Контакт

Економија

„Вип оператор„ со профит

Објавено пред

„Вип оператор“, третиот мобилен оператор во Република Македонија, значително ја зголеми својата корисничка база во третото тромесечје од 2010 година и достигна повеќе од 388.000 корисници. Растот на корисничката база на „Вип оператор“ се должи на силниот раст на постпејд сегментот кој порасна до 31,6 отсто во третото тромесечје од 2010 година, споредено со 27,4 отсто во истиот период минатата година. Ова придонесе пазарниот удел на „Вип оператор“ до крајот на септември 2010 година да порасне за речиси 50 отсто, споредено со пазарниот удел во истиот период минатата година.Приходите на „Вип оператор“ пораснаа за две третини, до 10.2 милиони евра во третото тромесечје од 2010 година, споредено со истиот период лани, како резултат на порастот на корисничката база.„Вип оператор„, во третото тромесечје од 2010 година достигна позитивна ЕБИТДА (заработка пред камати, даноци, депресијација и амортизација) од 0.1 милион евра, наспроти негативна ЕБИТДА од 2.8 милиони евра во истиот период лани.„Ни претставува огромно задоволство што можеме да објавиме одлични резултати во сите сегменти на оперативното работење и извонреден пораст на корисничката база. Тоа несомнено е потврда на нашите континуирани заложби и посветена работа да обезбедиме повеќе вредност за сите граѓани во Република Македонија. Овој успех e дотолку позначаен ако се земе предвид фактот што Вип оператор за прв пат успеа да постигне позитивна ЕБИТДА во третото тромесечје од 2010 година, која придонесе и кон вкупната ЕБИТДА на Телеком Австрија Групацијата“, изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на „Вип оператор„.Оперативната загуба на „Вип оператор“ се намали за 53,9 отсто до 2.2 милиони евра во третото тромесечје од 2010 година, споредено со оперативна загуба од 4.7 милиони евра во истиот период лани.крај/пд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Apple ДЕНОВИ во Нептун! Големи попусти и до 24 рати без камата до 31 јануари  

Објавено пред

На задоволство на голем број вљубеници во врвниот квалитет, модерниот дизајн и ненадминливите перформанси на Apple производите, Нептун Македонија  подготви извонредна Apple понуда  – Apple ДЕНОВИ ! Не само што ќе можете да ги најдете вашите омилени Аpple прои зводи со неодоливи попусти, туку ќе можете да ги платите на 24 рати БЕЗ камата!

Купувајте овие Apple ДЕНОВИ во Нептун и искористете ги извонредните попусти и понуди само до 31 јануари. Одберете MacBook Pro, iPhone12 Pro, iPhone12 Pro Max, iMac, iPhone 12, MacBook Air, iPhone 12 mini, iPhone 11, iPad Air, iPhone SE, AirPods Pro, Apple smart keyboard, AirPods2 и други одлични модели на попусти и до 24 рати без камата со happy кредит, кредитни картички и синдикална продажба.

Понудата на Нептун за попусти и до 24 рати без камата важи само за оние кои ќе купат производ од Apple понудата најдоцна до 31 јануари 2021г. Затоа побрзајте и имајте го вашиот нов Apple уред! Целата понуда може да ја погледнете на следниот линк:  https://bit.ly/39c7hrp

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Владата ја усвои Програмата за економски реформи 2021-2023

Објавено пред

Владата ја усвои тригодишната стратегија за структурни реформи – Програма на економски реформи (ПЕР) 2021-2023. Овoj стратешки документ e исклучително важен дел од пристапниот процес кон Европската Унија. Програмата, чија подготовка ја координира Министерството за финансии, ја содржи среднорочната макроекономска и фискална рамка, како и структурните реформи кои треба да се спроведат, а кои се утврдени преку заеднички дијалог со Европската комисија.

Во Програмата за економски реформи 2021-2023 се опфатени 20 приоритетни мерки (реформски области), кои треба да се спроведат во наредните три години во насока на реформа на пазарот на енергија и транспорт, развој на земјоделскиот сектор, подобрување на деловното окружување и намалување на сивата економија, поддршка на истражување, развој и дигитална трансформација, регионално економско поврзување, образование и вештини, социјална заштита и инклузија, како и здравствена заштита.

