Економија
Во октомври намален бројот на туристи

Бројот на туристите во земјава во октомври годинава изнесува 42.383 и е за 5,2 проценти помал во споредба со истиот месец лани. Поголемо намалување од 6,3 отсто се забележува кај странските туристи, а бројот на домашните туристи е намален за 3,9 отсто
Покрај бројот на туристити, според статистичките податоци, и бројот на ноќевањата забележува намалување од 2,1 отсто. Во октомври бројот на ноќевањата изнесува 101.668. Кај домашните туристи бројот на ноќевањата е намален за 2,9 отсто, а на странските туристи за 1,5 отсто.Намалување на бројот на туристи за 1,5 отсто е забележано и во периодот јануари – октомври годинава, во однос на истиот период лани. Кај домашните туристи намалувањето на бројот е за 5,8 отсто, а на странските за 4,9 отсто. Бројот на ноќевањата во овој период е немелен за 5,6 отсто. Кај домашните туристи има намалување за 8,1 отсто, но кај странските е забележано зголемување за 2,4 отсто.Бројот на странските туристи во октомври годинава, во однос на претходниот месец, е намален за 16,2 отсто, а бројот на ноќевањата е намален за 18,4 отсто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.