Економија
Станојковски: Отворање на 1.350 нови работни места
Досега од Европската инвестициска банка одобрени се 35 милиони евра за финансирање на малите и среди претпријатија, изјави за Макфакс Александар Станојковски, директор за кредитирање и гаранции при Македонската банка за поддршка и развој.
Досега од Европската инвестициска банка одобрени се 35 милиони евра за финансирање на малите и среди претпријатија, изјави за Макфакс Александар Станојковски, директор за кредитирање и гаранции при Македонската банка за поддршка и развој.
Во интервју за Макфакс, Станојковски рече и дека се подготвува и петта транша за повлекување на средства, а од досега одобрените проекти се очекува отвoрање на 1.350 работни места.
-На колку фирми досега им се одобрени кредити и во колкава вредност ?Македонската Банка за поддршка и развој (МБПР) преку реализација на 12 кредитни програми во моментот има кредитни пласмани во износ од 92 милиони евра при што како крајни корисници се јавуваат повеќе од 1.200 микро, мали и средни компании и извозни компании со седиште во Р.Македонија.
-Во кои сектори најчесто се одобрени кредити?По гранки одобрени кредити се во прехранбената индустрија 8,1 отсто, текстилна индустрија 8 отсто, потоа графичка индустрија и градежништво, производство на мебел и производи од дрво , земјоделство и сточарство, а има и во производство на хемиски производи како и во медицина и во образование. Поддржани проекти за компании со седиште во Скопје се 40 отсто од вкупниот број на проекти додека останатите 60 отсто од вкупниот број на поддржани проекти се на компании со седиште надвор од Скопје.
-Кој ги контролира одобрените средства и дали се контролира како се трошат парите?Договорите за кредит крајните корисници ги склучуваат со деловните банки учеснички кои ја вршат и првичната контрола на наменското користење на средствата т.е. дали средствата се искористени за намената за која биле побарани. На пример, ако се работи за инвестиција за набавка на опрема, банката средствата преку своите инструменти (СВИФТ плаќање) во име на инвеститорот и согласно договорите за купопродажба и фактурата го врши плаќањето. Со тоа банката е сигурна дека средствата се уплатени наменски за набавка на специфицираната опрема согласно утврдените договори, фактури и програма.
-Колку досега транши се одобрени и во колкава вредност?Досега беа одобрени 35 милиони евра од ЕИБ и повлечени во четири транши. МБПР прави припрема за повлекување на петта транша. Веќе располага со одобрени барања во износ од 12 милиони евра, а минималниот износ за повлекување од ЕИБ е 3 милиони.
-Колку досега работни места се отворени со кредитите?Согласно доставената проектна документација за веќе одобрените 159 проекти се очекува да се отворат 1.350 нови работни места. Со оглед дека најголем дел од инвестициите се во фаза на реализација, изградба на објекти, набавка и инсталирање на опрема, пробно производство, отворањето на новите работни места во моментот се одвива со соодветна временска динамика.
-До каде е процесот за вашата банка директно да го кредитира стопанството, зошто сеуште ја немате таа можност?Со законот за МБПР кој што стапи во сила во септември 2009 година е предвидено МБПР своите активности да ги врши преку други банки или небанкарски институции или директно. Со тоа на МБПР и се даде можност директно да презема кредитен ризик. Па така, МБПР во изминатиот период ја прошири својата активност во делот на директно преземање на кредитен ризик по основ на трговско кредитно осигурување кај компании кои имаат домашни или побарувања од странство.
-Дали сте задоволен од интересот на компаниите?Мислам дека ова прашање пред се треба да се одговори од банките учеснички кои имаат директен контакт со крајните корисници, но сепак би сакале да нагласиме дека сите кредитни барања доставени до деловните банки се одобрени од ЕИБ. Исто така би сакале да напоменеме дека условите под кои се одобруваат кредитите од ЕИБ кредитната линија, се едни од најповолните./крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Николоски: Градежништвото повторно со двоцифрен раст
Вицепремиерот Александар Николоски соопшти дека градежниот сектор бележи раст од 14,6 проценти во четвртиот квартал од 2025 година, истакнувајќи дека во земјата се реализираат бројни капитални проекти.
„Раст од 14,6% бележиме во време кога ги градиме капиталните проекти, автопатите, железницата, регионалните и локални патишта и голем број комунални проекти“, напиша Николоски на Фејсбук.
Тој посочи дека градежништвото бележи континуиран пораст во текот на 2025 година.
„Особено ме радува фактот што градежништвото е во континуиран пораст и тоа во 2025 година во третиот квартал имавме 21% раст, а четвртиот квартал бележиме 14,6% раст (и покрај зимскиот период каде поради природните услови градежните активности се намалуваат)“, наведува Николоски.
Според него, Македонија е меѓу земјите со најголем раст на БДП, при што во четвртиот квартал економијата пораснала за 3,8 проценти.
„Македонија се гради и се развива – следуваат нови инфраструктурни проекти“, објави Николоски на својот Фејсбук профил.
Економија
Од полноќ поскап бензин, цената на дизелот останува иста
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13% во однос на одлуката од 27.2.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,977%, кај дизелот за 0,464%, кај екстра лесното масло за 0,370% и кај мазутот зголемувањето е за 3,965%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1035%.
Од 3.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 35,542 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,022 ден/кг и сега ќе изнесува 35,542 ден/кг.
Економија
ТИТАН Усје: Работиме согласно сите закони, емисиите се мерат 24 часа со независен мониторинг – нема надминувања на лимитите
ТИТАН Усје соопшти дека повеќе од 70 години работи како одговорна компанија во земјата, придонесувајќи за националниот развој, локалната економија и снабдувањето со основни материјали за клучни инфраструктурни објекти, меѓу кои болници, брани, патна и јавна инфраструктура.
Од компанијата наведуваат дека грижата за животната средина е нивна основна вредност и дека ја следат јавната дебата поврзана со квалитетот на воздухот и заштитата на животната средина, давајќи, како што велат, транспарентен придонес кон решавање на овие прашања.
„Работиме целосно во согласност со сите важечки закони, подзаконски акти и барањата на нашата А – Интегрирана еколошка дозвола – честопати применувајќи внатрешни стандарди кои се и построги од законските обврски. Нашите емисии континуирано се мерат преку 24-часовен независен мониторинг, со податоци јавно достапни и редовно доставувани до надлежните органи и до медиумите. Редовните и ненајавените инспекции од страна на надлежните тела не констатираат никакви надминувања на законските лимити“, велат од ТИТАН Усје.
Како членка на Групацијата ТИТАН, компанијата информира дека ги следи меѓународно признатите практики и ESG стандарди, со долгорочна посветеност на заштитата на животната средина, вклучувањето на заедницата и современото корпоративно управување.
Во изминатите 15 години, ТИТАН Усје инвестирала повеќе од 29 милиони евра во одржливо производство и еколошки технологии, а дополнителни три милиони евра се планирани до 2029 година.
Од компанијата посочуваат дека нивни приоритети остануваат партнерствата, благосостојбата на вработените и континуираната поддршка на заедницата.

