Економија
Индија и Кина до 2015 ќе остварат трговска размена од 100 милијарди долари
Индија и Кина постигнаа нов договор за трговска размена чијашто вредност до 2015 година треба да достигне 100 милијарди долари, пренесува BBC.Двете страни се согласиле да преземат мерки за промовирање на поголем извоз од Индија во Кина за да се намали трговскиот дефицит на Индија.На првиот ден од посетата на кинескиот премиер Вен Џибао на Индијакомпаниите веќе потпишале бизнис зделки вредни 16 милијарди долари.Во заедничкото коминике потпишано од двете страни, се вели дека тие се согласиле да се прошири соработката во областа на инфраструктурата, животната средина, информатичката технологија, телекомуникациите, инвестициите и финансиите.Постигнати се околу 50 договори за енергетика, телекомуникации, челик, храна и морски производи во вредност од 16 милијарди долари на крајот од бизнис конференцијата во Делхи на која присуствувал и кинескиот премиер.Кина е најголем трговски партнер на Индија.Овие бизнис зделки ја надминуваат и вредноста на договорите што ги потпишаа индиските и американските бизнисмени за време на неодамнешната посета на американскиот претседател Барак Обама на Индија.Џибао е последен од големиот број светски лидери кои ја посетија Индија. Тој на тридневната посета е придружуван од 400 кинески бизнисмени.Премиерите дискутирале и за голем број чувствителни прашања, вклучително и за долгогодишниот пограничен спор./крај/bbc/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

