Економија
„Македонија турист“ со добивка од 36,38 милиони денари
Во третиот квартал од годинава угостителската компанија „Македонија турист“, во чија сопственост се седум хотели остварила нето добивка од речиси 600.000 евра. Со последната квартална добивка, вкупниот профит на компанијата за изминатите девет месеци од годинава изнесува 147,5 милиони денари, односно 326 денари за акција. Во третиот квартал годинава компанијата ја зголемила добивката за еден милион денари во споредба со истиот квартал лани. А на годишно ниво, годинава за првите девет месеци компанијата бележи добивка поголема за 14 милиони денари во споредба со истиот период лани. Овој резултат е остварен и покрај тоа што приходите на компанијата за првите девет месеци годинава биле пониски за 10 милиони денари споредено со истиот период лани. Компанијата за последниот квартал остварила приходи од 104,65 милиони денари, а од нив нето добивка за компанијата се 36,38 милиони денари што претставува над 30 отсто добивка. Најголеми акционери на компанијата се менаџерите Доне Таневски со 19,2 отсто од главницата и Соња Бибановска со 11,3 отсто од акциите со право на глас. Трет акционер по големина е „Тетекс Петрол“, фирма ќерка на “Тетекс“ која поседува пет отсто од акциите со право на глас. /крај/пд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

