Економија
НБМ прогнозира пад на БДП до 2,5 отсто
Народната банка на Македонија (НБМ) ги ревидираше проценките за падот на домашната економија за 2009 година, според кој БДП би можело да падне до 2,5 отсто
Советот на НБМ на денешната седница констатираше дека надолните ревизии на проектираниот глобален раст доведоа до надолна ревизија и на проектираната стапка на раст на македонската економија за 2009 година од –минус 0,4 на минус 1,8 отсто.„Притоа ризиците околу проекцијата остануваат претежно негативни. Во овој момент долната граница на интервалот на БДП за 2009 година се оценува на околу минус 2,5 отсто“, се вели во соопштението на НБМ. Според Централната банка, најголем пад од 2,9 отсто се очекува во третиот квартал, по што се очекува стеснувањето на економијата да биде поумерено. Истовремено е извршена и надолна ревизија на очекувањата за промените на цените, при што се предвидува дека Македонија во 2009 година ќе има дефлација. Оценките за подлабок пад на домашната побарувачка доведоа до надолна ревизија на проектираниот интервал на движењето на инфлацијата за 2009 година при што се очекува таа да се движи помеѓу минус 0,4 и минус 1,1 отсто. Намалувањето на светската трговија силно го погоди секторот ориентиран кон извоз, додека прилагодувањето на увозот се одвиваше се позабавено темпо. Проширениот трговски дефицит и пониските нето приливи од приватни трансфери предизвикаа влошување на дефицитот на тековната сметка, се вели во соопштението.Според последните податоци забележана е промена на тенденциите на девизниот пазар, при што НБМ интервенираше со нето откуп на девизи. Бруто девизните резерви заклучно со 24 јули изнесуваат 1.371,8 милијарди евра, од што 175 милиони евра се прилив врз основа на еврообрзницата. Банкарскиот систем во Македонија и понатаму одржува стабилна ликвидна позиција, а со валутниот ризик банките управуваат во пропишаните рамки. Македонските банки располагаат со доволно капитал за покривање на ризиците од работењето. Во првиот квартал банкарскиот систем сотварил добивка од 136 милиони денари (2,2 милиони евра), што е за 85,6 отсто помалку во однос на истиот период лани. Вкупната банкарска актива изнесува 246,9 милијарди денари (четири милијарди евра), што претставува квартално намалување од 1,5 отсто.Кредитите одобрени од банките продолжиле да растат, но со значително намалена динамика во споредба со претходните квартали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