Од аспект на реформата на пазарот на енергија и транспортот предвидени се мерки за зголемување на конкуренцијата на пазарот на електрична енергија, промоција на обновливи извори на енергија, подобрување на енергетската ефикасност и имплементација на интелигентен транспортен систем по должина на  паневропскиот Коридор 10.
Во насока на развојот на земјоделскиот сектор предвидени се мерки за подобрување на системите за наводнување, консолидација и дефрагментација на земјоделско земјиште, формирање на земјоделски задруги и подобрување на пристапот до обработливите земјоделски површини.

Програмата предвидува и мерки насочени кон подобрување на деловното окружување и намалување на неформалната економија. Од аспект на подобрувањето на деловното окружување се предвидува рационализирање на парафискалните давачки и формирање на единствен регистар за истите, понатаму формирање на електронски пазар за набавки од мала вредност и поддршка на новоосновани мали и средни претпријатија во помалку развиените региони. Во насока на намалување на неформалната економија ќе се преземат механизми за поттикнување на регистрираните економски активности и трансакции и со фокус на секторите, каде што има најголема веројатност за непријавена работа.
Мерките со кои ќе се поддржи истражувањето, развојот и дигиталната трансформација опфаќаат проширување на опсегот на услуги на националната платформа Е-услуги, како и подобрување на соработката меѓу академската заедница и индустријата.

Во делот на регионалната економската интеграција се опфатени мерки насочени кон поедноставување на прекуграничните инспекциски и царински процедури и зајакнување на внатрешниот пазар во земјата.Понатаму, ПЕР предвидува активности за подобрување на резултатите од образовниот процес и намалување на неусогласеноста на вештините и квалификациите со потребите на пазарот на работна сила. Истовремено, ќе се работи и на спроведување на новиот Закон за социјална заштита, особено во поглед на најранливите категории граѓани, како и поголема активност на работоспособното население. Во оваа Програма за првпат се вклучува здравствениот сектор, каде се предвидени активности за подобрување на здравствената заштита на населението.

ПЕР 2021 – 2023 ќе се достави до Европската комисија до крајот на јануари 2021 година. По доставувањето, истата ќе биде оценета од страна на ЕК. На крајот, ќе се спроведе дијалог во рамките на Советот на ЕУ со министрите за финансии и гувернерите на централните банки од земјите кандидати за членство од Западен Балкан и Турција. Резултат на дијалогот е донесување заеднички заклучоци врз основа на оценката на ПЕР, со што се даваат препораки за подобрување во економските политики, со цел забрзување на економската конвергенција, зголемување на конкурентноста на деловниот сектор и отворање на нови работни места.

Прикажи повеќе...

Економија

Акација на „Спорт лајф“ за најголем број погодени натпревари!

Објавено пред

Во Sport Life стартуваше акцијата „До 50 шанси за 100 000 денари“ во која ќе се натпреваруваат играчите членови на СЛ клубот. Акцијата ќе трае од 22.01. до 22.3.2021 година, во 4 етапи од по 15 дена. Во тој период, во секоја одделна етапа, Sport Life ќе доделува вредни подароци за оние кои ќе погодат најголем број на натпревари на еден тикет, независно дали е тој добитен или недобитен.

Играчите со најмногу погодени натпревари на тикет ќе освојат 100.000 денари, за второпласираните следува вредносен ваучер од 25.000 денaри за производи од „Анхоч“ или „Техномаркет“, а, пак, третопласираните добиваат подарок месечно обложување, со вредносни ваучери од 200 денари секој ден.

Минималната уплата на тикет е 20 денари, додека на еден тикет може да се одиграат и до 50 натпревари, со минимален коефициент од 1,30. Акциската понуда важи само за несистемските тикети, односно за тикетите со една комбинација уплатени со приложување на СЛ клуб-картичката, а ги опфаќа и тикетите од понудата за обложување во живо, микс тикетите и тикетите со натпревари од Супер тип понудата.

Сите информации во врска со овој натпревар, како и тековната ранг-листа можете да ги дознаете ТУКА.

Со зачленувањето во СЛ клубот играчите na Sport Life се здобиваат со екслузивно право да учестуваат во оваа и голем број други акции и натпревари како што се Типстер на месецот, Втора кеш шанса, како и да освојуваат поени за вредни подароци од СЛ маркетот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Прв телефонски разговор меѓу Путин и Бајден

Новиот американски претседател, Џо Бајден, денеска го одржал првиот телефонски разговор со својот руски колега, пренесе Белата куќа, додавајќи дека...

