Економија
НБРМ проектираше раст од три отсто на БДП за наредната година
Народната банка на Македонија (НБРМ) за идната година проектираше раст на Бруто домашниот производ (БДП) од два до три отсто, при што се очекува главен генератор да биде растот на инвестициите од 10,4 отсто.
„Ризиците околу проекцијата на БДП кои би влијаеле во надолна насока се однесуваат на темпото на закрепнување на глобалната економија и степенот на реализација на државните капитални инвестиции, додека во позитивна насока би влијаеле промените на пазарот на трудот кои во проекцијата се вклучени конзервативно“, изјави Петар Гошев, гувернер на НБ.
Тој рече дека растот на БДП се очекува да биде воден од домашната побарувачка додека извозот би бил негативен придонес, но за да се достигне овој раст на БДП во буџетот би требале да се вложат 23 милијарди денари.
„Инфлацијата во 2011 година се очекува да биде во интервал од два до три отсто, влијание би имал растот на светските цени на храната,а од домашната побарувачка не се очекуваат притисоци за раст на цените“, рече гувернерот.
Дефицитот на тековната сметка според извештајот е зголемен за 0,7 во однос на минатата година на 4,3 отсто поради минималното проширување на трговскиот дефицит, а капиталните се очекуваат да бидат повисоки зголеменото задолжување на јавниот сектор како и повисоки на повисоки директни странски инвестиции кои би достигнале 3,6 отсто од БДП.
За идната година Банката проектираше раст на кредитите од 12,1 отсто како резултат на подобрувањето на макроекономската политика и поголемата склоност кон потрошувачка кај населението и претпријатијата кој главно ќе биде финансиран преку растот на депозитите во банките.
„Ризиците околу проектираниот монетарен и кредитен раст се главно во надолна насока и нивното остварување во најголема мера ќе зависи од темпото на заздравување на глобалната и домашната економија“, рече Гошев.
На новинарско прашање дали НБ ќе ги намали девизните резерви бидејќи тоа единствен изговор на банките зошто не ги намалуваат каматните стапки, тој додаде дека нема потреба некој да го потсетува во однос на тоа прашање, ако банката осети потреба ќе ги намали девизните резерви.
Гошев изјави дека со намалувањето на референтната каматна стапка се обидува една година да влијае на намалување на каматните стапки.
„Тој процес е почнат, тече и во зависност од натамошните движења во економијата, перцепцијата за натамошните ризици во економијата и во финансискиот сектор веројатно ќе продолжи оваа насока на намалување на каматните стапки или не, има многу други фактори кои влијаат на каматите а не само монетарната политика“, рече гувернерот.
Според НБРМ проекциите за економскиот раст остануваат скоро непроменети за оваа година се очекува реален раст на БДП од околу 0,6 проценти, просечната инфлација да биде 1,6 проценти поради цената на храната, дефицитот на трговската сметка до крајот на 2010 година се очекува да изнесува 3,6 проценти од БДП, а се очекува кредитниот раст да се забрза до 9,4 отсто. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 16.2.2026 година.
Од 24.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,520 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг и сега ќе изнесува 34,520 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,380%, кај дизелот за 2,624%, кај екстра лесното масло за 2,351% и кај мазутот зголемувањето е за 2,274%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4252%.
Економија
Работилница на македонската и грчката регулаторна комисија за енергетика: во фокусот поврзувањето на пазарите за електрична енергија
Регулаторното искуство во поврзување на пазарите за електрична енергија беше фокусот на третата заедничка работилница помеѓу Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (RAAEY).
“Откако се донесе Законот за енергетика, во РКЕ се формирани тимови од инженери, економисти и правници кои работат интензивно на подзаконската регулатива што ќе обезбеди усогласување на домашната легислативата со европската. Ова е само еден од предусловите за да започне практичната интеграција на домашниот пазар со регионалните пазари, а потоа и со Европскиот пазар за електрична енергија. Регулаторната работилница за нас е можност да размениме искуства и знаење, затоа што грчкиот регулатор веќе го има затворено овој процес.“ посочи Лирим Сулејмани, заменик претседател на РКЕ.
Од Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (RAAEY) ги презентираа регулаторните чекори кои што ги презеле при спојување со европскиот енергетски пазар, нагласувајќи дека ова е интензивен процес што бара блиска и ефикасна соработка на засегнатите страни за да се постигне јасна и транспарентна транзиција.
РКЕ и РАЕ минатата година во февруари склучија Меморандум за соработка во областите: енергија, вода и отпад со цел размена на регулаторна експертиза.
Економија
Божиновска со концесионерите во Прилеп: Развојот на рударството продолжува со јасни правила, повисоки стандарди и поголема контрола
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на работната посета на Прилеп одржа заедничка работна средба со најголемите концесионери од регионот, посветена на актуелните состојби во рударскиот сектор, предизвиците со кои се соочуваат компаниите и можностите за понатамошен развој.
На состанокот присуствуваа претставници на повеќе компании кои имаат значајна улога во експлоатацијата и преработката на минерални суровини. Во отворена дискусија се разговараше за тековната динамика на работа, инвестициите во модернизација на производството, предизвиците поврзани со административните постапки, како и потребата од предвидлива и стабилна регулаторна рамка која ќе овозможи долгорочно планирање и нови вложувања.
Министерката Божиновска нагласи дека државата има јасен интерес рударството да се развива како силен економски сектор, но исклучиво со целосно почитување на законските обврски, еколошките стандарди и безбедносните правила.
„Партнерството со компаниите е важно, но уште поважно е довербата на граѓаните. Затоа развојот мора да оди паралелно со одговорност, транспарентност и засилен надзор“, истакна Божиновска.
Концесионерите ја поздравија иницијативата за почести директни средби со институциите, оценувајќи дека ваквиот пристап овозможува побрзо решавање на отворените прашања и подобра координација во секторот.
На средбата беше потенцирана и потребата од засилен инспекциски надзор на терен, при што беше нагласено дека отворањето на новата канцеларија на Државниот инспекторат во Прилеп ќе придонесе за поефикасна контрола, еднакви услови за работа и дополнително зајакнување на стандардите во индустријата.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на континуиран дијалог со индустријата, со цел создавање стабилна деловна средина, одржлив економски раст и јасни придобивки за локалните заедници.

