Контакт

Економија

Индексот МБИ10 со пад од 0,42%

Објавено пред

Вкупниот промет на Македонска берза за хартии од вредност денеска  изнесуваше 15.693.721,14 денари, при што Индексот МБИ10 одбележа пад од 0,42% и изнесуваше 2.226,39 поени.МБИД исто бележи пад за 0,17% и изнесуваше 2.454,31 поени, додека ОМБ порасна за 0,64% и имаше вредност од 113,16 поени. На Официјален пазар најтргувани беа акциите на Алкалоид АД Скопје со кои беше остварен промет во износ од 1.150.103,00 денари по просечна цена од 3.846,50 денари.Втора од акциите по реализиран промет беше акцијата на  Комерцијална банка АД Скопје со која беа остварени 847.290,00 денари промет по просечна цена од 3.149,78 денари.Трета беше акцијата на Гранит АД Скопје со остварени 512.250,00  денари кои се тргуваа по просечна цена од 499,76 денари.Најтргувана од обврзниците беше Обврзницата за денационализација од седмата емисија со остварен промет од 3.133.485,96 денари, при што беа тргувани по просечна цена од 86,00%. На Редовниот пазар најтргувана хартија од вредност според класичниот промет беше акцијата на Клириншка куќа Скопје со кои беше остварен промет во износ од 2.190.000,00 денари по просечна цена по 15.000,00 денари по акција. Пет најтргувани хартии од вредност1. Клириншка куќа Скопје2.  Алкалоид АД Скопје3.  Комерцијална банка АД Скопје4.  Гранит  АД Скопје 5.  Макпетрол АД СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. Клириншка куќа Скопје 50,00%2. Идевелоп АД Скопје 7,14%3. Стопанска банка АД Скопје 2,22%4. Макпетрол АД Скопје 0,07%Хартии од вредност со најголем пад1. Комуна АД Скопје 25,00%2. ТТК банка АД Скопје 9,19%3. РЖ Ладна валавница АД Скопје 3,42%4. Реплек АД Скопје 3,00%5. Стопанска банка АД Битола 0,91%



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Заев: Просечната плата расте, целта ни е да стигнеме до 34.000 денари

Објавено пред

Имаме раст на просечната нето-плата во ноември, a наша цел се достоинствени плати и подобар животен стандард за граѓаните. Владата е посветена на покачување на платите до 34.000 денари во следните четири години, објави премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.

📈 Имаме раст на просечната нето плата од 7% во ноември 2020, во однос на истиот месец 2019 година. Според податоците на…

Posted by Zoran Zaev on Четврток, 21 јануари 2021

„Имаме раст на просечната нето плата од 7% во ноември 2020, во однос на истиот месец 2019 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2020 година изнесувала 27.588 денари. Ваквото зголемување се должи на зголемувањата на платите во наведениот период во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (11,2 %), Образование (9,5 %), Информации и комуникации (9,4%), Земјоделство, шумарство и рибарство (8,5%), Преработувачката индустрија (7,3%), како и во други бројни дејности. Нашата цел е граѓаните да имаат достоинствени плати и подобар животен стандард. Владата е посветена на покачување на платите до 34.000 денари во следните четири години“, напиша премиерот на својот фејсбук-профил.

Прикажи повеќе...

Економија

Зелена машина на „Брако“ ја чистеше Белата куќа пред инаугурацијата на Бајден

Објавено пред

Еколошката машина GM500ze на македонската компанија „Грин машинс“ (Green Machines), која е во сопственост на велешки „Брако“, го чистеше дворот на Белата куќа во Вашингтон во пресрет на вчерашната инаугурација на новиот американски претседател Џо Бајден.

Станува збор за иновативна машина за одржување хигиена во урбани средини, која работи без воопшто да испушта јаглероден диоксид. GM 500ze е првата целосно електрична машина од овој тип и веќе добро е позната меѓу градовите и институциите што се стремат кон паметни и зелени решенија во процесот на одржувањето на хигиената во урбани средини.

Деновиве во американските медиуми сè беше насочено кон преземањето на функцијата на новиот претседател. Беа објавени голем број стории, кои се фокусираа и на најситните детали од подготовките за инаугурацијата. Во една таква сторија на престижниот „Политико“ се појави и зелената машина на „Брако“. Еј-би-си, пак, објави прилог во кој вели дека и вообичаено сè е блескаво чисто во Белата куќа, но овој пат, имајќи ја предвид и пандемијата на Ковид-19, било спроведено длабинско чистење какво што не се памети.

Од „Брако“ велат дека GM500ze не се нашла случајно во Белата куќа бидејќи нивните производи веќе подолго време се извезуваат на американскиот пазар. Благодарение на сертифицираниот квалитет, нечујноста и иновативната технологија што не загадува, зелените машини ги чистеле пешачките зони и на други познати локации, како Бакингемската палата во Лондон, плоштадот Свети Петар во Ватикан, улиците на Сингапур, „Дизниворлд“, Тајмс сквер во Њујорк итн.

Поради својот футуристички дизајн, овие возила го привлекуваат вниманието и на филмските режисери и се појавуваат во сцени од Man In Black 3 и Star Wars: Episode I – The Phantom Menace.
GM 500ze е претходникот на најновата иновација што ја произведе „Брако“, која пред неколку месеци беше презентирана во Европа и светот. Тоа е неверојатната машина GM 500H2 што работи на водород и испушта вода наместо издувни гасови. И ова возило ја продолжува визијата на велешката компанија, чија цел е да придонесе за минимизирање на човечкото влијание врз природата и максимално да ја зголеми ефикасната употреба на ресурсите.

Прикажи повеќе...

