Економија
Договорот за гас меѓу Германија и Курдистан е нелегален
Ирачкото Министерство за нафта го оцени за нелегален договорот потпишан од германската енергетска компанија RWE со владата на автономниот ирачки регион Курдистан за експлоатација на гасно поле, што би можел во иднина да се вклучи на идниот гасовод “Набуко”.
Ирачкото Министерство за нафта го оцени за нелегален договорот потпишан од германската енергетска компанија RWE со владата на автономниот ирачки регион Курдистан за експлоатација на гасно поле, што би можел во иднина да се вклучи на идниот гасовод “Набуко”. „Секој договор надвор од правната рамка, е нелегален. Никој надвор од Министерството нема право да потпишува договор за извоз на нафта или гас “, се вели во соопштението на министерството. Ирачката влада одбива да признае договори склучени меѓу нафтените компании и автономниот ирачки регион Курдистан. Гасоводот „Набуко”, кој е проект на меѓународен конзорциум, треба да поврзе наоѓалишта на гас во Централна Азија со Европа преку Турција и Југоисточна Европа, а да ја заобиколи Русија. Целта е да се намали зависноста на Европа од рускиот гас. Конзорциумот се надева дека гасоводот да почне да дејствува во 2014 година. Како одговор на овој проект рускиот „Гаспром” (Газпром) застана зад проектот за гасоводот “Јужен Тек”, кој се планира да поминува во Италија и Грција, поминувајќи под Црното Море и да ја заобиколи Украина./крај/РИА/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

