Економија
Фармакорп подели плата за вработените во Градски аптеки
По извршената проверка на Трудовата инспекција, управителот на Градски аптеки, Тодор Костадинов, ги потпиша налозите за плати. Со решението на Трудовата инспекција преку извршител беше извршена исплата на заостанатите плати од сметката на Градски аптеки
„Финансиската групација ГОФИ е подготвена да го преземе долгот на Градски аптеки кон здравствените установи, ако во меѓувреме не се најде решение за проблемот со блокираната работа на ПЗУ. ГОФИ е подготвена да го преземе долгот, за да не се дозволи раскрчмување на аптеките. Нема да дозволиме Градски аптеки да се уништат, независно од нечии желби за носење на Приватната здравствена установа во стечај“, изјави Тодор Костадинов, управител во Градски аптеки.Испратено е писмено барање од мнозинскиот акционер Фармакорп до Благоја Механџиски, уште утре да се оствари средба меѓу содржуниците за да се најде решение на проблемот со Градски аптеки. „Изминативе денови интензивно работиме Градски аптеки да застанат повторно на нозе. Мнозинскиот акционер во Градски аптеки, Фармакорп, преку Финанскиската групација ГОФИ оствари контакт со Министерството за здравство за можна исплата на долговите кои Градски аптеки ги има кон Здравствените установи. Финансиската групација ГОФИ е подготвена да го преземе долгот на Градски аптеки кон Здравствените установи, ако во меѓувреме не се најде решение за проблемот со блокираната работа на ПЗУ. ГОФИ е подготвена да го преземе долгот, за да не се доволи раскрчмување на аптеките. Нема да дозволиме Градски аптеки да се уништат, независно од нечии желби за носење на приватната здравствена установа во стечај“, рече Костадинов.Директорот на Градски аптеки Тодор Костадинов уште еднаш додаде дека ги поддржува во вработените на Градски аптеки да не дозволат оваа Приватна здравствена установа да оди во стечај и да се овозможи нормално функционирање на аптеките.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.