Контакт

Економија

Македонија 44-та од 76 земји според инвестициите

Објавено пред

Меѓународната рејтинг агенција – Глобален водич за недвижности ја рангираше Македонија на 44-то од вкупно 76 анализирани земји според атрактивноста за инвестирање во неа.

dobivaj vesti na viber

Сите земји до регионот што влегуваат во листата за анализа се рангирани далеку пред Македонија – Бугарија е на 10-то место, Хрватска на 18-то и Грција на 28-то место. До сега не е објавен официјален податок колку инвестиции се влезени во Макеедонија годинава. Соочувајки се со низок обем на странски инвестиции земјава испрати во странство 18 економски промотори, основа Агенција за странски инвестиции и водеше интензивна и скапа кампања Инвестирајте во Македонија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Цената на гасот во ЕУ е седум пати повисока отколку во САД

Објавено пред

Природниот гас во Европа се тргува по цени еквивалентни на околу 70 долари за милион британски термални единици (BTU), што е приближно седум пати повисоки од цените во САД, објави Си-Ен-Ен, цитирајќи ја анализата на нафтената сметководствена компанија Lipov Oil Associates.

dobivaj vesti na viber

Еден милион британски термални единици се еднакви на 293 киловат-часови (kWh) електрична енергија.

На затворањето на американското тргување во вторникот, цената на гасот беше 9,33 долари за милион BTU, јавуваат американските медиуми.

Аналитичарите во САД велат дека европската криза со природен гас придонесува за повисоки цени во Америка, но дека тоа не е главниот двигател на растот на цените, додава Си-Ен-Ен.

„Повеќе глобални цени се прелеваат во САД. Природниот гас стана глобална стока со појавата на течен природен гас (ТНГ)“ – рече Роб Тамел, висок менаџер на портфолио во Tortiz Capital Advisors.

Соединетите Држави го зголемија извозот на TPG во Европа во обид да го ублажат влијанието на намалените испораки од Русија, главниот снабдувач на природен гас на Стариот континент додавајќи дека секоја достапна молекула на гас се испраќа од САД во еврозоната.

Цените на бензинот во Европа се зголемени за четири пати од почетокот на годината поради намалувањето на руските текови. Цената на пазарот на фјучерси во центарот TTF во Холандија надмина 2.600 долари за илјада кубни метри оваа недела за прв пат од март, потсетува RT.

„Газпром“ предвидува дека цената на гасот може да порасне за 60 отсто оваа зима, на повеќе од 4.000 долари за илјада кубни метри.

Прикажи повеќе...

Економија

Дизелот поскапува за 2 денара, цените на бензините остануваат исти

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91% во однос на одлуката од 15.8.2022 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,179%, кај дизелот зголемување во просек за 3,807%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 3,803% и кај мазутот намалување во просек за околу 1,760%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на мазутот М-1 НС, не се менуваат.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Од 19.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 88,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,00 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 92,00 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 88,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 52,814 (денари/килограм)

Прикажи повеќе...

Економија

САД и Тајван најавија почеток на официјални трговски преговори

Објавено пред

САД и Тајван се договорија да почнат официјални трговски разговори за да постигнат значајни договори, како дел од новата иницијатива, а според официјален Тајпеј, ќе се разговара и за „економска принуда“ од Кина, пренесува „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

Американско-тајванската иницијатива за трговија во 21 век првпат беше претставена во јуни, а двете страни сега рекоа дека „постигнале консензус за преговарачкиот мандат“, наведува британската агенција.

САД објавија дека ќе почнат официјални трговски разговори со Тајван, неколку недели по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, која предизвика остри протести од Пекинг.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет23 минути

Шефот на британската разузнавачка служба: Путин ја губи информациската војна во Украина

Русија не успеа да добие предност пред Украина во сајбер просторот речиси шест месеци по инвазијата на таа земја, изјави...

Свет31 минута

(Видео) Најмалку 2 лица загинаа по судир на авиони при слетување на аеродром во Калифорнија

Два мали авиони се судрија во Северна Калифорнија додека се обидуваа да слетаат на локалниот аеродром, при што загинаа најмалку...

