Економија
Бензините поскапуваат за два, а дизелот за 2,5 денари по литар

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за два, а дизел горивата за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ)
Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 8,41, односно за 5,81 отсто.Новата цена на ЕУРОСУПЕР-95 е 61 денар за литар, ЕУРОСУПЕР-98 ќе се продава за 62, а моторниот бензин МБ-96 за 64 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ-от (D-E IV) ќе чини 47, а Екстра лесното гориво за домаќинство (ЕЛ-1) 36 денари за литар.Со одлуката на РКЕ за 1,856 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-2, кој сега ќе се продава за 23,687 денари за килограм.Од РКЕ истакнуваат дека причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати е за 12,66 отсто повисоката просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период, како и за 2,44 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.