Контакт

Економија

Фармерите се судрија со полицијата

Објавено пред

Млекарите кои се уште ги чекаат парите од Сведмилк и се судрија со полицијата која го чуваше влезот на Владата

Околу стотина фармери од скопскиот и пелагонскиот регион кои се уште не добиле пари за млекото коешто и го продадоа на млекарницата Сведмилк кои денес протестираат пред Владата се судрија со обезбедувањето. Млекарницата која неодамна доби нов сопственик, им должиНа млекопроизводителите околу 4 милиони евра. Претставници од Владата повторно ги известија дека Владата не може да направи ништо, бидејќи станува збор за приватна компанија.

Млекарите на протест пред Влада



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Со изградбата на системот „Равен – Речица“ ќе се обезбеди поконкурентно земјоделско производство

Објавено пред

Државниот секретар од Министерството за земјоделство, Нефрус Челику, заедно со министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Хисен Џемаили, денеска беа во посета на локацијата во Полошкиот Регион каде што се гради системот за наводнување „Равен – Речица“.

Тие оценија дека реализацијата на овој проект се одвива според предвидената динамика и досега 80 отсто од градежните работи се извршени.

Државниот секретар на МЗШВ, Челику, посочи дека изградбата на системот за наводнување „Равен – Речица“ ќе придонесе за зголемување на наводнуваните земјоделски површини во Полошкиот Регион, преку што ќе се овозможи производство и успешни реколти на култури познати во Полог.

„Со овој систем за наводнување ќе се наводнува земјоделската површина што се протега од десната горна страна на автопатот Тетово – Гостивар до подножјето на Шар Планина, односно до границите на градежните урбанизирани површини на населените места во општините Гостивар, Врапчиште, Боговиње и Тетово, почнувајќи од Здуње сè до Мала Речица“, изјави Челику.

Изградбата на системот ќе се реализира во две фази и се очекува да трае 5 години. Реализацијата на овој проект се финансира со средства од буџетот на Република Македонија, преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.

 

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) За борба против аерозагадувањето предвидени 1,6 милион евра во буџетот за 2020

Објавено пред

Растот на платите и пензиите, растот на вработеноста, намалувањето на невработеноста и големата социјална заштита на ранливите категории в година треба да придонесат за раст на приватната потрошувача, која е проектирана на 3,3 отсто, рече денес премиерот Зоран Заев образложувајќи го буџетот за в година.

Растот на нето-платата во 2020 година е проектиран на 6,3 отсто.

„Растот ќе биде дополнително предизвикан од покачувањето на минималната плата, која ќе порасне 2.000 денари од декември годинава, но и од поддршката во вид на субвенции што ја обезбедуваме за приватните компании што ќе ја покачат платата на своите вработени од 600 до 6.000 денари“, рече премиерот Заев.

Растот на економијата за 2020 година е проектиран на ниво од 3,8 отсто, а најголемо учество во овој раст е очекуван од домашната потрошувачка.

Во 2020 година премиерот очекува да опаѓа стапката на невработеност и да се симне на нов историски минимум, пониско од 16 отсто – и очекува и процентот на вработеност да се придвижи нагоре до 48,2 отсто.

Бруто-инвестициите во 2020 година е предвидено да се зголемат 8,0 отсто. Позитивен придонес врз растот на инвестициите се очекува да имаат планираните инвестиции на јавниот сектор, како и континуираната поддршка на инвестициската активност на домашните и странските претпријатија.

Стапката на инфлација во 2020 година се очекува да остане ниска во износ од 1,7 отсто.

„Ова значи дека пред нас останува периодот со стабилни цени“, објасни премиерот Заев.

Во здравството предвидено е покачување на платите на целокупниот медицински персонал почнувајќи од февруарската плата: 25 отсто раст кај специјалистите, 15 отсто кај лекарите од општа пракса, а 10 отсто ќе им пораснат платите на медицинските сестри.

„Специјалистите во терцијарното здравство ќе ја достигнат висината на платата од 100.000 денари со февруарската плата во 2020 година. Ова следува по покачувањето на платите од 10 отсто од јануари 2019 година за лекарите и зголемувањето од 5 отсто во септември 2019 за сите кадри во здравството, што е трето зголемување на платите по доаѓањето на власт на оваа Влада по првото зголемување на платите во септември 2018 од 5 отсто“, рече Заев.

Во буџетот за 2020 година се издвоени 1,5 милијарда денари за капитални инвестиции во здравството – за изградба и реконструкција на болници и за нова современа медицинска опрема.