Економија

Раст на просечната плата за 1.800 денари

Објавено пред

Просечната месечна исплатена нето-плата за вработен во ноември 2020 година изнесувала 27.588 денари и е повисока 7 % во однос на истиот месец во 2019 година, поточно 1.801 денари.

Во согласност со податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2020, во споредба со истиот месец 2019 година, регистрирано е зголемување на нето-платата за вработен во секторите: земјоделство, шумарство и рибарство (8,5 %), во преработувачката индустрија (7,3 %), снабдување со електрична енергија, гас, пареа, климатизација (4,9 %), информации и комуникации (9,4 %), финансиски дејности и дејности на осигурување (2 %), како и во други многубројни дејности.

Дополнително, ваквото зголемување во најголем дел се должи и на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата за вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (11,2 %), дејности на здравствена и социјална заштита (11,2 %) и образование (9,5 %). Највисоки нето-плати се регистрирани во секторите информации и комуникации, како и финансиски дејности и дејности на осигурување.

Од Владата велат дека се посветени на реализација на стапките на економски раст од 4 до 5 % и покачување на платите за 20 до 30 %, односно до 34 илјади денари во следните четири години, со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Холандија воведува полициски час, луѓето веќе смислуваат начини како да го избегнат

Предлогот на холандската влада да воведе полициски час, прв по Втората светска војна, помина во парламентот, пренесува АФП. #BREAKING Dutch...

Македонија2 часа

Филипче: Попис во време на пандемија е голем предизвик, но може да се спроведе

Спроведувањето на пописот во време на пандемија е голем предизвик, но процесот може да се спроведе и заврши по сите...

Македонија4 часа

15 починати и 356 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.906 тестирања, а регистрирани се 356 нови случаи на...

Свет5 часа

(Видео) Најмалку петмина мртви во пожарот што ја зафати зградата на најголемиот светски производител на вакцини

Голем пожар избувна денес во Индискиот институт за серуми (SII), фабрика за производство на вакцини во градот Пуна. Пожарот го...

Македонија6 часа

Фетаи: Oд доказите произлегува дека изборот на жртвите е да се Македонци

Обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ да бидат осудени на доживатна казна затвор, на Фејзи Азири да му биде...

Македонија8 часа

Собранието го изгласа законот за попис

По 19 години, во април ќе се одржи попис на населението во земјата. Собрането денеска со 62 гласа „за“, без...

Македонија9 часа

Брнабиќ: Ќе помогнеме вакцините на „Фајзер“ да се регистрираат во Северна Македонија

Српската премиерка Ана Брнабиќ за ТВ „Хепи“ изјави дека земјата е подготвена да испрати 8.000 вакцини во Северна Македонија и...

Македонија9 часа

Фетаи за „Монструм“: Овој чин не заслужува ништо помалку од доживотен затвор

Обвинителката Фатиме Фетаи, која го застапува случајот „Монструм“, преку анализа на доказите, односно вештачењата и сведочењата, му докажуваше на судот...

Македонија10 часа

Матурантите ја бојкотираат наставата

Матурантите го бојкотираат почетокот на второто поллугодие. Тие бараат да полагаат два наместо четири предмети од државната матура. „Сојузот на...

Македонија11 час

Обвинение за двајцата насилници што во автобус на ЈСП се закануваа дека ќе стават патници во киселина

Скопското Обвинителство поднесе обвинение за двајцата насилници што во автобус на ЈСП се закануваа дека ќе стават патници во киселина....

Македонија11 час

Министерството за здравство: Состојбата со коронавирусот е стабилна

Во согласност со неделните извештаи на Институтот за јавно здравје за изминатиот месец се бележи стабилизација на епидемијата во земјата,...

Европа12 часа

Научниците од „Оксфорд“ подготвуваат вакцина против новите видови коронавирус

Научниците од Универзитетот „Оксфорд“ се подготвуваат што побргу да произведат нови верзии на вакцина, кои ќе може да се борат...

Свет12 часа

По 10 години, демократите ја презедоа контролата и над Сенатот на САД

Тројца нови американски сенатори вчера положија заклетва непосредно по преземањето на претседателската функција на Џозеф Бајден давајќи ѝ на Демократската...

Македонија13 часа

Угостителските објекти од денеска ќе работат до 21 часот

Рестораните и другите угостителски објекти од денеска, наместо до 18, ќе работат до 21 часот. Во согласност со одлуката на...

Свет1 ден

Кина воведе санкции кон 28 лица од администрацијата на Трамп

Кина воведе санкции за 28 лица од Америка, вклучително и официјални лица од поранешната администрација на Трамп, обвинувајќи ги за...

Свет1 ден

(Видео) По силната експлозија во Мадрид, една зграда е уништена, три лица загинаа

Една зграда е уништена, а околните згради се оштетени од силната експлозија којашто се случи недалеку од туристичката атракција Пуерта...

Свет1 ден

(Видео) Бајден положи заклетва: Победи демократијата

„Ова е ден на Америка, ден на демократија. Денес го славиме триумфот не на кандидатот, туку на пораката. Се слушна...

Македонија1 ден

Заев: Пописот е статистички процес неопходен за креирање на долгорочни развојни економски политики

„Остануваме целосно посветени на успешното спроведување на пописот, на неговата афирмација во делот на спроведување и поддршка на самиот попис....

Спорт1 ден

Финишот на полувремето кобен за Македонија, пораз од Словенија со 21-31

Добрите две третини од првиот дел од мечот меѓу Македонија и Словенија во рамки на главната фаза од ракометниот Мундијал...

Економија1 ден

Стратешкиот чешки инвеститор Групацијата АРИКОМА најавува продолжување на инвестициите во ИТ- експерти во Северна Македонија

На денешната прес-конференција присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г. Зоран Заев, амбасадорот на Република Чешка во Република...

Досие