почнува идната недела, а е најзначајниот настан на оваа индустрија, што се организира секои две години. /крај/хина/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

