Контакт

Економија

Јавниот сектор во Чешка на штрајк во декември

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

Водечкиот чешки синдикат повика на еднодневен штрајк на јавниот сектор кој треба да се одржи на 8-ми декември поради одлуката на владата да ги скрати платите.Ваквите штрајкови се многу ретки во Чешка, но јавната администрација се противи на плановите на владата кои предвидуваат кратење на платите за 10 отсто за следната година со цел намалување на буџетскиот дефицит.Лидерот на синдикатот Јарослав Завадил изјави дека сржта на проблемот е дека оваа влада само се занимава со кратење на плати а не се занимава со приходите.Чешка има околу 700.000 вработени во јавниот сектор.Премиерот Петр Нечас најави дека владата ќе остане на својата првична одлука. /крај/хи/ит



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

„Нетфликс“ го купува „Ворнер Брос“ за 72 милијарди долари

Објавено пред

Од

„Нетфликс“ го купува филмскиот и стриминг бизнисот на „Ворнер Брос Дискавери“ за 72 милијарди долари, пишува „Би-би-си“.

dobivaj vesti na viber

„Ворнер Брос“ поседува франшизи како „Хари Потер“ и „Игра на тронови“, како и стриминг услугата HBO Max.

Ова преземање треба да доведе до радикална трансформација на американската филмска и медиумска индустрија, но аналитичарите предупредуваат дека може да наиде на отпор од регулаторните органи за заштита на пазарната конкуренција.

Том Харингтон, раководител на телевизискиот оддел во Enders Analysis, верува дека договорот, доколку добие регулаторно одобрение, ќе има огромно влијание врз филмската индустрија.

„Ако се реализира, тоа ќе го преобликува Холивуд, при што стримерот ќе преземе бизнис што во голема мера е егзистенцијална контрадикција. ‘Нетфликс’ отсекогаш имал ограничена употреба на кино, но генерално неговата понуда го поткопува тоа“, рече тој.

Харингтон предвидува „големи намалувања“ на телевизиската и филмската продукција во рамките на комбинираниот ентитет, што би можело да предизвика отпор од холивудските синдикати.

За потрошувачите, спојувањето веројатно би значело повисоки цени, рече тој.

„’Нетфликс’ би станал поскап, па дури и ако HBO Max биде затворен/стане неважен, поголемата пенетрација на ‘Нетфликс’ во домаќинствата веројатно би значела зголемување на вкупните приходи од претплати.“

Прикажи повеќе...

Економија

Трипуновски: Досега се откупени 1,7 милион килограми тутун со просечна цена од 419,68 денари

Објавено пред

Од

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска е во работна посета во прилепскиот регион, каде што врши увид во процесот на откупот на тутун.

dobivaj vesti na viber

„Сакам да ве информирам дека од пријавените 320 пунктови низ државата, отворени се 207 заклучно со вчерашниот ден”, изјави министерот Трипуновски.

Тој додаде дека од компаниите кои што се пријавени во Регистарот за откуп на тутун, само една компанија досега не отпочнала со откуп, но истата ќе започне на почетокот од наредната недела согласно планот и динамиката.

„Согласно податоците кои ги добиваме на дневна основа од Државниот инспекторат за земјоделство, до вчерашниот ден се откупени 1,7 милиони килограми тутун со просечна цена од 419,68 денари”, истакна министерот Трипуновски.

Тој посочи дека според податоците од Сојузот и Инспекторатот, досегашниот тек на откупот се одвива во добра атмосфера.

„До последниот ден од откупот ќе бидеме тука, додека не се собере последното ливче тутун. Очекуваме дека оваа сезона ќе заврши успешно”, заклучи министерот.

Прикажи повеќе...

Економија

Николoски: Вложуваме силни напори да изградиме квалитетна железничка и патна мрежа во Македонија

Објавено пред

Од

Македонија вложува силни напори да ги изгради и модернизира европските коридори 8 и 10 и во таа насока реализираме крупни проекти на истите. Работиме на изградба на железничкото поврзување со Бугарија, започнавме со постапките за изградба на брза пруга на коридор 10, а исто така градиме и автопатски делници на коридор 8, се обрати вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во рамки на Министерскиот совет на Транспортната заедница, што се одржува во Брисел.

dobivaj vesti na viber

„Имаме среќа што два паневропски коридори, 8 и 10, минуваат низ земјата и решивме како Владата да вложиме напори за напредок на двата коридори и тоа е нешто на што работиме заедно со нашите пријатели, партнери. Како што знаете потпишавме заеднички договор во ноември, за коридор 8 и тоа е големо достигнување за двете земји, нешто што целосно ќе ја промени реалноста во регионот и сега работиме за да го спроведеме. Од наша страна, железницата е поделена на 3 делници, едната е во функција од јануари годинава, втората се надевам ќе ја завршиме следнава година, а за третата работиме со нашите партнери од ЕИБ за да го објавиме тендерот не подоцна од јануари и очекувам напредок таму и така ќе дојдеме до спојување со Бугарија преку тунел. Што се однесува до коридор 10, во делот на железницата, решивме да изградиме брза железница со 200 км на час за патнички возови и 120 км на час за товарни возови. Преку Велика Британија добивме поволно финансирање и веќе се спроведува подготвителна работа. Ако се биде добро, очекувам првите машини да бидат на терен не подоцна од јуни 2026 и да завршиме во период од 5 години. Тоа ќе биде голем поттик за економијата во регионот и за поврзување. Што се однесува до автопатите, со коридор 10 процедурата е во тек, работиме со Светска банка, а со коридор 8 почнуваме сега и ќе продолжиме. На коридор 8 ја отворивме источната делница меѓу Куманово и Крива Паланка во јануари, работиме на западната делница и би сакал да ве поканам сите да видите што работиме”, рече вицепремиерот Николоски.