Македонија45 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Пари за луксуз власта има, а за Охридски маратон нема, ВМРО-ДПМНЕ и Пецаков ќе го организираат маратонот

Се што фатија СДСМ се уништија. Секоја традиција поврзана со државата и историјата на државата, па макар било и спортска...

Свет52 минути

САД подготвуваат нова воена помош за Киев од 800 милиони долари

Американската администрација на претседателот Џозеф Бајден подготвува околу 800 милиони долари дополнителна воена помош за Украина и би можела да...

Европа1 час

Авион принудно слетал во Загреб поради патник кој викал и сакал да ја отвори вратата

Вистинска драма поминаа патниците на британската ТУИ на летот од Пафос за Манчестер, кои требаше да летаат за Манчестер во...

Европа1 час

(Видео) Големото невреме кое ја зафати Европа однесе најмалку 13 животи

Најмалку тринаесет лица загинаа во четвртокот во силните бури во Европа, а единствената позитивна работа е што помогнаа во гаснењето...

Регион13 часа

Вучиќ: Зад нас е тежок ден, се надевам дека по некое чудо ќе дојдеме до компромисно решение

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва од Брисел, каде што учествуваше на разговорите меѓу Белград и Приштина, изјави дека ова...

Свет16 часа

Стотици писатели ќе ги читаат книгите на Ружди на улица во Њујорк

Стотици писатели ќе се соберат во Њујорк за да ги читаат делата на Салман Ружди, по примерот на настанот првпат...

Европа16 часа

Зеленски: ОН мора да обезбедат заштита на нуклеарната централа Запорожје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски по средбата со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека ОН мора да обезбедат заштита...

Македонија18 часа

Македонскиот тим од историската комисија: Најголема лага е дека текстовите за заедничко чествување ќе се применат во образованието

Македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања упати реакција во врска со објавените решенија на комисијата,...

Македонија19 часа

Агенцијата за млади и спорт со владина поддршка ја презема организацијата на Охридскиот маратон

Агенцијата за млади и спорт соопшти дека со владина поддршка ја презема организацијата на Охридскиот маратон. „Како традиција, која Охрид и...

Економија20 часа

Дизелот поскапува за 2 денара, цените на бензините остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните...

Македонија21 час

Пецаков: Пливачите се револтирани бидејќи три години со ред не им е исплаќан награден фонд

Пливачите се револтирани бидејќи три години со ред не им е исплаќан награден фонд, обзнани градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков....

Македонија21 час

Бугарското МНР ја охрабрува Комисијата за историски прашања да продолжи со работата

Министерството за надворешни работи во Бугарија ја поздравува досегашната активност на Мешовитата комисија за образовни и историски прашања меѓу Софија...

Македонија23 часа

СДСМ: Деструктивниот Мицкоски сонува власт, избори ќе има во 2024 година и на тие ВМРО-ДПМНЕ ќе изгуби

Откако им пропаднаа сите обиди за блокада и дестабилизација на државата, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со деструктивното однесување на...

Македонија24 часа

За еден ден поднесени се над 50 барања за проценка на штети од невремето во Неготино

За еден ден поднесени се над 50 барања од граѓани кои претрпеле штети од невремето кое пред два дена го...

Свет1 ден

Конашенков предупредува: Украинците планираат артилериски напади на територијата на нуклеарната централа Запорожје од Никопол

Украина планира утре да изврши артилериски напади на територијата на нуклеарната централа Запорожје од Никопол, тврди денеска портпаролот на руското...

Македонија1 ден

Портокалова фаза во цела држава, се препорачува ослободување од работа на најранливите категории население

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негувателите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа,...

Свет1 ден

Гори природен парк во Португалија, над 1.000 пожарникари го гаснат пожарот

Повеќе од 1.200 пожарникари учествуваат во гаснењето на големиот шумски пожар во португалскиот природен парк „Сера да Естрела“, кој се...

Свет1 ден

Тешка автобуска несреќа во Мароко – 23 загинати, 36 повредени

23 лица загинаа, а 36 се повредени во автобуска несреќа источно од Казабланка, една од најсмртоносните несреќи во Мароко во...