Економија
Кина за три месеци инвестираше 36 милијарди долари

Кинеските компании за првите три месеци од 2010 година инвестирале 36,3 милијарди долари во нефинансискиот сектор на странски држави што е за 10,4 отсто повеќе во однос на минатата година.
Ова го соопшти заменик претседателот на Националната комисија за развој и реформи Џан Сјаоцјан на отворањето на кинескиот саем за инвестициите во странство, пренесува агенцијата Итар Тасс.
Постигнат е висок показател на инвестиции, независно од намалување на странските инвестиции во целиот свет, изјави Сјаоцјан.Кон крајот на 2009 година повеќе од 12.000 кинески компании создале околу 13.000 претпријатија во 170 земји и региони во светот, рече заменик претседателот.
Минатата година Кина беше на петто место во светот по обемот на директни инвестиции во економијата на други земји, што достигна 56,5 милијарди долари во 2009 година.
Кина успеа да го зачува високото темпо на раст на обемот на странски капитал дури и во најтешкиот период на светската финансиска криза. За 2009 година кинескиот капитал изнесуваат 5,1 проценти од вкупниот светски обем на инвестиции.
Оваа година се очекува раст на директните странски инвестиции во кинеската економија. Според прогнозата на Министерството за трговија на Кина овој показател може да надмине 100 милијарди долари, што е за 10 милијарди долари повеќе отколку во 2009 година. /крај/еко.њуз.бг/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Apple ДЕНОВИ во Нептун! Големи попусти и до 24 рати без камата до 31 јануари

На задоволство на голем број вљубеници во врвниот квалитет, модерниот дизајн и ненадминливите перформанси на Apple производите, Нептун Македонија подготви извонредна Apple понуда – Apple ДЕНОВИ ! Не само што ќе можете да ги најдете вашите омилени Аpple прои зводи со неодоливи попусти, туку ќе можете да ги платите на 24 рати БЕЗ камата!
Купувајте овие Apple ДЕНОВИ во Нептун и искористете ги извонредните попусти и понуди само до 31 јануари. Одберете MacBook Pro, iPhone12 Pro, iPhone12 Pro Max, iMac, iPhone 12, MacBook Air, iPhone 12 mini, iPhone 11, iPad Air, iPhone SE, AirPods Pro, Apple smart keyboard, AirPods2 и други одлични модели на попусти и до 24 рати без камата со happy кредит, кредитни картички и синдикална продажба.
Понудата на Нептун за попусти и до 24 рати без камата важи само за оние кои ќе купат производ од Apple понудата најдоцна до 31 јануари 2021г. Затоа побрзајте и имајте го вашиот нов Apple уред! Целата понуда може да ја погледнете на следниот линк: https://bit.ly/39c7hrp
(ПР текст)
Економија
Владата ја усвои Програмата за економски реформи 2021-2023

