Контакт

Економија

Сашко Самарџиоски нов претседател на Индустриската комисија

Објавено пред

На редовното годишно собрание на Индустриската  комората одржано во четвторкот, за нов претседател на комората е избран Сашко Самарџиоски

„Во својот мандат како претседател на Индустриската комората одговорно ќе се залагам за фокусирање кон проблеми на бизнисмените и нивно решавање во интерес на компаниите-членки на Комората”, изјави Сашко Самарџиоски, веднаш по изборот за претседател на Индустриска комора. Тој досега беше член на Управниот одбор на Индустриска комора и Сојуз на стопански комори. Самарџиоски е генералнен директор на „Прилепска пиварница“. На седницата беше разгледано досегашното работење на Индустриската комора, беа одредени идните активности, а присутните членови ја дополнија листата на членови на Управен одбор. Како претседател на Индустриската комора, досега успешно раководеше Димитар Богданоски, директор во „Микросам“ Прилеп.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Шахпаска: Преку програмата за самовработување, сопствен бизнис отвориле 1.191 лице

Објавено пред

Оперативниот план за активни мерки за вработување за 2018 даде добри резултати во интерес на граѓаните. Со него се вработени 6.374 лица од кои над 50 отсто се млади лица до 29 години, изјави на прес-конференција Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

„Преку програмата за самовработување, сопствен бизнис отвориле 1.191 лице. Со мерката субвенционирање на плати вработени се 759 лица, додека преку мерката вработување и раст на правни субјекти вработени се 347 лица. Позитивни се резултатите и мерката гаранција за млади, која во претходната година како пилот-проект се спроведе во три општини, Струмица, Гостивар и Град Скопје. Само во овие три општини со оваа мерка опфатени беа 5.266 лица од кои, 1.839 лица се вработиле во период од само 4 месеци по нивното евидентирање како невработени лица“, изјави Шахпаска.

 

Таа изрази очекување дека стапката на невработеност, која во третиот квартал од 2018 година изнесуваше 20,8 отсто, оваа година ќе се намали под 20 проценти.

Прикажи повеќе...

Економија

Пежо 3008: Најпроизведувано возило во Франција за 2018 година

Објавено пред

„Пежо 3008“ е прогласен за еден од најпроизведуваните автомобили во Франција во 2018 година. Производството се одвива во фабриката на PSA групацијата во Сошо. Овој SUV ја носи ознаката Origine France Garantie уште од самото лансирање во октомври 2016 година.

Моделот беше произведен во 258.460 примероци во Франција во 2018 година, пред „тојота јарис“ со 248.541 примероци. Секој ден околу 1 000 возила „пежо 3008“ се произведуваат во фабриката на PSA групацијата во Сошо која исто така има произведено над 23 милиони автомобили.

„Пежо 3008“ беше развиен од страна на проектанските тимови во Сошо и тестиран на патеките на тест-центарот Centre d’Expérimentation во Белшамп.

Моделот е голем успех за брендот од самото лансирање. Тој е трето најпродавано возило во Франција во 2018 година и воедно придонесува за премиум статусот на „Пежо“ во категоријата SUV во Европа заедно со 2008 и 5008. „Пежо 3008“, исто така е лидер во C-SUV сегментот кај B2B корисниците и е рангиран на второ место место во сите категории на регистрирани патнички автомобили.

„Пежо 3008“ има освоено 63 светски награди и беше прогласен за автомобил на годината во 2017 од 58 европски новинари од 22 земји.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

„Ербас“ заминува од Британија во случај на брегзит без договор

Објавено пред

Извршниот директор на eвропскиот „Ербас“, Том Ендерс, предупреди дека можно е компанијата да се пресели од Велика Британија во случај на брегзит без договор.

Во остро напишано соопштение, Ендерс оценува дека брегзит се заканува да ја уништи стогодишната позиција на Велика Британија како лидер во глобалната авијација и укажува дека земјата сега е на работ од амбисот, пренесува агенцијата АП.

Тој ги повика британските граѓани да не го слушаат лудилото што произлегува од поддржувачите на брегзит, според кои, поради големите фабрики во Британија, „Ербас“ засекогаш ќе остане во таа земја.

„Тие не се во право“, вели Ендерс.

„Ербас“ има повеќе од 14.000 вработени во Велика Британија, додека уште 110.000 луѓе работат на работни места кои се поврзани со програмата на оваа компанија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

Ќосето до Ѓорчев: Требаше досега да ги посетиш фамилиите на затворените за 27, а не откако најави кандидатура за претседател

Горан Ангелов – Ќосето обвинет за случувањата од крвавиот четврток, преку социјалните мрежи му се обрати на пратеникот Влатко Ѓорчев...

Македонија53 минути

Агенцијата за медиуми го испитува сопствеништвото на 1ТВ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми поведува постапка против 1 ТВ поради наводно скриено сопствеништво. На утрешната седница на дневен...

Македонија2 часа

СЈО бара да им биде продолжен куќниот притвор на Камчев и Мијалков

За сите осомничени во истрагата ,,Империја”, СЈО бара да им биде продолжен куќниот притвор бидејќи сè уште постојат причините за...

Македонија3 часа

Граѓаните на пешачки маратон во МРТ, лифтовите на поправка

Речиси една недела не работи ниту еден од четирите лифтови во зградата на Македонската радио-телевизија каде што се сместени и...

Регион4 часа

Грчките пратеници вечерва ќе гласаат за ратификација на договорот за името

Вториот ден од дебатата за преспанскиот договор, на пленарната седница во грчкиот парламент, ќе биде заокружена доцна вечерва, кога се...

Македонија4 часа

(Видео) Закани до обвинителите на СЈО: „Фатиме е наша, а на тој каурот ќе му ја расплачеме фамилијата“

Во кривичниот суд во Скопје повторно се одложи рочиштето за предметот на СЈО „Титанк 3“, во кој обвинети се Ејуп...

Македонија4 часа

Мијалков на 31 јануари ќе го испрашува свиркачот Лазаревски

Судењето за предметот „Таргет-Тврдина“, кое се однесува на незаконското следење на комуникации, е одложено за 31 јануари. Свиркачот Ѓорги Лазаревски...

Македонија5 часа

Каракамишева: Венециската комисија поради притисоците испрати писмо до Османи и Заев

Венециската комисија испратила писмо до Кабинетот за вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, и до премиерот Зоран Заев во кое се...

Свет6 часа

Кинески воени авиони ,,покажувале сила” летајќи во близина на Тајван

Кинески воен авион „сухој Су-30“и транспортен авион „шансји Ј-8“ на Ослободителната војска на Кина (ПЛА) прелетале над каналот Баши меѓу...

Македонија6 часа

На 12 март одново ќе почне судењето за набавката на 300 полициски „шкоди“

На 12 март, во 10 часот, во кривичниот суд во Скопје одново ќе почне судењето за предметот „Триста“ на СЈО,...

Свет6 часа

Најмалку 5 мртви во заложничката криза во банка на Флорида

Вооружен напаѓач упаднал во банка во Флорида и се забарикадирал внатре, а потоа се јавил на бројот за итни случаи...

Свет7 часа

САД одбиваат да ги повлечат дипломатите од Венецуела

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, одби да ги повлече американските дипломати од Каракас тврдејќи дека владата што ги прекинала дипломатските...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не сакаат да се договорат за една изборна единица

Многуте повици од помалите партии за измени на Изборниот законик, со кои ќе се воведе една изборна единица и отворени...

Анализи22 часа

Политиката го подели СЈО на табори

„Чарлиевите ангели“ ги нема. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи речиси една година не се појавуваат на заеднички прес-конференции....

Македонија23 часа

Ѓорчев: Не се грижам кој ќе биде противкандидат од СДСМ, тие го излажаа народот

Без да одговара на новинарски прашања, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев ја објави кандидатурата за претседател на државата. Тој повеќе...

Истражувања1 ден

(Видео) „Лимак“ и Градот ги изиграа скопјани, се гради хотел место прво да се изгради подземната сообраќајница

Место прво да ја изгради подземната сообраќајница па потоа да ги гради содржините над земја, турската компанија „Лимак“ кај Стара...

Македонија1 ден

Врховните судии ќе расправаат дали СЈО може да отвора истраги и да презема предмети

Адвокати на обвинети во предметите на специјалното јавно обвинителство, преку неколку иницијативи, бараат од Врховен начелно правно мислење за постапките...

Македонија1 ден

Нимиц: Длабоки и опасни последици ако не успее преспанскиот договор

Специјалниот пратеник на Обединетите нации, Метју Нимиц, предупредува дека пропаѓањето на преспанскиот договор би имало опасни последици за двете страни,...

Свет1 ден

Шпанските спасувачи во трка со времето – ќе успеат ли да го извлечат двегодишното дете од бунарот

Шпанските спасувачи се во трка со времето и неизвесно е дали ќе успеат да го извлечат двегодишното дете кое пред...

Македонија1 ден

Протестот за воздухот в сабота за едни политички за други неопходен

Нова најава за протест против загадувањето на воздухот од синоќа ги подели скопјани на верници и луѓе кои повеќе не...

Досие