В година се очекува да почне изградбата на новиот клинички центар во Скопје и да продолжи обновувањето на Клиничката болница во Штип и на болницата во Кичево, како и завршните работи во болниците во Струмица и Тетово.

За образованието се обезбедени средства за зголемување на платите на просветните работници од 10 отсто, почнувајќи од 1 јануари 2020 година, и 1,4 милијарда денари за капитални инвестиции за реконструкција и изградба на училишни згради и спортски училишни сали, на студентските домови, како и за опремување и реконструкција на универзитетите.

Буџетот за 2020 предвидува и зголемување на пензиите.

„Пензиите ќе пораснат 700 денари и заедно со веќе постојното усогласување со растот на трошоците за живот ќе пораснат вкупно од 850 до 900 денари“, рече премиерот и најави дека повеќе за покачувањето на пензиите ќе објасни министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на одвоена прес-конференција.

Во буџетот за 2020 се издвоени 7,3 милијарди денари за субвенции во земјоделството и 1,1 милијарда денари за регионален рамномерен развој.

Во 2020 година буџетот на Министерството за одбрана ќе изнесува 10 милијарди денари за реформи во одбранбениот сектор во согласност со НАТО-стандардите, модернизирање и опремување на Армијата, професионална подготовка на припадниците на Армијата и за долгорочен развој на одбрана.

За борба против аерозагадувањето предвидени се 1,6 милион евра.

„Ќе продолжиме со политиките и мерките за борба против аерозагадувањето и за таа намена во буџетот за наредната година се определени 100 милиони денари. Но, тоа се само некои од вкупните средства затоа што еден сериозен дел е вклучен во буџетите на одделни министерства што имаат програми за оваа намена. Дополнително, вложуваме 10 милиони евра од буџетот на ЕСМ, за набавка на еколошки инвертери за 10.000 домаќинства“, рече премиерот Заев.

Капиталните расходи за в година се на ниво од 23 милијарди денари. Инвестициите се наменети за интензивирање на инфраструктурните проекти, односно за вложувања во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштитата на животната средина и правосудството. Во оваа сума не е вклучен буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта, кој се формира независно.

5 милијарди денари се планирани за вложување во енергетската и комуналната инфраструктура и управувањето со отпадот. Планирано е да продолжи изградбата на гасоводната инфраструктура, како и изградба на водоводни и канализациски системи.

За инвестиции во приоритетите на локалните самоуправи ќе бидат насочени и оние 35 милиони евра на ТАВ, кои требаше да бидат инвестирани во карго-аеродромот, а преку разни фондови ќе продолжи рехабилитацијата на патната мрежа и на железничката инфраструктура.

Одвоени се и 1,5 милијарда денари за рурален развој, за изградба на хидросистеми и инвестиции за подобрување на конкурентноста и модернизација на земјоделските стопанства.

Премиерот Заев објасни дека буџетот се разгледувал на повеќе владини седници оти воделе сметка секој денар на граѓаните да биде најпродуктивно искористен.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, објасни дека буџетот од 3,9 милијарди евра е реален и со вложување во човечкиот капитал има цел да ги задржи граѓаните во земјата. Буџетот денес го усвои Владата, од каде што најавија дека ќе го испратат на усвојување во Собранието.

 

Прикажи повеќе...

Економија

Димковски: Соработката е единствениот пат за напредок за земјите од Западен Балкан

Објавено пред

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, официјално ѝ го предаде досегашното претседателство на земјоделството и руралниот развој во регионот на ЈИЕ на министерката на Република Косово, Дијана Живиќ. На состанокот на министрите за земјоделство на Југоисточна Европа, кој се одржа во Приштина, Косово, се разговараше за политиките и мерките за развој на земјоделство и руралниот развој во регионот, процесот на регионална соработка во областа на земјоделството, како и процесот за интеграција во Европската Унија на земјите од Западен Балкан.

Димковски посочи дека соработката е единствениот пат за напредок за земјите од Западен Балкан.

„Ние се соочуваме со многу слични проблеми кои може да бидат решени на многу поефикасен начин ако работиме заеднички. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија продолжува да работи посветено заедно со другите земји во регионот со цел исполнување на визијата за напреден и развиен земјоделски сектор во Западен Балкан. Јасно е дека без техничка и финансиска помош од Европската комисија, оваа регионална соработка потешко би се развивала. Затоа, ја користам можноста да ја поканам Европската комисија да го препознае значењето на регионалната соработка во областа на земјоделството и руралниот развој за севкупно добро на земјите од Западен Балкан. Продолжуваме да работиме на имплементирање на сите предлози и политики со цел доближување кон Европската Унија“, изјави министерот Димковски.

