Економија
Лозарите бараат итна средба со Димовски
Итна средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски бараат македонските лозари и најавуваат превземање на рестриктивни мерки, доколку државата нема слух за нивните проблеми.
Итна средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски бараат македонските лозари и најавуваат превземање на рестриктивни мерки, доколку државата нема слух за нивните проблеми.
Како што соопшти Федерацијата на фармери на Македонија (ФФРМ), лозарите од сите региони одржале средба во Неготино, на која ја разгледана владината мерка за субвенција од два денари за преработувачи доколку откупат минимум 65 отсто од лани откупената количина.
„ФФРМ не е оптимист дека со оваа одлуката на владата ќе се решат проблемите на лозарите, кога до скоро винариите изјавуваа дека и без пари да се откупи грозјето, тие не се во можност да го прифатат“, се вели во соопштението, во кое се бара преземање на низа други мерки.
Според Фармерите, и покрај тоа што од винариите било побарано во најкус рок да се изјаснат колку можат да откупат, тоа не се случило.
ФФРМ бара итна средба со Министерот Димовски поради краткиот временски период до бербата на винското грозје и за проблемите кои, според нив, ќе настанат во наредните денови.
Лозарите бараат цената за килограм грозје да се задржи на ниво на цените на 2008 година или да биде неколку денари повисока од производната.
Истовремено се бара на винариите кои го немаат исплатено грозјето од минатата реколта и да им се забрани откуп на грозје од овогодишната реколта.
„Државата да закупи дел од капацитетите на винариите и да го преработи поголемиот дел од вишокот на грозје, да се преземат активности за можен извоз на грозје на странските пазари, конкретно Албанија, Србија и Бугарија, како и да се забрани винариите да извезуваат шира или гроздова каша“, се вели во барањето на ФФРМ. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23% во однос на одлуката од 22.12.2025 година.
Од 30.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 72,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 65,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,649 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,042 ден/кг и сега ќе изнесува 33,649 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,908%, кај дизелот за 1,970%, кај екстра лесното масло за 1,282% и кај мазутот зголемувањето е за 5,201%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1801%.
Економија
Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во третиот квартал од 2025 година
Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција, извести Народната банка.
На крајот на третиот квартал од 2025 година:
„На 30.9.2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4.494 милиони евра (или 27,1% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во третиот квартал од 2025 година, е намален за 106 милиони евра, или за 2,3%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67%.

Во текот на третиот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е намалена за 250 милиони евра и изнесува 8.738 милиони евра, што претставува 52,7% од проектираниот БДП за 2025 година“.
Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на следната врска.
Економија
Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители
Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари кон 663 оризопроизводители.
Исплатата се однесува за финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупувачки центри, за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година, со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта.
Министерството за земјоделство соопшти дека нивна цел останува зајакнувањето на домашното производство и поддршката на земјоделците.
Фото: pexels

