Економија
Цената на памукот на рекордно ниво

Цената на памукот достигна рекорно ниво од еден долар за фунта (0,45 килограми) поради стравување дека светскиот пазар ќе се соочи со дефицит на оваа суровина што би довело до слаб род во Азија.
Цената на памукот достигна рекорно ниво од еден долар за фунта (0,45 килограми) поради стравување дека светскиот пазар ќе се соочи со дефицит на оваа суровина што би довело до слаб род во Азија.
Цената на памукот наменет за испорака во декември се зголеми за 30 отсто на почетокот на август, од 1,0198 долари за фунта, што претставува максимално ниво од 1995 година, пишува „Фајненшл тајмс“.
Во Кина, како најголем светски производител и увозник на памук, родот го загрозуваат обилните дождови, посочуваат експертите, а Индија како втор производител по големина не планира да го ограничи извозот на памук.
Поплавите во Пакистан, како четврти извозник на памук, уништија најголем дел од насадите. /крај/смедиа/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Сѐ уште не си бил клиент на Credissimo? Ова е вистинскиот момент да им се довериш!

Credissimo е една од водечките Финтек-структури во небанкарскиот финансиски сектор во Македонија. Компанијата постојано се стреми да нуди нови и современи решенија за краткорочно финансирање на своите клиенти. За последните 5 години, колку што е активна оваа компанија на македонскиот пазар, може да се пофали со повеќе од 100 000 корисници и повеќе од 92 % задоволни клиенти.
Ако досега не си бил клиент на Credissimo, ова е вистинскиот момент да им се довериш!
Во текот на целиот месец, може да аплицираш за твојот прв Credissimo Плус до 30 000 ден. со период на исплата од 3 месеци со 0 % камата. Промоцијата е валидна само за нови клиенти на Credissimo кои немаат одобрен брз кредит и важи во периодот од 01.03.2021 г. до 31.03.2021 г.
Земи го твојот прв бескаматен кредит на рати во 3 лесни чекори:
- Поднеси апликација за сума од 6 000 ден. до 30 000 ден. со период на исплата од 3 месеци;
- Добиј одобрување за неколку минути;
- Парите ги добиваш на твојата трансакциска сметка.
Операторите на Credissimo се достапни да одговорат на твоите прашања во секое време преку чатот на нивниот сајт.
Промотивните услови важат за периодот од 01.03.2021 година до 31.03.2021 година и се однесуваат само за нови клиенти кои ги исполнуваат условите за одобрување кредит Credissimo Плус до 30 000 денари, со рок на враќање до 3 (три) месеци. Кредитните барања се одобруваат согласно ОУ на ФД Кредисимо ДООЕЛ Скопје.
* За одобрен кредит Credissimo Плус на нов клиент, во износ до 30 000 денари, со рок на враќање до 3 (три) месеци, фиксната каматна стапка е 0 % и таа изнесува 0 денари. Дополнителните трошоци при одобрување на кредитот, коишто се дел од стапката на вкупни трошоци (СВТ), за одобрениот рок на враќање изнесуваат исто така 0 денари.
(ПР текст)
Економија
Годишната инфлација во еврозоната во февруари стабилна

Годишната инфлација во еврозоната остана на 0,9 проценти во февруари, бидејќи порастот на цените на свежата храна, услугите и индустриските добра го надминаа падот на цените на енергијата, покажаа проценките на Европскиот завод за статистика.
На месечна основа, според проценките на Евростат потрошувачките цени се зголемиле за 0,2 проценти.
Цените на свежата храна по овие анализи пораснале најмногу на годишно ниво, за 1,4 проценти.
Следни се услугите, со пораст на цените за 1,2 проценти.
Тежината на инфлацијата и натаму се енергенсите, со пад на цените од 1,7 проценти во споредба со истиот месец лани.
Меѓу членките на еврозоната со најголема годишна инфлација е Холандија, со 1,9 проценти. Следува Германија со 1,6 проценти повисоки цени во споредба со февруари минатата година.
Пад на цените на потрошувачка се забележани во седум земји членки на Унијата.
Предводи Грција со 1,9 проценти пониски цени од февруари минатата година. Следува Словенија, со 1,1 процент пониски цени.
Економија
(Видео) Бесими: Во ковид-кризата реагиравме со брзи и интерветнтни мерки

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, и министерот за финансии, Фатмир Бесими, присуствуваа на работна средба во Стопанската комора, на која се разговараше за неколку иницијативи од страна на Комората, усогласување на царинскиот тарифник со ЕУ, анализа на парафискалните давачки и прашањето за холдинг.
Вицепремиерот Битиќи истакна Владата има отворен пристап кон соработката со стопанските комори и дека тие се еден од клучните фактори не само како претставник и застапувач на потребите на бизнис-заедницата туку и како иницијатори и партнери во креирањето политики.
Министерот за финансии, Бесими, посочи дека главен предизвик на Владата и на Министерството во ковид-кризата е да се реагира со брзи и интервентни мерки за да им се даде поддршка на компаниите во справување со кризата предизвикана од глобалната пандемија, креирање мерки за ревитализација на економијата, а во исто време и создавање долгорочни системски мерки за поинтензивен и одржлив економски раст.
Од страна на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, беше истакнато дека соработката и комуникацијата со Владата е на многу високо ниво преку одржаниот голем број работни средби, притоа во рамките на платформата за јавно приватен дијалог се отворени многу стратешки теми, кои чекаа да бидат отворени повеќе од една деценија.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер