Економија
„Дојче телеком“ во целост го превзема „ПТЦ“

„Дојче телеком“ денес соопшти дека го решил долготрајниот спор со француската компанија „Вивенди“ и полската „Електримом“, со што ги реши пречките за целосно преземање на полскиот мобилен оператор „ПТЦ“ (Polska Telefonia Cyfrowa).Спорот се водеше во врска со 48 отсто од уделот во полскиот оператор, во период кога „Дојче телеком“ веќе имаше 49 отсто од полскиот оператор.Со потпишувањето на денешниот договор, „Дојче телеком“ ќе им плати вкупно 1,4 милијарди евра на „Вивенди“ и „Електримом“.Со овој Договор „Дојче телеком“ ќе стане 100% сопственик на „ПТЦ“. Последните 3 отсто ќе ги стекне со преземање на два холдинга, кои се во сопственост на „Вивенди“ и „Електримом“. Во Македонија „Дојче телеком“, преку „Маџар телеком“ е сопственик на групацијата „Македонски телекомуникации“. /крај/пд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
(Видео) Кузеска: Потрошувачката кошничка порасна за 836 денари, власта нема решение за високите цени

Поминаа десет месеци одкако ВМРО-ДПМНЕ е на власт. Десет месеци беа доволни да излезе на површина неспособноста, неодговорноста и целосната незаинтересираност на оваа Влада за животниот стандард на граѓаните. Македонија економски не оди напред како што ветуваше ДПМНЕ во кампањата. Економијата е заглавена, стандардот е урнисан, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Владата, како што вели, наместо конкретни решенија, нуди измами и шминка.
„Потрошувачката кошничка само во март пораснала за нови 836 денари. Тоа е рекорден скок кој директно ги погодува семејните буџети. Денес, за да се покрие синдикалната минимална кошничка, потребни се речиси три минимални плати. Тоа значи дека едно семејство кое живее од минимална плата не може да си ги дозволи ниту најосновните трошоци – храна, лекови, сметки. Ниту задоцнетите замрзнати маржи од 10% не дадоа значителен ефект во контролата на растот на цените“.
Може да заклучиме, додава Кузеска, дека Владата во својата прва година од владеење јасно им покажа на граѓаните дека ниту планира да ги штити од идните економски ризици, ниту има јасен план што ќе прави за да го подобрува стандардот.
Оценува дека ова е економски најнеспособната Влада која сме ја имале.
„Платите нема да растат како што растеа до минатата година, минималната плата нема да расте, а за цените Владата нема соодветна стратегија. Резултатот е оној кој го гледаме, систематско осиромашување на граѓаните. Владата најавува нов начин на пресметка на кошничката – наместо за четиричлено, ќе се пресметува за тричлено семејство, а одморот во странство и овошјето ќе се третира како луксуз и ќе се исклучат од калкулацијата. Тоа е класичен обид да се манипулира со реалноста. Наместо да ги намалат трошоците на живот, тие ја менуваат методологијата за да ја сокријат вистината. Се што се прави од страна на Мицкоски и ДПМНЕ е во насока за замајување на јавноста, ставање на розови наочари за сите поубаво да гледаат, наместо поубаво да живеат. Оваа Влада е толку многу фокусирана на лажен ПР, што нема време да се занимава со реални политики и да се справи со реалноста. Ветуваа економски бум, зборуваа дека Македонија ќе биде економски тигар, но само за една година покжаа дека немаат капацитет нитува да ја направат економско маче. Нема инвестиции, нема раст, нема визија“.
Како што вели Кузеска, проекцијата на Меѓународниот монетарен фонд го потврдува тоа.
„Дека работите економски не одат, се потврдува и преку низа други постапки на Владата. Зошто со месеци не се прави поврат на ДДВ? Фирмите се жалат дека повратот е целосно закочен. Зошто се доцни со платите за вработените во администрацијата? Зошто нема реализација на унгарскиот кредит за кој граѓаните плаќаат дебела камата“.
СДСМ, како што најави Кузеска, нема да молчи пред оваа економска неправда.
Бараат веднаш да се преземат мерки за справување со ценовната криза. Да се обезбеди раст на минималната и просечната плата, во чекор со растот на трошоците за живот. Да се вложува во продуктивноста, во капитални проекти, во реална економија, а не, како што вели, во лажни пресови и лажни слики.
Економија
Трговците мора да ги прекинат нефер практиките, следуваат почести контроли, предупредува Комисијата за заштита на конкуренцијата

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) упатува јавно предупредување и повик до сите големи трговски синџири, супермаркети, доставувачи и дистрибутери да постапуваат строго во согласност со Законот за забрана на нефер трговските практики со цел да се обезбеди фер, транспарентен и законски пазар во интерес на економијата, производителите и потрошувачите.
Комисијата потсетува дека законот забранува злоупотреба на значителна пазарна моќ, вклучувајќи еднострани промени на договори, неосновани одложувања на плаќања, принудно враќање на производи, наметнати трошоци и други условувања, кои ја нарушуваат рамноправната позиција на учесниците на пазарот. Секој трговец што врши притисок врз доставувач, го уценува или диктира услови надвор од законскиот и договорниот основ, е предмет на прекршочна постапка и ризикува сериозни санкции.
„Законот е јасен – фер трговија не е опција, туку обврска. Ние не се бориме против бизнисот, туку против неправдата. Онаму каде што се наоѓа злоупотреба, Комисијата ќе постапува. Но, целта не е репресија, туку воспоставување култура на фер пазарна игра“, изјави претседателката на КЗК, Малинка Силјановска-Николиќ. Таа повика на одговорност, саморегулација и конструктивна соработка потенцирајќи дека најсилната економија е онаа во која сите играат според истите правила.
„Комисијата не е непријател на бизнисот, туку чувар на правилата. Односите меѓу трговците и доставувачите мора да бидат базирани на рамноправност, предвидливост и договор, а не на притисок, уцени и неформални условувања. Само на тој начин може да се создаде стабилен пазар во кој сите имаат еднаква шанса да успеат“, додаде Николиќ.
Комисијата ги охрабрува сите економски субјекти што се чувствуваат изложени на нефер услови или притисоци да поднесат пријава. Тие ќе бидат третирани со сериозност, професионалност и целосна заштита на идентитетот.
Николиќ најави дека во периодот што следува КЗК ќе продолжи со поактивен мониторинг на трговските синџири и поголем број теренски контроли, отворен дијалог со доставувачи и комори за препознавање нефер практики, правна заштита и постапки против компании што систематски го нарушуваат законот и со едукација на економските субјекти преку јавно достапни упатства, анализи и препораки.
Економија
Ангеловска-Бежоска на пролетните средби во Вашингтон: Носителите на политиките ќе разговараат за светската економија

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводат делегацијата којашто ќе ја претставува нашата земја на Пролетните средби на групацијата на Светската банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), коишто се одржуваат во Вашингтон, САД. Во состав на делегацијата учествуваат и вицегувернерите Фадил Бајрами и Ана Митреска.
Гувернерката и вицегувернерите веќе остварија средба со претставници на Федералните резерви на Њујорк ‒ најголемата банка во американскиот ФЕД. Разговараа за уште подобра соработка, особено за плаќања и трансакции во долари, како и за начините за управување со државните хартии од вредност. Се зборуваше и за заедничка работа во области како што се монетарната политика, управувањето со девизните резерви и ризиците и новите трендови во банкарството.
Гувернерката со вицегувернерите ќе имаат повеќе состаноци со претставници на ММФ. Делегацијата треба да оствари средби со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, извршниот и алтернативниот извршен директор, Хероен Клик и Марникс ван Риј, како и со тимот на ММФ за нашата земја. Гувернерката и вицегувернерите ќе остварат средби и со претставниците на одделите за статистика, за монетарни и капитални пазари и правни работи при ММФ, на кои ќе се споделат досегашните достигнувања од заемната успешна соработка.
Во рамките на Пролетните средби, делегацијата ќе одржи состаноци и со високи претставници на Светската банка, заменик-претседателката на СБ, Антонела Басани, директорката за Западен Балкан во СБ, Шијаочинг Ју. Делегацијата ќе присуствува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата.
Гувернерката и вицегувернерите ќе имаат средби и со претставници на Алијансата за финансиска вклученост (АФИ), заради размена на искуства за засилување на активностите за финансиска и родова вклученост. Претставниците на Народната банка ќе учествуваат и на тркалезната маса на Светската банка за зајакнување на регионалната соработка во доменот платежните системи.
Пролетните средби се значајна можност за носителите на економските политики од целиот свет да разговараат за важни и актуелни теми. Особена важност имаат состаноците на Светската банка и ММФ, каде што се разгледува напредокот во нивната работа. Темата оваа година е: „Работа – патот до успехот“.