Економија
Исклучително низок промет на берзата

Исклучително низок промет од 3.379.536,85 денари (близу 55 илјади евра), преку 54 трансакции, остварен е во вторникот на Македонската берза за хартии од вредност.
Исклучително низок промет од 3.379.536,85 денари (близу 55 илјади евра), преку 54 трансакции, остварен е во вторникот на Македонската берза за хартии од вредност. Од овој промет поголемиот дел од вредноста се оствари на Официјалниот пазар за хартии од вредност од 2.439.544,85 денари преку 40 трансакции, додека тргување во износ од 940.052,00 денари беше остварено на Редовниот пазар преку 14 трансакции. Индексот МБИ10 порасна за 0,25% и изнесуваше 2.376,81, МБИД забележа зголемување на вредноста за 0,13% и достигна 2.544,25, додека ОМБ падна за 0,67% и оствари вредност од 108,85.
Најголемо учество во прометот на Официјалниот пазар имаше акцијата на Комерцијална банка АД Скопје која се тргуваше по просечна цена од 3.269,70 денари и преку седум трансакции беше остварен промет во износ од 863.200,00 денари.
Од акциите втора по реализираниот промет беше акцијата на Алкалоид АД Скопје со која беа остварени 480.195,00 денари по просечна цена од 3.872,54 денари.
Трета по промет на овој пазар беше акцијата на Гранит АД Скопје со остварени 286.421,00 денари кои се тргуваа по просечна цена од 619,96 денари.
Од обврзниците најтргувана беше обврзницата од старото девизно штедење на Република Македонија во износ од 105.286,98 денари по просечна цена од 95,53.
На Редовниот пазар најмногу се тргуваше со акциите на Тутунска банка АД Скопје со кои се истргуваа 330.600,00 денари на промет кои се тргуваа по цена од 3.800,00 денари од акција, и при тоа со нив се истргуваа вкупно 87 акции. /крај/еб/ап/Пет најтргувани хартии од вредност1. Комерцијална банка АД Скопје2 Алкалоид АД Скопје3. Тутунска банка АД Скопје4. Гранит АД Скопје5. Индустриски ладилник АД ТетовоХартии од вредност со најголем раст1. Комерцијална банка АД Скопје 1,25%2 Тутунска банка АД Скопје 1,10%3. Алкалоид АД Скопје 0,37%4 Р. Македонија обврзници од денационализација 03 0,15% 5. Македонски телеком АД Скопје 0,10%Хартии од вредност со најголем пад1. Попова кула АД Демир капија 4,55%2. Цементарница Усје АД Скопје 2,99%3. Бетон АД Скопје 2,52%4 Р. Македонија обврзници од денационализација 09 1,50%5. Р. Македонија обврзници од старо девизно штедење 0,80%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Божиновска: Новата ТС Охрид го поврзува Балканот и европскиот пазар на електрична енергија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес изврши теренска посета на градилиштето за изградба на новата трансформаторска станица Охрид (ТС Охрид), дел од проектот за интерконекција Македонија–Албанија. Проектот опфаќа две целини – LOT 1: далноводот Битола – граничен премин со Албанија и LOT 2: изградба на трансформаторската станица Охрид во близина на селото Мешеишта.
Божиновска се запозна со текот на интензивните градежни активности што се одвиваат на површина од 80.000 метри квадратни: изградба на потпорни ѕидови и наклони, градежни работи на командната зграда, комплетирани фундаменти и започната монтажа на челични носачи и опрема во 400 kV постројка.
„Со реализацијата на овој проект, Северна Македонија гради мост кон европските пазари на електрична енергија, создава услови за стабилно и економично снабдување за граѓаните и отвора простор за приклучување на нови производители од обновливи извори – што е наш врвен приоритет, “истакна Божиновска.
Изградбата на новата 400 kV линија е стратешко зајакнување на стабилноста и сигурноста на електроенергетската мрежа на земјава. Со тоа се заокружува електроенергетското поврзување со сите соседи, што овозможува не само зголемена стабилност и доверливост, туку и активно учество на пазарите за балансни и системски услуги и размена на енергија во регионот.
При посетата, таа беше пречекана и детално информирана за напредокот на проектот од страна на проект менаџерот Дарко Докузовски.
Економија
Поставен камен-темелник на новата фабрика на „Чагатај кабло“, инвестиција вредна 6 милиони евра

Поставен е камен-темелник на новата фабрика на „Чагатај кабло“, инвестиција вредна 6 милиони евра и 200 нови работни места, изјави премиерот, Христијан Мицкоски.
„Компанијата ‘Чагатај кабло’ почнува со изградба на нова фабрика во рамките на ТИРЗ Скопје 1. Се работи за инвестиција во вредност од 6 милиони евра. Ќе се изгради објект со површина од 10.000 квадратни метри и ќе се отворат нови до 200 работни места или вкупно, како што рече и претседателот на управниот одбор, ќе дојдеме до бројка од 500 работни места, кои ќе произведуваат овде во производните капацитети на компанијата ‘Чагатај кабло’“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека со ова ќе се воведат нови технологии, ќе се прошири капацитетот и ќе се создаде идна вредност што ќе остане овде – во нашата татковина.
Секој ваков почеток не е добар само за компанијата, додаде Мицкоски, туку е добар за локалната заедница, добар за националната економија и добар за иднината на секој млад човек што сака да остане овде.
„Нашата цел е да ја направиме Македонија земја на можности. Земја во која трудот се исплати. Земја во која инвестицијата има смисла. Земја во која институциите се партнери на бизнисот – не пречка, туку поддршка“, рече Мицкоски.
Економија
Инвестиција од 1 милијарда евра на „Казанџи груп“ за изградба на гасни централи, трајно решение за аерозагадувањето, најави ВМРО-ДПМНЕ

Приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е создавање услови за нов циклус на економски раст. Се поттикнува економската слобода на инвеститорите преку креирање на фер услови за сите стопански субјекти. Се враќа довербата на странските инвеститори за своите инвестиции да ги пласираат во државата, да отворат нови или да ги прошират своите капацитети. За разлика од минатото кога имаше недостаток на доверба кај инвеститорите во владата на СДС и ДУИ сега домашните и странските инвеститори имаат партнер во владата на ВМРО-ДПМНЕ, велат од владејачката партија.
Од таму наведуваат дека се официјализираше меморандум за соработка со компанијата „Казанџи груп“ којашто е светски гигант во енергетиката. „Казанџи Холдинг“, е водечка турска компанија со преку 25 години искуство, оперира со инсталиран капацитет од над 3,500 MW во осум држави и е активна во 22 земји на четири континенти.
„Во Македонија „Казанџи груп“ ќе инвестира 1 милијарда евра за изградба на секундарна гасоводна мрежа, топловодна мрежа и когенеративните централи со 500 MW инсталиран капацитет кои произведуваат 4,1 TWh електрична енергија и 720 GWh топлинска енергија на годишно ниво. Освен енергетската стабилност, со градењето на когенеративни гасни централи, трајно се решава загадениот воздух. Со оваа и останатите инвестиции во енергетиката државата ќе стане енергетски независна. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има јасна стратегија и план за енергетскиот сектор во служба на граѓаните. За енергетска ефикасност, енергетска стабилност и независност на државата. Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.