Економија
Стопанска банка не очекува раст на каматите до крајот на годинава

Стопанска банка не очекува раст на каматите до крајот на годината, а доколку дојде до прилив на позначителни финансиски средства од странство можно е тие и да се намалат
„Не очекуваме раст на каматите до крајот на годината, а доколку дојде до прилив на позначителни средства финансиски средства од странство може да се отвори процес на намалување на каматните стапки“, изјави денеска генералниот директор на Стопанска банка Глигор Бишев.Тој посочи дека не само што депозитите во банката во првите шест месеци од годинава забележале раст, туку и вкупната актива на банката е зголемена за 35 милиони евра и во моментов изнесува околу една милијарда евра.Бишев потенцира дека банката располага со вишок од 100 милиони евра ликвидни средства кои ќе бидат насочени кон поддршка на добри проекти во стопанството.Грчките сопственици на Стопанска пред две години се пофалија дека не работат со загуби во Македонија. По седум години менаџирање со банката,во 2006 година заработиле 12,7 милиони евра, што е прв посериозен профит од преземањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Пратките ќе можете да си ги подигнувате сами од пакетомати – презентирана нова платформа

На промотивен настан денес беше презентиран нов начин за подигнување на пратките, што, како што беше посочено, ги надминува досегашните предизвици со доставата.
Се работи за воведување паметни автоматозирани пакетомати кои ќе бидат поставени на 120 локации низ државата, а пратката би можеле да си ја подигнете со кодот што би пристигнал на вашиот мобилен телефон.
Решението во земјата го воведува „Мај бокс“ (My Box). Основачот на компанијата, Далибор Ѓошевски, изјави дека идејата е резултат на детаљна анализа на потребите на корисниците и предизвиците во постојниот систем за достава.
„Нашата цел е да обезбедиме модерно, ефикасно и достапно решение што ќе стави крај на загубените пратки, на долгите чекања и на ограничувањата на временски рамки во доставата“, рече Ѓошевски.
Во рамките на настанот се одржа и панел-дискусија за иднината на е-трговијата и предизвиците на логистиката, за тоа како иновативните производи и услуги од овој тип ќе го подобрат искуството на корисниците и ќе го оптимизират процесот на достава.
Економија
MintIns Go – избираме патничко осигурување за Вас

Патувајте паметно, сигурно и без стрес. Изберете 90 дена патничко осигурување за цената на 30 дена!
– Осигурување од само 1192 ден,
– Покривање во рок од 365 дена,
– Патувајте спокојно и без стрес,
Не ја пропуштајте оваа можност да ги осигурате вашите патувања со оваа понуда или понуда која што одговара на вашите потреби.
Дознајте повеќе на 15 107 или на следниот линк.
Економија
Божиновска-Шахбазов: Македонија важен транзитен центар за гас до Европа, Азербејџан подготвен веднаш да соработува

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Баку беше пречекана од својот колега, министерот за енергетика на Азербејџан, Парвиз Шахбазов, во рамки на официјалната посета посветена на унапредување на енергетската соработка меѓу двете земји.
На тет-а-тет средбата, која се одржа во Министерството за енергетика на Азербејџан, беше истакната заедничката заложба за зајакнување на партнерството во областа на снабдување со гас. Разговорите се фокусираа на можностите за долгорочни договори за снабдување со гас, како и на потенцијални инвестиции во гасната инфраструктура во Македонија.
„Македонија може да стане регионален центар за транспорт на гас, ние сме подготвени веднаш да се вклучиме во соработка на конкретни проекти и да ви понудиме и експертиза, но и сериозни можности за заеднички проекти доколку постои интерес и од ваша страна“, истакна министерот Шахбазов.
„ Разговорите за зајакнување на нашето партнерство во областа на енергетиката отворија нови перспективи за Македонија! Се фокусиравме на конкретни чекори за создавање условии за снабдување со гас и можности за инвестиции во модернизација на нашата енергетска инфраструктура“ истакна Божиновска.
Посебен акцент беше ставен на можната соработка меѓу државната енергетска компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) и азербејџанската државна нафтена компанија СОКАР. Партнерството помеѓу ЕСМ и СОКАР е клучно за нашата енергетска трансформација.Во таа насока, договоренa e средба за интензивирање на активностите во рамки на склучениот меморандум за соработка што беше потпишан за време на КОП 29 самитот во Баку.
Шахбазов упати и директна покана до министерката Божиновска да учествува на претстојниот министерски состанок на советодавниот совет за јужниот гасен коридор како и за третиот министерски состанок на советот за зелена енергија.
Божиновска ја потенцираше подготвеноста на Македонија за активна соработка во повеќе проекти што ќе обезбедат сигурност, одржливост и енергетска независност за земјата, нагласувајќи дека оваа средба претставува значаен чекор во насока на реализација на тие цели.
„Азербејџан ни нуди конкретна соработка која ќе ни помогне да се мапираме како сериозен регионален центар за транспорт на гас. Ова е нешто што би имало стратешко значење за енергетската иднина на нашата земја и би донело поволности и за економијата, но и за граѓаните. На ова сериозно ќе работиме и се надеваме на помошта од нашите меѓународни партнери“, рече Божиновска.
Во рамките на официјалната посета на Азербејџан, македонската делегација предводена од претседателката Силјановска-Давкова оствари и работна средба со премиерот на Азербејџан Али Асадов и со претседателката на Националното собрание на Република Азербејџан, Сахиба Гафарова.
Оваа средба, која се одржа во контекст на 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу нашите две земји, беше посветена на зајакнување на билатералните односи, посебно во областа на енергетската соработка.
Претседателката Силјановска-Давкова истакна дека нашите две земји имаат потенцијал за поголема економска соработка, особено во секторот на енергетика, и изрази подготвеност за поддршка на иницијативите кои ќе произлезат од оваа средба.