Годинешниот работен состанок е во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и рурален развој на Косово и Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Холандија го ратификува протоколот за НАТО

Холандскиот сенат попладнево го ратификува протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, соопшти министерот за надворешни работи, Никола Димитров....

Економија2 часа

(Видео) За борба против аерозагадувањето предвидени 1,6 милион евра во буџетот за 2020

Растот на платите и пензиите, растот на вработеноста, намалувањето на невработеноста и големата социјална заштита на ранливите категории в година...

Македонија2 часа

(Видео) Пендаровски: Макрон ми кажа дека никогаш немал намера да ни нуди алтернатива

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Париз оствари средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата беа разменети мислења за...

Македонија4 часа

Ешерихија коли пронајдена во повеќе бунари, извори и чешми во Скопско

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје известуваат дека е пронајдена ешерихија коли и други бактерии во повеќе бунари,...

Топ6 часа

Загина пешак на патот Крива Паланка – Куманово

Шеесет и седумгодишен маж од кривопаланечкото село Градец почина кога вчера во него удри автомобил на магистралниот пат Крива Паланка...

Македонија6 часа

Владата ги повлече најавените измени на Законот за јавните собири

Владата ги повлекува предлог-измените на Законот за јавните собири. Од владината прес-служба информираат дека ги слушнале забелешките на граѓанските организации за...

Македонија6 часа

Таткото на Боки 13 призна дека го тепал попот, пресуда в понеделник

Обвинетиот Миле Јовановски, татко на неформалниот сопственик на „1ТВ“, Бојан Јовановски, утрово во судот призна дека е виновен оти го...

Регион6 часа

Ердоган со нова закана: Ќе ви испратам терористи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупреди ЕУ дека неговата држава би можела да ги ослободи припадниците на Исламска држава...

Македонија8 часа

Собранието ќе избира заменик-министер за здравство

На денешната седница во Собранието треба да биде избран нов заменик-министер за здравство. Владата го предлага Арменд Арслани, кој е...

Свет8 часа

Џими Картер хоспитализиран поради крвавење во мозокот

Поранешниот американски претседател Џими Картер е хоспитализиран во Атланта заради крвавење во мозокот, што го предизвикало и неговото скорешно паѓање....

Регион8 часа

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните. Паразитското заболување лајшманиоза коешто го пренесуваат комарците, се појави...

Македонија19 часа

Макрон го пречека Пендаровски во Париз

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го пречека македонскиот претседател Стево Пендаровски во Париз. „Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата...

Свет20 часа

(Видео) Грета Тунберг има двојничка во Русија која сака да ја исчисти планетата

Говорот на активистката Грета Тунберг (16) за климатските проблеми наиде на силен одѕив во светот. Два месеца по нејзиниот говор...

Македонија1 ден

(Видео) Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работнии

Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работници и соработници, почнувајќи од февруари в година. Платите на лекарите...

Економија1 ден

Горивата поскапуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија1 ден

Забрана за работење на компанијата што го загадуваше воздухот во Кочани

Државниот инспекторат за животна средина го забрани работењето на компанијата што учествуваше во загадувањето на воздухот во Кочани. Инспекторатот на...

Македонија1 ден

Заев: Жал ми е ако обвинетиот добие казна бидејќи има малолетни деца, но таа вечер други деца можеа да останат без родител

„Му се извинувам и на премиерот и на сите загрозени таа вечер во Собранието на 27 април 2017 година. Бев...

Македонија1 ден

Одговорните и натаму бараат решение за најопасниот отпад што се чува во ОХИС

Винилхлоридот, една од најопасните материи, се чува на специјална температура, под 20 степени, затоа што е лесно запалива. Има физичко...

Македонија1 ден

Тимоние: До крајот на годината Франција ќе го ратификува протоколот за НАТО

Франција до крајот на годината ќе го ратификува протоколот за членството во НАТО, изјави францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние. Одговарајќи на...

Македонија1 ден

Анализите покажаa метил акрилат мономер, но не во воздухот, туку во цевките

Во воздухот нема отровни супстанции, покажаа анализите на штипскиот универзитет по истекувањето во фабриката ОХИС. Траги од метил акрилат мономер...

Досие