Економија
Потпишан договор со Светската банка за 19 милиони евра заем за подобри услуги во општините

Проектот е дел од четиригодишната Стратегија на Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка за партнерство со Македонија за периодот 2007-2010
Услугите на македонските општини кои се во втора фаза на децентрализација ќе се подобруваат преку проекти што ќе бидат финансирани со заем од Светската банка во износ од 18,9 милиони евра. Договорот за заем за Проектот за подобрување на општинските услуги го потпишаа денеска македонскиот министер за финансии Трајко Славески и постојаниот претставник на Канцеларијата на Светската банка во Скопје, Маркус Репник.Основна цел на проектот е преку финансирање по пат на задолжување со препозајмување на средствата на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, јавните претпријатија кои се основани од општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, да се овозможи реализирање на општински проекти кои ќе придонесат кон подобрување на перформансите на општината, квалитетот на комуналните и другите општински услуги, како и развиток и зајакнување на општински надлежности и функции, соопшти Министерството за финансии.Со Проектот ќе бидат опфатени општини кои се во втората фаза од фискалната децентрализација и кои ги исполнуваат условите за долгорочно задолжување. За регулирање на обврските кои ќе произлезат од препозајмувањето на средствата од заемот, Министерството за финансии ќе склучува посебни поддоговори за заем со корисниците на средствата од заемот – општина и/или јавно претпријатие.Секоја општина која ќе ги исполни критериумите за добивање заем, ќе може да добие и неповратни грант средства, во максимален износ од 20 проценти од износот на добиениот заем. Неповратните средства во вид на грант ќе можат да се користат откако општината ќе исполни соодветни услови и критериуми кои се договорени со Светската банка со кои ќе докаже дека го подобрила своето работење и ќе се користат исклучиво за инвестициски активности.Според Министерството за финансии, со Проектот за подобрување на општинските услуги може да се финансираат проекти за водоснабдување, управување со цврст отпад и останати инвестиции кои генерираат приходи или носат заштеди во трошоците: финансирање градежни работи, опрема и соодветни консултантски услуги за надградба/проширување на останатите услуги или објекти за кои се надлежни општините, јавни згради, урбани транспортни системи и слично за да се намали потрошувачката на енергија или на друг начин да се зголеми ефикасноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%.
„Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е цели 13% и тоа ќе учествува во БДП. Ако на тоа се додаде растот на индустриското производство коешто е во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал 5,5%, а само во мај 9,4%’’, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека растот на туризмот и градежништвото, ќе доведат до зголемување на животниот стандард на граѓаните, но и зголемување на бруто домашниот производ.
„Растот на туризмот повеќе од 20%, инвестициската активност повеќе од 15%, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал’’, заклучи Мицкоски.
Економија
Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.
Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.
Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:
Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова
Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.
ПР текст
Економија
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати – раст од 23,44 отсто во мај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на социјалните мрежи сподели податоци за кои рече дека го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, при чија реализација значајна улога има и Министерството што го предводи. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот, дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.
Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44 проценти, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15 отсто. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1 отсто, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо.
„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи“, напиша министерот Муцунски.