Владата ја усвои тригодишната стратегија за структурни реформи – Програма на економски реформи (ПЕР) 2021-2023. Овoj стратешки документ e исклучително важен дел од пристапниот процес кон Европската Унија. Програмата, чија подготовка ја координира Министерството за финансии, ја содржи среднорочната макроекономска и фискална рамка, како и структурните реформи кои треба да се спроведат, а кои се утврдени преку заеднички дијалог со Европската комисија.
Во Програмата за економски реформи 2021-2023 се опфатени 20 приоритетни мерки (реформски области), кои треба да се спроведат во наредните три години во насока на реформа на пазарот на енергија и транспорт, развој на земјоделскиот сектор, подобрување на деловното окружување и намалување на сивата економија, поддршка на истражување, развој и дигитална трансформација, регионално економско поврзување, образование и вештини, социјална заштита и инклузија, како и здравствена заштита.
Од аспект на реформата на пазарот на енергија и транспортот предвидени се мерки за зголемување на конкуренцијата на пазарот на електрична енергија, промоција на обновливи извори на енергија, подобрување на енергетската ефикасност и имплементација на интелигентен транспортен систем по должина на паневропскиот Коридор 10.
Во насока на развојот на земјоделскиот сектор предвидени се мерки за подобрување на системите за наводнување, консолидација и дефрагментација на земјоделско земјиште, формирање на земјоделски задруги и подобрување на пристапот до обработливите земјоделски површини.
Програмата предвидува и мерки насочени кон подобрување на деловното окружување и намалување на неформалната економија. Од аспект на подобрувањето на деловното окружување се предвидува рационализирање на парафискалните давачки и формирање на единствен регистар за истите, понатаму формирање на електронски пазар за набавки од мала вредност и поддршка на новоосновани мали и средни претпријатија во помалку развиените региони. Во насока на намалување на неформалната економија ќе се преземат механизми за поттикнување на регистрираните економски активности и трансакции и со фокус на секторите, каде што има најголема веројатност за непријавена работа.
Мерките со кои ќе се поддржи истражувањето, развојот и дигиталната трансформација опфаќаат проширување на опсегот на услуги на националната платформа Е-услуги, како и подобрување на соработката меѓу академската заедница и индустријата.
Во делот на регионалната економската интеграција се опфатени мерки насочени кон поедноставување на прекуграничните инспекциски и царински процедури и зајакнување на внатрешниот пазар во земјата.Понатаму, ПЕР предвидува активности за подобрување на резултатите од образовниот процес и намалување на неусогласеноста на вештините и квалификациите со потребите на пазарот на работна сила. Истовремено, ќе се работи и на спроведување на новиот Закон за социјална заштита, особено во поглед на најранливите категории граѓани, како и поголема активност на работоспособното население. Во оваа Програма за првпат се вклучува здравствениот сектор, каде се предвидени активности за подобрување на здравствената заштита на населението.
ПЕР 2021 – 2023 ќе се достави до Европската комисија до крајот на јануари 2021 година. По доставувањето, истата ќе биде оценета од страна на ЕК. На крајот, ќе се спроведе дијалог во рамките на Советот на ЕУ со министрите за финансии и гувернерите на централните банки од земјите кандидати за членство од Западен Балкан и Турција. Резултат на дијалогот е донесување заеднички заклучоци врз основа на оценката на ПЕР, со што се даваат препораки за подобрување во економските политики, со цел забрзување на економската конвергенција, зголемување на конкурентноста на деловниот сектор и отворање на нови работни места.
Економија
Акација на „Спорт лајф“ за најголем број погодени натпревари!

Во Sport Life стартуваше акцијата „До 50 шанси за 100 000 денари“ во која ќе се натпреваруваат играчите членови на СЛ клубот. Акцијата ќе трае од 22.01. до 22.3.2021 година, во 4 етапи од по 15 дена. Во тој период, во секоја одделна етапа, Sport Life ќе доделува вредни подароци за оние кои ќе погодат најголем број на натпревари на еден тикет, независно дали е тој добитен или недобитен.
Играчите со најмногу погодени натпревари на тикет ќе освојат 100.000 денари, за второпласираните следува вредносен ваучер од 25.000 денaри за производи од „Анхоч“ или „Техномаркет“, а, пак, третопласираните добиваат подарок месечно обложување, со вредносни ваучери од 200 денари секој ден.
Минималната уплата на тикет е 20 денари, додека на еден тикет може да се одиграат и до 50 натпревари, со минимален коефициент од 1,30. Акциската понуда важи само за несистемските тикети, односно за тикетите со една комбинација уплатени со приложување на СЛ клуб-картичката, а ги опфаќа и тикетите од понудата за обложување во живо, микс тикетите и тикетите со натпревари од Супер тип понудата.
Сите информации во врска со овој натпревар, како и тековната ранг-листа можете да ги дознаете ТУКА.
Со зачленувањето во СЛ клубот играчите na Sport Life се здобиваат со екслузивно право да учестуваат во оваа и голем број други акции и натпревари како што се Типстер на месецот, Втора кеш шанса, како и да освојуваат поени за вредни подароци од СЛ маркетот.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот