Контакт

Економија

УЈП: СДСМ бара даночна политика за стимулирање на нелојалната конкуренција

Објавено пред

Управата за јавни приходи, во својата реакција на неколкуте критики што доаѓаат од страна на опозицијата, прашува дали и’ се сугерира заштитничка улога кон нелојалната конкуренција и дали за тоа треба да страдаат вработените на кои не им се подмируваат продинесите и не им се исплаќаат платите

dobivaj vesti na viber

Во изминатиот период, како и денес, сведоци сме на паушални изјави на „експерти“, неаргументирани полемики и политички препукувања, во кои Управата за јавни приходи и преземените активности во делот на блокадите за наплата на „бруто платите“ се предмет на напад, се вели во реакцијата на УЈП на прес-конференцијата на СДСМ од средата.Од Управата за јавни приходи велат дека досега од опозициониот СДСМ не добиле никаков, како што велат, продуктивен предлог кој со задоволстов би го прифателе. За жал, воопшто не слушнавме мислење кое се однесува до блокадите, дали тие што напаѓаат а посебно стопанството се за еднаков и фер третман на сите даночните обврзници, додават од УЈП, од каде велат дека на овој начин  изјавите на фунцкионерите на Сојузот на синдикатите се сфаќаат како барање да се воведе политика на стимулирање на нелојална конкуренција.„Здрава економска политика подразбира финансиска дисциплина и нетолерирање на неплаќачите, во услови кога за даночните обврзници кои се погодени од кризата се воведени антикризни мерки.За сите активности во овој дел, целосно и транспаретно е информирана јавноста за сите факти, поединечно се известени даночни обврзници уште пред да се отпочнат блокадите. Оттука неразбирливо е кревањето фама и паничната реакција.“, реагира даночната управа.Притоа се потенцира дека со ваквата мерка не се посегнува кон полнење на Вуџетот, туку кон исплата на „бруто платите” на вработените, за што споед нив зборуваат бројките дека од извршените блокади 5.684 кои се однесуваат на платите на 15.972 лица, извршена е наплата кај 1.462 работодавачи, односно на трансакционите сметки на вработените се префрлени заостанати плати во вкупен износ од 39 милиони денари и социјални придонеси од 19 милиони денари кои се основен услов за остварување на елементарните права на вработениот за здравствена заштита, пензиско осигурување …Наплатените директни буџетски средства изнесуваат 1,5 милиони денари, кои сигурно не се средства што ќе ја подобрат „крваната слика“ на стопанството, ниту ќе го наполанат Буџетот на државата. Оттука, ако се направи споредба, многу поголем е делот кој со блакaдите како плата ќе се исплати на работникот. Така што не може да се говори за лицемерие, бидејќи податоците го говорат спротивното, велат од УЈП.Тие поставија прашање до критичарите дали дали „цехот“ на успешното или неуспешното работење на фирмите треба да го плати вработениот. „Впрочем, бруто плата не е ништо друго туку “профитот” кој работникот го остварува како резултат на неговото работење во некоја фирма, ако се користи жаргонот на стопанствениците. Во услови на пазарна економија секој сака да остварува “профит”, вклучувајќи ги и работниците. Во насока на кажаното, дури и во услови на криза, неоправдано е целиот товар да го понесат работниците и да се бара од УЈП да не постапува и немо да набљудува?. На јавноста познати се и приказните кога вработените ги бараат своите права и настаните се одвиваат во обратна насока. Дали тогаш истите “експерти“, групации и сл. што ги бранат интересите на стопанството и вршат притисок, ќе бараат одговорност од УЈП, но во овој случај зошто не постапила. Имплементацијата на концептот “бруто плата“ во Македонија значи конечно воспоставување на стабилен систем на исплата на платите, преку кој основната цел е да се искорени самоволието во делот на исплата на платите и појава на генерации работници кој не можат да остварат право на пензија.“Што се однесува до наводните инспекциски хајки на УЈП, ова се само уште едни паушални изјави бидејќи бројот контроли кои УЈП – Генералниот даночен инспекторат, а не директорот на УЈП, ги има спроведено до октомври 2009 изнесува 8.500, што е 42% помалку во споредба со измината година кога овој број изнесуваше 14.625. Ова е резулат на воспоставените критериуми на ризик кои ги воведе УЈП, со кои се зголемува објективноста на даночната постапка, а не како што се вели по наредба и критеруми на раководството, одговораат од УЈП.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Битиќи, на својата официјална Фејсбук страница имаше реакција на едностраната одлука на осигурителните компании за менување на тарифата и зголемувањето на цените на задолжителната осигурителна полиса за регистрација на возила.

dobivaj vesti na viber

„Згрозен сум од зголемувањето на сумата за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании. Ова може да се толкува и како директен атак, или политичко мешање на компаниите за осигурување, бидејќи тарифникот со тие зголемувања два пати е доставен до Владата и два пати не е одобрен на Владина седница.

Ова е манипулативен начин со кој надвор од предвидената процедура осигурителните компании изнаоѓаат начин да ја зголемат цената на авто осигурувањето на грбот на граѓаните.

Ова е пример за длабоката држава која мора да се искорени.