Македонија11 час

21 починат и 444 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.518 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на...

Топ12 часа

Поранешниот прилепски градоначалник осомничен за криминал со државно земјиште

Против поранешниот градоначалник на Прилеп, Маријан Ристески, и уште осум лица, како и против две правни лица, поднесена е кривична...

Европа12 часа

Меркел бара затворање на границите и забрана за патување, пишуваат германските медиуми

Германската канцеларка, Ангела Меркел, за време на состанок на раководството на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) се заложила за можност за целосна...

Македонија15 часа

ИЈЗ: Намалување на бројот на нови случаи и на починати

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 18 до 24 јануари 2021, тестирани се вкупно 11.036...

Свет15 часа

СЗО: Нови совети во врска со лекувањето на Ковид-19, тимот во Вухан започнува со работа

Светската здравствена организација (СЗО) денес ги издаде најновите совет до клиничарите за лекување  пациенти со Ковид-19, вклучувајќи ги и оние...

Европа15 часа

(Видео) Германија: Маж со нож бодел луѓе на улица, има ранети

Германската полиција соопшти дека еден човек со нож нападнал и ранил неколку лица во градот Франкфурт пред властите да го...

Европа16 часа

Бразилскиот вид на Ковид-19 пристигна во Италија, вирусолозите предупредуваат дека вакцината не е ефикасна против него

Болница во градот Варезе, во регионот на Ломбардија, лекува лице на кое му е дијагностициран првиот случај во Италија на...

Македонија16 часа

Семејство завеано во викендичка на Попова Шапка, без струја и без храна

Четиричлено семејство од Скопје останало заглавено во викендичка на Попова Шапка, бидејќи поради големите снежни навеви пристапот бил отсечен. За...

Македонија17 часа

Филипче: Ја разгледуваме можноста за набавка на вакцини од Кина

Владата ја разгледува можноста за набавка на вакцини од Кина. Како што соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, во моментот...

Европа17 часа

Меркел: Ситуацијата со коронавирусот ни избега од контрола

Германската канцеларка Ангела Меркел призна дека ситуацијата во земјата, во борбата против коронавирусот, им избегала од контрола на властите. Според...

Европа18 часа

Италијанскиот премиер Конте поднесе оставка

Италијанскиот премиер Џузепе Конте поднесе оставка, пишуваат италијанските медиуми. Агенцијата „Анса“ пишува дека премиерот ја објавил својата одлука пред членовите...

Македонија18 часа

Брзи антиген тестови на скопскиот аеродром

Со цел да одговори на најновите рестрикции за патување воведени поради Ковид-19 од страна на земјите од ЕУ/Шенген зоната, ТАВ...

Македонија19 часа

Португалското претседателство ќе настојува да почнат преговорите на Македонија со Европската Унија

За португалското претседателство процесот на проширување е важно прашање, истакна министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва. Како претставник...

Македонија19 часа

СДСМ: Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти е која било етничка заедница

Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти на која било етничка заедница, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија,...

Европа19 часа

(Видео) Нови насилни протести во Холандија поради полицискиот час

Холандската полиција уапси 70 лица откако избувнаа нови немири трета ноќ по ред за време на протестите за одлуката на...

Свет20 часа

Поднесено обвинение против Трамп во Сенатот

Претставничкиот дом на американскиот конгрес поднесе обвинение до Сенатот за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, бидејќи неговиот говор...

Свет1 ден

Пирати киднапираa 15 морнари од турски брод, еден убиен

Во насилeн напад во близина на брегот на Нигерија пирати киднапирале 15 морнари од турскиот брод „Моцарт“, а еден член...

Свет1 ден

„Модерна“ тврди дека нејзината вакцина е ефикасна и против новите видови коронавирус

Вакцината на „Модерна“ дејствува и против новите видови коронавирус пронајдени во Велика Британија и Јужна Африка, тврдат научници од оваа...

Македонија1 ден

Собранието го избра Насер Зибери за народен правобранител

Иако Насер Зибери не успеа да стане првиот премиер Албанец, се избори за функцијата народен правобранител. Го предложи ДУИ, а...

Досие