Министерскиот совет е во организација на Секретаријатот на Транспортната заедница. Покрај вицепремиерот Николоски, присуствуваат и министри за транспорт и владнини претставници од Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Бугарија, Словенија, од Кипар, Романија, Ирска и од други европски земји.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Никаде го немало македонското знаме на прославата на Денот на албанското знаме, прекршочна постапка за Општина Струга

Полицијата поднесе барање за поведување прекршочна постапка против Општина Струга и уште едно физичко лице затоа што на денот на...

Македонија2 часа

Поранешните премиери се скараа на „Фејсбук“: Груевски вели дека Заев е дволичен, тој му одговори дека треба да си најде хоби, а не да пишува епопеи од бегство

Поранешните премиери Никола Груевски и Зоран Заев со обвинувања преку социјалната мрежа „Фејсбук“. Груевски го нарече Заев дволичен, а тој...

Македонија2 часа

Од 1 јануари се намалува надоместокот за дистрибуција на струјата, останува ЕВН да ги објави финалните цени

Од 1 јануари 2026 година надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем „Електродистрибуција“ ДООЕЛ се намалува 3,64 %, надоместокот за користење...

Македонија3 часа

Алиу: Со синдикатите сме на иста страна, заеднички работиме на унапредување на статусот на здравствените работници

Министерот за здравство Азир Алиу денеска одржа работен состанок со претставниците на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита...

Македонија4 часа

Кривична против директорка на средно училиште во Делчево: набавила фалсификуван тест за познавање аглиски јазик од Бугарија

СВР Штип – ОВР Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против Д.Ц.(53) од Делчево поради постоење основи...

Македонија4 часа

(Видео) „Корупцијата на власта оди до Брисел“, Филипче ја повика Ковеши да дојде во Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати повик до главната европска обвинителка, Лаура Ковеши,...

Регион6 часа

Во Грција поплавени патиштата поради бурата, а училиштата во делови од земјата затворени

Бурата „Бајрон“, која ја погоди Грција, предизвика затворање на многу училишта, поплавени патишта и затворање на автопатот Атина-Коринт. Рано утрово,...

Европа6 часа

(Видео) Украина погоди руско пристаниште и рафинерија за нафта во напади со дронови

Украинските беспилотни летала извршија напади врз клучни руски енергетски објекти синоќа, погодувајќи го морското пристаниште Темрјук во Краснодарскиот крај и...

Европа6 часа

Маж во Австрија ја оставил девојката на планина, таа замрзнала до смрт: обвинет за убиство

Маж (36) се соочува со обвиненија за убиство од небрежност откако ја оставил својата девојка (33) да замрзне до смрт...

Свет7 часа

Путин: Подготвен сум за војна со Европа; Америка: Ќе бидете добро со помалку наши војници

Намалувањето на бројот на американски војници во Европа нема да ја загрози одбраната на континентот, изјави во вторник врховниот командант...

Свет7 часа

Медиумите: Дронови забележани во близина на рутата на летот на Зеленски на пат кон Даблин

Ирската морнарица забележала околу пет дронови кои дејствувале во близина на рутата на летот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за...

Свет7 часа

Трамп сакаше да отпушти 250 вработени во Стејт департментот, судот ја блокира неговата одлука

Одлуката на американското Министерство за надворешни работи за отпуштање на околу 250 вработени беше блокирана на суд во четврток, што...

Свет7 часа

(Видео) Американската војска разнесе брод во Пацификот, објавена снимка од нападот

Американската војска вчера изврши нов напад врз брод за кој тврди дека превезувал дрога во крајбрежните води на Латинска Америка,...

Европа8 часа

Медведев за контроверзниот европски план: Ова може да биде повод за војна

Шефот на рускиот Совет за безбедност и поранешен руски претседател Дмитриј Медведев вчера предупреди дека користењето на замрзнатите руски средства...

Европа8 часа

Висок функционер: Нема знаци на напредок кон прекин на огнот во Украина

Висок претставник на Обединетите нации за Украина предупреди дека војната во Украина се влече без знаци на напредок кон прекин...

Свет21 час

„Америка може да нè предаде“: протече разговор меѓу Макрон, Мерц и Зеленски

Европските шефови на држави и влади длабоко не им веруваат на Соединетите Американски Држави кога станува збор за мировни преговори...

Македонија23 часа

(Видео) Татко на една од жртвите: Загрижува што обвинетите се однесуваат како оштетени и како првпат да слушаат за дискотеката „Пулс“

Загрижува фактот што обвинетите продолжуваат да добиваат јавен простор за изјави и медиумски настапи иако се соочуваат со сериозни обвиненија...

Македонија1 ден

Јас единствен барав да не му се издава лиценца на „Пулс“, би требало да седам како јавност, а не како обвинет, рече поранешниот градоначалник Ратко Димитровски

Изненаден од тоа што седи на обвинителна клупа, поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, на денешното судење за трагедијата во...

Македонија1 ден

„Името го сменивме двапати, Уставот седумпати“ – Николоски во Брисел побара чесен пристап и одговор дали со уставните измени завршуваат барањата

Заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, се обрати на форумот „Прашања на проширување: Новата геополитичка, безбедносна и економска граница на Европа“,...

Македонија1 ден

Фирмата за подготовка на храната во „Димо Хаџи Димов” казнета со 900 евра, во уште едно училиште откриена ешерихија коли во намаз

Операторот за подготовка на храната во основото училиште во Влае, „Димо Хаџи Димов“, е казнета со 900 евра откога беа...