Го повикувам ресорното министерство за финансии и комисијата за заштита на конкуренција да постапат и да покренат постапка за олигополско здружување и осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните кои веќе платиле повисоки цени очекувам да им се компензираат средствата“, реагира вицепремиерот.

Прикажи повеќе...

Економија

ЕУ одвои 13,79 милиони евра за прекуграничен одржлив развој во Македонија и Албанија

Објавено пред

Македонија и Албанија заедно ја започнаа Програмата за прекугранична соработка ИПА 3 во Корча.

dobivaj vesti na viber

Финансирана од ЕУ со буџет од 13,79 милиони евра, оваа Програма ја потенцира ангажираноста на двете земји да се усогласат со стандардите на ЕУ за одржлив развој и регионална интеграција до 2027 година.

Дополнително на промоцијата, беше најавен и предстојниот повик за предлози во рамките на програмата ИПА 3, поканувајќи заинтересирани страни да учествуваат во оваа Програма.

„Оваа иницијатива не само што се фокусира на клучни области како што се еколошката одржливост и социо-економскиот развој, туку исто така претставува клучен чекор кон нашата конечна цел за интеграција во ЕУ. Токму денеска најавуваме дека новиот повик за предлози ќе биде отворен многу наскоро, обезбедувајќи можности за конкретни и клучни проекти“, изјави Алтин Зечо, директор за конвергенција и кохезија со ЕУ, Државна агенција за стратешко планирање и координација на помош (САСПАК).

Зечо дополнително истакна дека членство во ЕУ бара зголемена соработка помеѓу нашите две земји, каде координирањето на заеднички политики и меѓусебната поддршка за постигнување на нашите цели и приоритети кон интеграција во ЕУ останува важен процес.

Вулнет Арифи, шеф на одделот за ЕУ и координатор за СБС, при Министерство за локална самоуправа на Република Северна Македонија, ја истакна улогата на Програмата во забрзувањето на аспирациите за членство во ЕУ.

„Со изградба на основите поставени од ИПА 2, оваа Програма не само што ја проширува соработката меѓу земјите, туку и повеќе ги усогласува нашите регионални политики со стандардите на ЕУ, отворајќи го патот за нашето очекувано пристапување. Претстојниот повик за предлози дополнително ќе ги активира нашите заедници да се ангажираат длабоко со нашиот процес на интеграција во ЕУ“, изјави Арифи.

Брисеида Ѓоза од Антена канцеларијата Северна Македонија – Албанија го истакна целосниот пристап на програмата: „ИПА 3 е детално креирана за да ги зголеми нашите регионални капацитети за исполнување на критериумите на ЕУ, фокусирајќи се на климатска отпорност, одржлив туризам и зачувување на културното наследство. Ги охрабруваме заинтересираните страни да се подготват за претстојниот повик, кој ветува дека ќе ги зајакне нашите заеднички напори.“

Ова стратешко вложување од ЕУ преку Програмата ИПА 3 е доказ за постојаните напори на Северна Македонија и Албанија за влез во ЕУ, испраќајќи директна порака за нивното патување кон европската интеграција.

Прикажи повеќе...

Економија

Потпишан договор за реализација на новата инвестиција на турската компанија Шахтерм во ТИРЗ

Објавено пред

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и генералниот менаџер на компанијата „Шахтерм“, Фарук Шахин, потпишаа договор за реализација на новата турска инвестиција во Македонија. Со договорот кој го потпишаа во Бурса, се предвидува закуп на земјиште во ТИРЗ Скопје 2 со површина од над 20.000 м2 и изградба на објект со површина од над 13.000 м2. Ова е прва од двете фази на реализација на инвестицијата.

dobivaj vesti na viber

Потпишувањето на договорот следи само 4 месеци по најавата за новата турска инвестиција во земјава. Турската компанија ја зголеми и првично планираната инвестиција од 70 милиони евра на 100 милиони евра. Според деловниот план компанијата во наредните 10 години предвидува отворање на 1000 нови работни места. Новата инвестиција ќе опфати и центар за истражување и развој, а ќе преставува прв производствен капацитет на „Шахтерм“ надвор од Република Турција.

Потпишувањето на договорот е во рамки на посетата на Турција на делегација на ТИРЗ предводена од Деспотовски во рамки на која е предвидена и презентација на инвестициските можности пред турски компании. На потпишувањето присуствуваше и македонскиот амбасадор во Турција, Јован Манасиевски и Џунејт Шенер, потпретседател на бордот на директори на Стопанската комора на Бурса.

Инаку компанијата “Шахтерм“ има повеќе од 40 години искуство во дизајн и производство на системи за греење за бела техника и апарати за домаќинство. Во моментот, „Шахтерм“ е дел од водечките пет компании во оваа дејност на глобално ниво, со повеќе од половина од годишното производство наменето за пазарите надвор од Турција.

Листата на клиенти е составена од познати светски производители на бела техника и апарати за домаќинство како „Вирпул“, „Амика“, „Горење“, „Беко“ и „Кенди“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија5 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија6 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ9 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија9 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет11 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет11 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија11 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет12 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион12 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет12 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија23 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија23 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија24 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...