Економија
Државните обврзници најтргувани
На Македонската берза АД Скопје денеска се оствари класичен промет во вредност од 4,240,181,51 денари од 62 реализирани трансакции.
На Македонската берза АД Скопје денеска се оствари класичен промет во вредност од 4,240,181,51 денари од 62 реализирани трансакции. Од овој промет 1,499,080,51 денари се оствари со тргувањето со обврзници додека 2,728,521,00 денари во акции. Вредноста на индексите денеска беа во црвено од кој индексот на 10 најликвидни компании забележа пад на вредноста од 0,96 проценти или 22,77 поени и остварија вредност од 2,340,93 поени, индексот на МБИД и тој забележа пад од 0,07 проценти или 1,85 поени и вредност од 2,588,61 поени, додека единствено немаше никакви промени кај индексот со обврзниците кој остана на бројката од 107,15 поени.Први по својот промет на Официјалниот пазар беа обврзниците од денационализација на Република Македонија од шестата емисија со кои се истргуваа 17,997 количина и при тоа се тргуваа по просечна цена од 80,62 проценти и остварија промет од 892,782,86 денари.
Втора по својот промет беше акцијата на Макпетрол Скопје со реализирани 530,000,00 денари промет од 5 трансакции реализирани со нив, и при тоа се тргуваа по просечна цена од 26,500,00 денари, додека со нив се истргуваа 20 количина.
Трета по својот промет на овој пазар беше и акцијата на Алкалоид Скопје со остварени 330,979,00 денари промет кои се тргуваа по просечна цена од 3,849,59 денари од акција и при тоа со нив се истргуваа 86 обични акции.
На Редовниот пазар за хартии најмногу се тргуваше со акциите на БИМ Свети Николе со кои се истргуваа 338,550,00 денари на промет кои се тргуваа по цена од 9,150,00 денари од акција, што претставуваше скок на цената од 195,16 проценти во однос од последното тргување со овие акции и при тоа со нив се истргуваа 37 количина на обични акции.
Втори по својот промет од тргување беше и акцијата на Ф-ка за цевки 11 Октомври Куманово со остварени 253,662,00 денари кој се оствари од четири трансакции и при тоа со нив се истргуваа 343 количина по просечна цена од 739,54 денари од акција.Пет најтргувани хартии од вредност1. Р. Македонија обврзници од денационализација 062. Макпетрол Скопје3. БИМ Свети Николе 4. Алкалоид Скопје5. Ф-ка за цевки 11 Октомври КумановоХартии од вредност со најголем раст1. БИМ Свети Николе 195,16%2. Бетон Штип 1,45%3. Македонски телеком Скопје 1,39%4. Р. Македонија обврзници од денационализација 02 1,11%5. Р. Македонија обврзници од денационализација 06 0,78%Хартии од вредност со најголем пад1. Стопанска банка Скопје приоритетни 5,37%2. Жито Лукс Скопје 4,97%3. Р. Македонија обврзници од денационализација 05 3,41 %4. Макстил Скопје 2,92%5. Алкалоид Скопје 1,39%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

