Контакт

Економија

Раст на БДП од два отсто е владината проекција за 2010-та

Објавено пред

Македонија годинава треба да излезе од негативните стапки на раст. Проекциите и на Владата и на НБРМ се дека растот ќе биде до два процента. Ваквите проекции ги базираат врз подобрената состојбите во земјите кои се најголеми трговски партнери на Македонија и глобалното излегување од кризата

Според владините претпоставки, во 2010 г. треба  да се оствари стапка на раст од два отсто, а толку треба да биде и инфлацијата. Ваквите проекции ги темели на очекувањата за надминување на светската економска криза во земјите кои се најголеми трговски партнери на Република Македонија како и очекуваниот пораст на цените на светските берзи на најзначајните македонски извозни производи. Очекувањата на Владата се дека светското закрепнување ќе значи и реализација на бројните најавени инвестициски проекти во Македонија кои треба да придонесат за интензивирање на економската активност. Првите сигнали за надминување на кризата ги гледаат и во податоците за раст на индустриското производство во ноември за 4,3 отсто во однос на истиот месец лани.  Од Народната банка, исто така, очекуваат постепено опоравување на економијата, но со ризици кај опоравувањето на извозот и капиталните приливи и цените на енергенсите. Нивната проекција  е дека растот на БДП ќе биде меѓу еден и два процента при просечна инфлација од 1,2 проценти. Остварувањето на предвидениот економски раст за 2010 г., според министерот Зоран Ставрески, ќе биде овозможено преку зголемената извозна побарувачка за македонските производи врз основа на заздравувањето на европските економии. Позитивен ефект се очекува и од подобрувањето на состојбите на светскиот финансиски и кредитен пазар. Заздравувањето на светската економија ќе влијае позитивно на домашната економија преку зголемување на извозот кој се очекува да постигне раст од 8 отсто. Поради светската економска криза 2009 г. ќе заврши со негативен раст. Во третиот кваратал е регистриран пад на БДП од 1,8 отсто. Како одговор на кризата во текот на 2009 г. Владата презеде три пакета антикризни мерки, а Народната банка, пак, за да го одбрани курсот на денарот воведен мерки со кои се намали кредитирањето од страна на банките, а беа зголемени и каматните стапки.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Заев: Комитетот за земјоделство се фокусира на системски мерки за продуктивно и одржливо земјоделско производство

Објавено пред

Денеска се одржа конститутивна седница на Комитетот за земјоделство, безбедност на храна, ветеринарство и фитосанитарна политика, со кој претседава претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

Премиерот Заев посочи дека ова владино тело е во целосна функција за креирање системски решенија за примена на позитивни европски практики, кои ќе придонесат за предвидлив и поволен деловен амбиент за одржливо и продуктивно земјоделство.

На седницата на Комитетот се отворија повеќе теми од секторот земјоделство за кои беа презентирани идни мерки и активности. Во фокус на дискусијата беше начинот и постапките за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, што е од исклучителна важност за земјоделците. Купувањето на земјиштето значи можност за нови инвестиции и производство, што ќе влијае на развојот на земјоделството и вкупната економија.

На оваа седница една од точките беше и воспоставување на концептот за развој на земјоделски осигурителен пул, кој согласно со европските практики ќе придонесе за зголемување на процентот на земјоделското осигурување, што е од големо значење во услови кога има штети.

Дополнително, се дискутира за редизајнирање на интегрираниот административен контролен систем (ИАКС) во функција на спроведување ефикасни политики за имплементирање и мониторинг на мерките за директни плаќања и рурален развој.

Од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство беше презентирана информација за превенција од евентуални опасности од африканската свинска чума и болеста син јазик, која влијае врз намалување на добиточниот фонд.

На седницата на Комитетот учествуваа и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за здравство, за животна средина и просторно планирање, за финансии, за труд и социјална политика, заменик-министерот и државниот секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и директорите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на Агенцијата за храна и ветеринарство, на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, Државниот инспекторат за земјоделство, Фитосанитарната управа, ЈП „Македонски шуми“, ЈП за стопанисување со пасиштата и на АД „Водостопанство“.

Беше заклучено дека во континуитет ќе се следат светските трендови во земјоделството и во согласност си тоа ќе се креираат соодветни мерки за унапредување на домашното земјоделство.

Прикажи повеќе...

Економија

Намалено производството на вино во светот поради пандемијата

Објавено пред

Глобалното производство на вино ќе остане под петгодишниот просек оваа година поради нискиот обем на производство во Јужна Америка и ограничувањата во Европската Унија поради пандемијата на коронавирусот, објави Меѓународната асоцијација на производителите.

Оттаму, прелиминарно проценуваат дека оваа година во светот треба да се произведуваат помеѓу 253,9 и 262,2 милиона хектолитри (мхл) вино или во просек 258 милиони хектолитри.

Тоа би значело дека производството ќе остане под просекот втора година по ред откако во 2018 година се приближи на рекордно високо ниво, соопшти организацијата со седиште во Париз.

„Ова не е нужно лоша вест за винскиот сектор со оглед на сегашниот контекст, во кој геополитичките тензии, климатските промени и пандемијата на Ковид-19 генерираат висок степен на нестабилност и неизвесност на глобалниот пазар на вино“, соопшти ОИВ.

Во Европската Унија лозовите насади имаат корист од добрите временски услови, но производството останува под просекот бидејќи производителите и владите го ограничуваат производството за да му се спротивстават на негативното влијание на пандемијата.

Така, производителите на шампањ во Франција оваа година се согласија да претворат околу 20 проценти помалку грозје како дел од напорите да закрепнат од колапсот на продажбата предизвикана од корона-кризата.

Прикажи повеќе...

Економија

Менаџерски промени во „Триглав осигурување – живот“ АД Скопје – Вилма Учета-Дузлевска нов генерален директор

Објавено пред

Компанијата „Триглав осигурување – живот“ овие денови доби нов генерален директор и извршен член на одбор на директори. Вилма Учета-Дузлевска ја презеде челната позиција во компанијата по поминати неколку мандати на извршни позиции во областа на осигурувањето.

Учета-Дузлевска е добитник на годинешната награда Business Elite’s 40 under 40 како една од најуспешните млади бизнис-лидери во Југоисточна Европа.

Компанијата „Триглав осигурување – живот“ АД Скопје како дел од Групацијата Триглав, која е воедно најголемата осигурително-финансиска групација во регионот – „Адрија“, на македонскиот осигурителен пазар постои од 2017 година.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од  2.647 тестирања,...

Свет2 часа

Германија воведе строги мерки: рестораните, кината и баровите ќе бидат затворени 4 недели

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека германските власти се согласиле на четиринеделен делумен карантин. Во овој временски период затворени...

Македонија6 часа

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Македонија6 часа

Пауновски: Нови вработувања ќе има в година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека в година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија7 часа

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за...

Македонија7 часа

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија8 часа

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија8 часа

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија9 часа

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет9 часа

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија10 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет11 час

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Македонија12 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет12 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет12 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет12 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Европа13 часа

Ватикан најави божикна прослава на папата на интернет

Божикната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет23 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија24 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа1 ден

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Досие