Економија
Раст на МБИД и ОМБ на Македонската берза
Во средата на Македонската берза за хартии од вредност беше остварен промет во вредност од 8,989,172,21 денари.
Во средата на Македонската берза за хартии од вредност беше остварен промет во вредност од 8,989,172,21 денари. Од овој промет поголемиот дел од вредноста се оствари на Официјалниот пазар за хартии од вредност од 7,421,312,71 денари, додека тргување во износ од 1,567,860,00 денари беше остварено на Редовниот пазар. Индексот МБИ10 падна за 0,48% и изнесуваше 2,337,05 поени, МБИД забележа пораст на вредноста од 0,83% и изнесуваше 2,566,01 поени, додека ОМБ исто порасна за 0,07% и оствари вредност од 109,29 поени.Најголемо учество во прометот на Официјалниот пазар имаше акцијата на Комерцијална банка АД Скопје која се тргуваше по просечна цена од 3,282,92 денари од акција и преку 10 трансакции беше остварен промет во износ од 3,036,700,00 денари, и при тоа со нив се истргуваа 925 акции.
Втора хартија од вредност по реализираниот промет беше акцијата на Алкалоид АД Скопје со која беа остварени 1,798,213,00 денари промет а при тоа се тргуваа по просечна цена од 3,801,72 денари, додека со нив се истргуваа 473 количина.
Трета по промет на овој пазар беше акцијата на Макпетрол АД Скопје со остварени 962,006,00 денари кои се тргуваа по просечна цена од 26,000,16 денари и при тоа со оваа акција се истргуваа 37 количина на обични акции.На Редовниот пазар најтргувана хартија од вредност според класичниот промет беше акцијата на Македонски Телеком Скопје со кои се истргуваа 759,900,00 денари на промет кои се тргуваа по цена од 399,95 денари по акција, додека вкупно се истргуваа 1,900 количина. Втори по својата вредност беше и акцијата на Тутунска банка Скопје со кои се истргуваа 64 акции по цена од 3,705,31 денари за акција и остварија промет во вредност од 237,140,00 денари.Пет најтргувани хартии од вредност1. Комерцијална банка Скопје2 . Алкалоид Скопје3. Макпетрол Скопје4. Македонски Телеком Скопје5. Р. Македонија обврзница од денационализација 04Хартии од вредност со најголем раст1. Стопанска банка Скопје 8,68%2. Земјоделски Комбинат Пелагонија Битола 1,17%3. Р. Македонија девизни влогови 0,61%4. Стопанска банка Битола 0,03%5. Македонски Телеком Скопје 0,02%Хартии од вредност со најголем пад1. Пекабеско Скопје 25,00%2. Скопски Пазар Скопје 12,48%3. Р. Македонија обврзници од денационализација 07 2,38%4 Алкалоид Скопје 1,26%5. Тутунска банка Скопје 1,20%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

