Економија
Њујорк и Осло – најскапи градови во светот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/27d094ab-5347-4ee9-b236-290f2d06b091.jpeg)
Њујорк и понатаму е најскап град на светот, но ако се одземат трошоците за станарина, првото место го зазема норвешката престолнина Осло, каде цените се за 35,4 отсто повисоки од просечните цени, покажува најновото истражување на швајцарската банка УБС.
Њујорк и понатаму е најскап град на светот, но ако се одземат трошоците за станарина, првото место го зазема норвешката престолнина Осло, каде цените се за 35,4 отсто повисоки од просечните цени, покажува најновото истражување на швајцарската банка УБС.
Цените, заработувачката и куповната моќ во 73 големи градови во светот во периодот меѓу март 2009 и јуни 2010 година ја покажа ранг листата на најскапите градови во светот, Цирих, Женева, Токио, Копенхаген и Стокхолм.
Лондон се најде на 10-то место, Париз на 14-то, Дубаи на 16-то и Лос Анџелес на 17-то. Москва која се смета за скап град, го зазеде 44 место на оваа листа.
Најниски трошоци за живот имаат Букурешт, Манила и Мумбаи. Изненадувачки е што Куала Лумпур, главниот град на Малезија и нејзиниот финансиски центар, исто така е меѓу петте градови на дното.
По висината на платата, на прво место е Цирих, па следуваат Женева и Њујорк, додека најниски се примања во Џакарта, Манила и Мумбаи.
Најголема куповна моќ има населението во Цирих, Сиднеј, Мајами и Лос Анџелес, а најниска во Џакарта и Манила.
Студијата на УБС банка исто така покажа дека разликата во животните трошоци на западноевропските и источноевропските градови за година дена се намалила за девет проценти и досега изнесува 26 отсто, без разлика на тоа дали станарините се земаат во предвид.
Рангирањето е објавено според цените на кошничката со 122 производи и услуги, стандардни за западна Европа, при што Њујорк послужи како основа за споредување. Меѓу производите се најдоа книги, млеко, компјутери, цигари и „биг мек“. /крај/бл/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Економија
Англиска компанија бара партнери за соработка од Македонија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/03/kompanija.jpg)
Сојузот на стопанските комори на Македонија го споделува барањето на компанијата „Марион трејдинг“, со седиште во Обединетото Кралство, која е специјализирана за дистрибуција на источноевропски прехранбени производи.
Моментно бараат сигурен деловен партнер за набавка на производи од ферментирана зелка.
Нивниот годишен обем на набавки за овие производи е приближно 1.000 тони и сакаат да воспостават долгорочно партнерство со доверлив доставувач, велат од Стопанската комора.
Сите заинтересирани компании за соработка може да се пријават најдоцна до 20.2.2025 година до 14 часот на следниот имејл: [email protected]
Економија
Божиновска со претставници на германската банка КфВ: Поддршка за рентабилноста на ЕСМ и инвестиции во обновливи извори
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/13-1.jpg)
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со претставници на германската банка КфВ, на која се разговараше за можностите за идни инвестиции во енергетскиот сектор, како и за поддршката на банката во процесот на трансформацијата на АД ЕСМ во рентабилна и модерна компанија.
На состанокот претставниците на КфВ ја потврдија својата посветеност за соработка со Македонија во областа на одржливата енергетика. Тие ја истакнаа важноста на стратешките инвестиции, кои ќе придонесат за модернизација на енергетската инфраструктура и забрзана транзиција кон обновливи извори на енергија.
Банката КфВ веќе учествува во значајни енергетски проекти во земјата, како што се финансирањето на втората фаза од ветерниот парк во Богданци и изградбата на фотонапонската електрана „Битола 2“. Овие инвестиции, вредни 55 милиони евра, ќе обезбедат дополнителни капацитети за обновлива енергија зајакнувајќи ја енергетската независност на земјата.
Ветерниот парк во Богданци, со новите турбини, ќе го зголеми своето производство на електрична енергија, а фотонапонската централа „Битола 2“, која ќе биде завршена во 2027 година, ќе произведува до 90 GWh годишно – доволно за снабдување 20.000 домаќинства.
Од банката КфВ ја нагласија заложбата за поддршка на македонската влада во исполнување на климатските и енергетските цели усогласени со европските стандарди.
Средбата заврши со согласност за продолжување на соработката, особено во делот на инвестиции во обновливи извори и подобрување на енергетската ефикасност на национално ниво.
Економија
Трипуновски: Визионерски се работи да се зголеми сточниот фонд, во новата програма предвидени се зголемени субвенции
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-12-152638.jpg)
„Ако пред десетина години сточниот фонд на крупна стока во државата изнесуваше околу 260.000 грла, денес по седум години погубни политики на минатата власт сточниот фонд изнесува нешто помалку од 140.000 грла“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од собраниска говорница одговарајќи на пратеничко прашање.
„Имаме сериозен пад на млекопроизводство, тоа е се резултат на погрешни политики, лоша земјишна политика, неисплата на субвенциите, без конкретни мерки и програми. Но, тоа време заврши и изминатите 6-7 месеци како власт работиме интензивно како да го вратиме сточарството во Република Македонија и млекопроизводството меѓудругото како еден од најважните производи“, појасни министерот.
Трипуновски додаде дека субвенциите не се намалени туку напротив се зголемени.
„Во минатогодишната Програма субвенцијата за грло крупна стока изнесуваше 12.000 денари за крава и 5 денари за литар млеко предадено во преработувачки капацитет. Оваа година во Програмата за 2025 година поддршката изнесува за грло 8.000 денари и 6 денари за литар предадено млеко во преработувачки капацитети“, истакна тој.
Посочи дека ако една крава има просечно лактација од 6.000 литри во текот на годината, ако се помножи 6.000 литри со 6 денари субвенција која што е предвидена во Програмата за 2025 година тоа се 36.000 денари. И кога на тие 36.000 денари се додадат и дополнителните 8.000 денари за грло крава се добива сума од 44.000 денари.
Министерот додаде дека според старата Програма субвенцијата изнесуваше 12.000 денари по грло и субвенција од 5 денари за предадено литар млеко, тогаш сточарите земале само 42.000 денари.
„Оваа година за првпат ја воведуваме мерката за оставено женско теле, односно можност за зголемување на основното стадо на секој еден фармер. Сумата која што ќе ја добие секој еден фармер за оставено женско теле е 3.000 денари дополнителна субвенција“, најави Трипуновски.
Тој нагласи дека Министерството визионерски работи на зголемување на сточниот фонд во Република Македонија.