Економија
ССК на Генералниот совет на Светската федерација на комори
Сојузот на стопански комори на Македонија, денеска ќе учествува на годишната средба на Генералниот совет на Светската федерација на стопански комори која ќе се одржи во Париз, седиштето на Федерацијата на стопанските комори
Како дел од големото семејство на стопанските комори ССК ќе има можност пред останатите членки на Федерацијата да ги претстави своите активности, достигнувања, како и да ги запознае со сите свои тековни проекти и услуги кои ги нуди како институција за своите членки.“Горди сме што Сојузот на стопански комори на Македонија присуствува на средба од ваков карактер на која се поставуваат стратешките и развојните правци на организацијата и нејзините услужни дејности, каде што ССК ќе има можност не само да ги претстави своите активности, туку и да ги запознае останатите членки на Федерацијата со економското бизнис опкружување во Р.Македонија“, изјави Златко Калеников, претседател на ССК и додаде „Сојузот на стопански комори како етаблирана организација во Македонија го зацврстува своето место на меѓународно ниво. Преку членувањето во Меѓународната стопанска комора (International Chamber of Commerce), ССК останува на својот курс кој води кон унапредување на индустријата, трговијата и инвестициите, создава услови за пласирање на македонските производи на нови светски пазари и придонесува за зголемување на конкурентноста на компаниите на меѓународно ниво“.Светската Федерација на стопански комори (World Chambers Federation) основана е во почетокот на 50-тите години од минатиот век и има за цел да биде единстевен и уникатен глобален форум каде што коморите и високите директорати од сите држави можат да комуницираат едни со други и да соработуваат за прашањата од взаемен интерес.Меѓународна стопанска комора (International Chamber of Commerce) е основана во 1919 година со цел да унапредување на светскиот бизнис преку промоција на трговијата и инвестициите, отворени пазари на стоките и услугите и слободен проток на капитал. Во него членуваат стопански комори од над 130 земји во светот и негови членки се едни од највлијателните светски компании.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

